Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.335
Поени од реакции
18.208
Што би оценил за неговото менливо расположение, конкретно по спорот за името, ако земеме ете дека е вистина неговото дејство со Виножито а пропо Nord Македонија ставовите? Дека е превртлив, можеби? Кандидатот за Претседател? Опортунист, можеби?
Па то што кажав, тој е многу превртлив и ништо чудно во иднина да се здружи со Груевски, така да јас не му верувам многу и како што реков не ми е идол, но дека има мадина да јади бурек, има!
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Џони ав,ав:pos2::pos2::pos2:
Последна опомена, не директно кон тебе, туку кон сите оф-топичари топтан.

Па то што кажав, тој е многу превртлив и ништо чудно во иднина да се здружи со Груевски, така да јас не му верувам многу и како што реков не ми е идол, но дека има мадина да јади бурек, има!
Така де, ко народец се палиме и им обраќаме внимание на ликови ко Боки 13-ка, Петко или Трајко само затоа шо уживаме во кичерајскиот феномен, во каква и форма да доаѓа. Ретко кој менува канал кога ќе види како некој пцуе на ТВ, нели?

Еве ме мене, види ми го аватарот... си дозволив себеси да бидам фасцинантно изнасмеан од Латасовата насловна која ги спојува неговите врти-поп ставови кон Фрчко со ингениозниот Бифе од Тетово кој згрешил едино шо бил напален во погрешно време и со погрешна девојка и го изговорил легендарното: "Немој,не ме радуј" :)

Океј, се зезам за мојот аватар. Не ме фасцинираше кичот, туку точно тој став го делам и јас и си дозволив превземање на идејата на Вечер, иако не ги почитувам колумните на Латас кои во принцип не се разликуваат многу од тие на Фрчко, освен во маскирањето на одредени изрази. Целта е иста.

Интелектуален дебилизам на кило.

И, нема да гласам за него.
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Фрчковски (иако е многу умен и многу начитан) е најсамобендисаниот и најциничниот политичар во Македонија после осамостојувањето... Иванов е човек без никаква елоквенција и кој што само ќе игра улога на марионетка во рацете на пастирот... Останатите кандидати немаат никаква шанса, најмногу заради тоа што не се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ...
Од тие причини, избориве не можат да донесат ништо добро...
А веројатен победник е Ѓорѓе Иванов и тоа само поради рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ!
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Имајќи во предвид колку нарцисоидно изгледа да се цитираш сам себе си, и колку грешно може некој партиец да ме сфати, дозволете да речам: Немој, не ме радуј Серпико!

*Е, и да додадам: колку Бучковистички изгледа за себе да збориш во трето лице еднина :)))
Кој успеа тогаш да не избрише од документите (колумните) кои ги пласира овој фин господин? Пак ли е Грција?
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=34012

Молим лепо.
И, благодарам, не.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Ако ако гласајте за вмрОВЦИТЕ коа ќе ни лупнат шпон у 2014....Цццц не учи овој народ и не учи
 
DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.913
Поени од реакции
166
D

Deleted member 12196

Гостин
Кои ќе влезат во вториот круг? Според мене Иванов е сигурен, а за второто место ќе се борат Бошковски, Фрчковски и можеби некој од албанските кандидати.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
дел од колумна на фрчковски посветена на бранко , 2006 дневник,18 март ``дневник``

Отсекогаш меѓу галичани се водела своевидна категоријална дебата за тоа дали некој имал ОКОЛЧАВА или ДУДУЉАВА глава.
Околчава би значело тркалезна, тепсиеста, питулеста или полна месечина, а дудуљава би значело елипсеста, издолжена, оптегната и сл.
Нам, драги мои, ни претстои период во кој ќе н$ гњават една дудуљава и две околчави глави во политиката, што ич не ми се допаѓа. Бане (шахистот), Хари и Бучко - која гњаважа!
Особено одбивна кај овој политички блок е лошата византиска политика на партиско дисциплинирање. Ширењето афери дека се случува ?расцепп? или длабока криза или ?карањее? помеѓу сдсмовците - се магла. Тоа е блок што до крај ќе ја цеди власта, воопшто не берете гајле за тоа
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
544
Поени од реакции
18

Бугарите пак си играат курташак
Ја овој би го предложил за кандидат за претседател:pos2: Најфаца е шо?

