Добро, на Бранко му одговара Љубе како кандидат за претседател, но каква е врската тука никој не знае. Кој кого ќе искористи ќе покаже времето... Но, јасно е дека Грујо прифати да биде искористен од Бранко, ти текнува ли на претседателските избори кога победи Бранко?! Ако си била тогаш член на ДПМНЕ или позната како нивен симпатизер сигурно ти дошле на врата да те повикаат да гласаш, затоа што тие избори требаше да успеат, а Бранко да биде претседател. Тогаш многу лесно можеше еднаш засекогаш да расчистиме со Бранко, но Грујо не дозволи, затоа малку сум скептичен кога ќе се прави такво поделба на Грујо од една страна и сите предводени од Бранко на друга.
Па, и лесно можам да го разберам (значи, разберам, а не и одобрам) интересот на Љубе доколку прифатил подршка од Бранко, сака човекот да биде претседател и сака да ги искористи сите шанси, но никако неможам да разберам како Грујо даде се од себе да го одржи во живот неговиот голем ’непријател’ Бранко!?