дел од колумна на фрчковски посветена на бранко , 2006 дневник,18 март ``дневник``
Отсекогаш меѓу галичани се водела своевидна категоријална дебата за тоа дали некој имал ОКОЛЧАВА или ДУДУЉАВА глава.
Околчава би значело тркалезна, тепсиеста, питулеста или полна месечина, а дудуљава би значело елипсеста, издолжена, оптегната и сл.
Нам, драги мои, ни претстои период во кој ќе н$ гњават една дудуљава и две околчави глави во политиката, што ич не ми се допаѓа. Бане (шахистот), Хари и Бучко - која гњаважа!
Особено одбивна кај овој политички блок е лошата византиска политика на партиско дисциплинирање. Ширењето афери дека се случува ?расцепп? или длабока криза или ?карањее? помеѓу сдсмовците - се магла. Тоа е блок што до крај ќе ја цеди власта, воопшто не берете гајле за тоа