А иначе за Формер Социјалдемократик Ѓорги Иванов Продадено Душковски кој едвај и професор стана благодарение на Фрчко да имаше минус гласови би дал такви. Па добро бе ВМРО-овци да му ваквам ваквото....имате рејтинг...имате се...зарем моравте некој ФОРМЕР СДСМ да предложите? Очигледно не е се во рејтингот а?
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Во секој случај, ФОКУС го објавува отвореното писмо на бившата сопруга на Љубомир Д. Фрчкоски, Алида која преку обраќањето до газдата на АЛСАТ, Веби Велија или Бабо како што го нарекува, но и со прашања до екс сопругот, професорот кој покрај редовната колумна во Дневник бил и редовен аналитичар на оваа национална ТВ, го разголува огромното лицемерие што со неподнослива леснотија се вгнездило во јавната реч.

Co оглед на тоа, што новата сопруга на Фрчкоски, Ирена се појавува како правен застапник или адвокат на Алсат за претепаниот снимател Игор Љубовчевски, а и да не бидеме обвинети дека навлегуваме во брачните расправии, сепак ги обезбедивме и записниците од МВР или ОВР 'Кисела Вода' од кои јасно се гледа дека на 9 февруари 2004 година 'од Градската општа болница им пријавиле дека НН женско лице барало лекарски преглед, бидејќи било малтретирано во стан во нас. Кисела Вода'.

Инспекторот потоа ќе запише дека жената според нејзината изјава дадена во болницата 'била од Љубомир фатена за врат и влечена за косата и во еден момент била удрена со бокс по челото, при што се гледале видливи повреди и 'црвенило'.

И уште ќе евидентира дека вечерта не успеал да земе изјава од пријавениот, затоа што овој не ги примил со објаснување дека 'било доцна'.

Сепак, следниот ден ќе даде поинаква верзија дека 'таа го фатила за врат, а потоа тој и удрил шамар и настанала турканица' оправдувајќи се со разводот кој бил во тек.

Во секој случај, дегутантно е денес Фрчкоски да се згрозува од 'тепањето жени во парламентот'.
Инаку, писмото на Алида, кое го објавуваме во продолжение го објави и дневниот весник на албански јазик 'Коха'.

РЕКВИЕМ 3А ЕДЕН СОН

Некои го мразат, други го презираат, некои пак го одбегнуваат.
Претпоставувам чувствува се поголема осама и желба за родниот крај.
Взаемното пријателство го потхранува мојата осаменост, падури и го засакав малку. Неговото чувство за аналитичарот го вообличи со изразот 'Сакав да се запознаеме, за да видам која тоа Албанка си допуштила да живее толку долго со онаков кретен.'
He допуштам тоа да ме повреди предлабоко, го пропуштам низ себе.

Се оддалечивме неочекувано, запрепастувачки за мене.
Се обидувам да ја одвојам тагата од стварноста, но иако чувствувам дека ја знам вистината, тешко се ослободив од опчинетоста во која се втурнав себе си, во потрага по својот јунак.
Го следам Ал-сат и понатаму, поради Бабо секако, но и поради беспрекорниот албански, што ми овозможува наједноставно да го совладам.

Гледам и не можам да верувам, редовниот аналитичар на Ал-сат, професорот по меѓународно право е ригиден при својата изјава апропо неодамнешното случување во македонскиот парламент.
Неговите високи морални и етички критериуми се противат на појавата на тепање на жени во парламентот.

Колкава количина лицемерие Ви е потребна професоре за да промовирате лага со ваква неподнослива леснотија?
Колку невкусно однесување!
Но дали исто така не се согласувате и со тепање на жени во хаустори?

Дали тоа значи дека не се согласувате со тепањето на извесни категории на жени, а задржувате релаксиран став во однос на тепањето на некоја друга категорија, во која што би можеледа се стават сопругите, или љубовницата на пример.

Дали се согласувате со физичкиот атак над жена сo рана или можеби и во поодмината фаза на бременост?

Дали можеби се согласувате со физички атак во спална соба, но дури откако претходно ќе им наложите на децата да се тргнат во некоја од другите соби (многу педагошки промислено).

Дали вашето морално битие го осудува тепањето на деветгодишно момче, палаво малку повеќе отколку вообичаено; неговото однесување не ја зема во обзир Вашата состојба на хронична дезориентираност, при што тепањето станува неизбежно, бидејќи Вие можеби не сте биле во состојба да се соземете?

Притоа би можеле да употребите стап од галички дрен, бидејќи се знае, галичкиот поседува најубава цврстина!

Дали би се сложиле со аргументите што евентуално ги приложиле на записник во надлежната полициска станица некои жени, за да бидат потврда за тоа дека биле
истепани од маж-насилник?

Ал-сат, Али Алиу, Али Ахмети, Али Баба и четириесетте разбојници, Бабо и тато Бобо...
...си беше еднаш едно момче во татковата куќа, кое што сонуваше златни соништа бидејќи не знаеше ништо за животот.
Но, таткото го напушти, оставајќи му ги своите сомнителни заслуги и
мрачниот терет на душата...

He го заборавам никогаш мигот кога моето момченце седи простум наспрема мене, изгаснато, немо, далечно, без траг од радоста која што вообичаено зрачи од него, дури и без тага без ништо, распарчено.
My зборувам убави нешта, а би јачела од плачење.
'Насмеј се, зборувај ми за гулабот што надлетува над твојот сон...'
И потоа едно време молчиме, ништо не зборуваме.
-Каде е сонцето?, ме запраша еднаш одамна.
-Зад облаците.

■Дали е секогаш таму? И кога е облачно?
■Секогаш.
■Можеме ли да го видиме доколку се качиме на врвот на тополата?
-He можеме.
■А на кулата?
-He можеме. Над кулата има облак.
■А кога би се пробила дупка во облакот?
Навистина, зошто луѓето не пробијат дупка во облакот поради момчињата кои што го сакаат сонцето?

И што потоа, драг мој Бабо?
Доколку пребирливоста бара беспрекорност во млака вода, тука е секогаш Љубомир.!

Co почит
Алида Фрчкоски
Авторот е жена, правник и аналитичар

п.с
Писмото му го посветувам на момчето кое во познатите настани во Битпазар остана без неговиот татко.

извор
http://my.opera.com/macedonians/blog/show.dml/1661756

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Пеце, ќе ја покажете бе аман таа членската на Иванов од СДСМ? 10ти пат молам...
 
Па мажиште...како! Е сеа таа што интегрирала 300 фрки само за да го заглаи чоекот ако јадела еден шамар...тоа си е нејзин проблем. Такви примери имало милион и во ниеден не излегол виновен тој што е обвинет...туку све понежниот пол се обидува да инсинуира клевета.

А за ФСД Иванов јас одговорно тврдам дека човекот беше наш член, затоа што во партијата сум веќе 7 години...и ги знам членовите кои влегле и излегле. Ѓорги искочи поради неговиот брат цариник кој имаше некој предрасуди со седиштето на Царина и заради тоа се налутија и тој и брат му, двајцата Валандовци и излегоа од партијата. Тоа е се. Практично
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
А за ФСД Иванов јас одговорно тврдам дека човекот беше наш член, затоа што во партијата сум веќе 7 години...и ги знам членовите кои влегле и излегле.
Ајде бе машко, просветли не со еден скен од членската на Ѓ.И. Не тврди „одговорно“, тоа воопшто нема никаква релевантност. Ако си седум години во тоа глуфчото дувло, или не ти, ВООПШТО ако имаа таков документ дека Иванов бил член на СДС, ЌЕ ГО ПОКАЖЕА!

Што не го покажете? Или како и обично, ЛАЖЕТЕ за секоја ебена работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom