Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
кој македонец би гласал ваков антимакедонец, па кој е тој бе да се залага за промена на име не го смисли тој името па сега да има право да го мењава како што му одговара
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Баш сега отворив Шпиц...
Невзат Халили претседателски кандидат на ПДП....

И ми се стемни... аман бе... и ќоро и сакато стана кандидат... Коа и овој стана кандидат со све ги прешкртувам избориве
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.020
Поени од реакции
1.135
Баш сега отворив Шпиц...
Невзат Халили претседателски кандидат на ПДП....

И ми се стемни... аман бе... и ќоро и сакато стана кандидат... Коа и овој стана кандидат со све ги прешкртувам избориве
Уште боки 13ка ни фали да се кандидира.. Па дај да мму преложиме, шо се 10 000 потписи ќе собери :)

На оваа педерска поликика од надвор, може да се спротистави само педер.. :)
 
G

grande-juve

Гостин
Иде циркус во вашиот град
Автор: Александар Дамовски

Ја забележавте ли, драги мои, „бистроќата“ во изјавата на нашиот претседател Б. Црвенковски, кога дојден од Атина заклучи во микрофон дека... „Грците нè уценувале за името...”??!! Па дали „је то могуче“, па „није ваљда“? По петнаесет години водење некаква политика во тажна Македонија, претседник се „је одважио“ и конечно разбрал! Па и ако е од „електрик мен“ ова е сепак премногу! И што во оваа пригода, драги мои, да му порачаме на нашиот „вољен“ претседник: „Седи ди си, јер и за ди си ниси“.

Ова е еден одважен и полн со бистроќа извадок од една надобудна и академски издржана анализа на ликот и делото на „папата“ Црвенковски, кој, седејќи „ди је“, својот кандидат за претседател го најде токму во авторот на горниве редови, неговиот вечен непартиски експерт и момок за сè, дами и господа - Љубомир Данаилов Фрчкоски!

Ваквите шалтања во ставовите и наклонетостите, како ова кај Фрчкоски, кај нашите политичари и не се нешто ново, па во неговиот избор за претседателски кандидат на СДСМ навистина не се проблем неговиот егзибиционизам и недоследност.

В истинскиот проблем во ова ново и ненадејно партнерство, кое може негативно да влијае на изборите, е самиот СДСМ. Со сите нивни досегашни потези поврзани за изборите тие докажуваат дека, прво, не ги сфаќаат изборите сериозно, второ, кандидатите ги вадат од мал мозок, со сосема поинакви цели од очекуваните, и трето, и стандардно, мислат прво на себе, па после на државата. Прво со циркусот што го изведоа местејќи го Срѓан Керим, а сега и со официјалнава кандидатура на Фрчкоски, сдсмовците докажуваат дека една и единствена цел им е колку што може повеќе да се извалкаат и да се деградираат и изборите, и институцијата претседател, и кандидатите. Кој би бил можниот мајстор за постигнување на една таква цел? Кој друг ако не Фрчко. Вистинскиот човек за вистински времиња. Фрчкоски и со една од последните свои колумни, за колегата од Правниот факултет, а сега и директен конкурент за претседател, Ѓорѓе Иванов, визионерски го постави патот по кој ќе се одвива кампањата. Кој кому носел бурек. Кој кому му ја пеглал кошулата и му го поправал радиото. Кој колку напишал од заедничката книга. Со овој, за него својствен избор на централните поенти во дебатите (буреци, кошули, радија), Фрчкоски ќе потегне лавина од недостоинствени изборни надмудрувања: кој имал штипка на панталоните кога возел велосипед одејќи кон работа; кој зад зграда бил статива и не играл фудбал или кошарка; кој колку заработил од набавките на липицанери, очила „рејбан“ и преводи на книги; кој бил во очајна потрага по пријателството на сестра Доста за да се спаси од евентуалните истраги; дали навистина изборот на поранешниот претседател Трајковски и на Димовска за преговарач на името бил Фрчкоски, и дали навистина на тоа остро се спротивставиле Бранко Црвенковски и Илинка Митрева, членови токму на партијата што пред два дена официјално го предложи професорот за свој претседателски кандидат. Во кампањата ќе се докажува кој е вистинскиот уставотворец и ќе се зборува за Уставот со фабричка грешка, како што Црвенковски го оквалификува државното дело на Фрчкоски, македонскиот устав. Добар материјал за едни вакви избори по терк на СДСМ се и неговите успеси и неуспеси и како прв пендрек и како шеф на дипломатијата; словенизацијата и десловенизацијата на македонскиот код; кој е виновен за атентатот врз Киро Глигоров; кој тепа жени; за Грилакис, за ќуповите, часовниците ролекс, за парите; за тоа кој каков брат има...

Во целиот свет да бараа толку контроверзна личност, која толку успешно ќе ги претвори претстојните избори во парада и арена за ниски пресметки, немаше да најдат посовршен за тоа од Фрчкоски. Има тука многу теми за една целосна сеирска посветеност на претседателските избори од страна на СДСМ и нејзиниот шеф Црвенковски. Денес навистина тешко дека некој може да му поверува на зборовите на гласноговорникот на Црвенковски, Зоран Заев, дека тие го избрале Фрчкоски за успешно да ја промовира Македонија и дека избрале кандидат што ќе им биде посветен на државните интереси. Како што им беше посветен по атентатот врз претседателот Глигоров? Или кога го носеше грчкиот шпион Грилакис во кабинетот на Глигоров? Или кога правеше сплетки со набавките со липицанерите или полициските рејбанки? На кое дереџе треба да е падната една ваква сериозна и голема партија, барем каква што беше едно време, дамнешно, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кога вака реши да се мајтапи со претседателските избори? Тоа се истите партијци за кои Фрчкоски постојано пишуваше дека се „траљави“, дека „поим немаат како се бори за идентитетот на сопствената држава“ (е, овој дел, името и идентитетот, исто така ветува интересна кампања за претседател. Како и за сè друго, и за името, досега Фрчкоски има понудено барем десетина различни „експертски“ мислења - од нема менување на името, преку двојна формула за името, сè до ајде да прифатиме пазарење.)

Вториот проблем за нашите кутри претстојни избори во ваков контекст пак не е Фрчкоски, туку ВМРО-ДПМНЕ. Како што реков, плодното минато и стилот на борба на Фрчкоски ќе предизвикаат лавина ниски пресметки. Штабот на Иванов, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, сесрдно ќе се навлече и ќе ја прифати таа игра (вмровците го покажуваат тоа со постојаното навлекување и склоност кон маалски кавги и говорнички озборувања пред целиот народ). А токму тоа е она што го сака Црвенковски - целосна деградација на кандидатите, на изборите и на институцијата претседател на државата.

Работата е како да се избегне сето ова. Како човек да се заштити од безобразниот и безобѕирен начин на водење кампања чија цел не е победа, туку бламажа. Бламажа на државата.


Пазарлаци и слични марифети
Автор: Ристо Никовски

Пред повеќе години, скоро немаше човек во државава што не сметаше дека следниот претседател ќе ни биде Тупурковски. И јас не бев исклучок. Сега, не случајно и на сличен начин, за кандидат се наметна Керим. Неговата кандидатура, очигледно поддржана и од надвор, се промовираше долго време и на суптилен начин. Освен добро завршената работа во ООН, на јавноста и се пласираа разни одликувања, прослава на роденден, средби со светски глумци... Се разбира, сè со јасно одредена цел.

И овој пат се покажа дека тоа било сметка без крчмар. Пријателот Дуле со право коментира дека контроверзно е објаснувањето на Керим дека се повлекува бидејќи не сакал да биде дел од разни партиски пазарлаци! Нели и самиот предлагал четирите партиски лидери да се договорат (читај: испазарат), ама за него како кандидат! Значи, пазарлакот е добар само ако е од корист, заклучува тој. За Дуле и изјавата на Заев дека го предложиле Керим, за да има демократски и фер-избори, не држи вода. Смета дека нема никаква логика ставот дека ако партијата на власт не го прифати нивниот предлог односно кандидат, ќе биде одговорна за евентуалните изборни нерегуларности!

Миење раце, ама без вода, би рекол народот.

Доколку опозицијата навистина и искрено сакаше договор со власта за евентуален заеднички кандидат заради, како што велат, избегнување на сите изборни нерегуларности, тогаш тоа се постигнува на сосема поинаков начин. Тоа не се прави јавно и без да се консултира предложениот кандидат, туку со дискретни меѓупартиски контакти и консултации. Прво се испитува пулсот на другите, на маса се ставаат сите аргументи и се елаборираат релевантните предизборни процедури, заради постигнување оптимални решенија од заеднички интерес. Сè заедно, примитивно политикантство, кое никому не му служи на чест.

Уште поинтересни се ниските удари од колумната на Фрчкоски во „Дневник“. Веројатно несвесно, тие откриваат длабока лична повреденост од кандидатурата на Иванов. Како што изгледа, тој смета дека џемперот нему поарно би му стоел. Останува само нејасно дали со радиото што му го поправил, Фрчкоски сакал да ја покаже и сестраноста на Иванов? Навистина, за да се поправи радио се потребни и знаење и способност. Бурек може да носи кој било.

Јасна и аргументирана е и реакцијата на Шкариќ на колумната во „Дневник“, дека Фрчкоски лаже. Одлична му е поентата дека оштетата, од судската постапка, за изнесени невистини и лични навреди, ќе ја намени за купување нов „стенвеј“ за културните потреби на Републиката.
 
S

stereo m'c

Гостин
ајде ајде нека победи најдобриот, а и време е за поголеми промени во државава.....доста беше од едни исти...секој 4 години исти приказни исти лаги...али дур има офци ке има и волна :pos2:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
Иде циркус во вашиот град
Автор: Александар Дамовски

Ја забележавте ли, драги мои, „бистроќата“ во изјавата на нашиот претседател Б. Црвенковски, кога дојден од Атина заклучи во микрофон дека... „Грците нè уценувале за името...”??!! Па дали „је то могуче“, па „није ваљда“? По петнаесет години водење некаква политика во тажна Македонија, претседник се „је одважио“ и конечно разбрал! Па и ако е од „електрик мен“ ова е сепак премногу! И што во оваа пригода, драги мои, да му порачаме на нашиот „вољен“ претседник: „Седи ди си, јер и за ди си ниси“.

Вистинскиот човек за вистински времиња. Фрчкоски и со една од последните свои колумни, за колегата од Правниот факултет, а сега и директен конкурент за претседател, Ѓорѓе Иванов, визионерски го постави патот по кој ќе се одвива кампањата. Кој кому носел бурек. Кој кому му ја пеглал кошулата и му го поправал радиото. Кој колку напишал од заедничката книга. Со овој, за него својствен избор на централните поенти во дебатите (буреци, кошули, радија), Фрчкоски ќе потегне лавина од недостоинствени изборни надмудрувања: кој имал штипка на панталоните кога возел велосипед одејќи кон работа; кој зад зграда бил статива и не играл фудбал или кошарка; кој колку заработил од набавките на липицанери, очила „рејбан“ и преводи на книги; кој бил во очајна потрага по пријателството на сестра Доста за да се спаси од евентуалните истраги; дали навистина изборот на поранешниот претседател Трајковски и на Димовска за преговарач на името бил Фрчкоски, и дали навистина на тоа остро се спротивставиле Бранко Црвенковски и Илинка Митрева, членови токму на партијата што пред два дена официјално го предложи професорот за свој претседателски кандидат. Во кампањата ќе се докажува кој е вистинскиот уставотворец и ќе се зборува за Уставот со фабричка грешка, како што Црвенковски го оквалификува државното дело на Фрчкоски, македонскиот устав. Добар материјал за едни вакви избори по терк на СДСМ се и неговите успеси и неуспеси и како прв пендрек и како шеф на дипломатијата; словенизацијата и десловенизацијата на македонскиот код; кој е виновен за атентатот врз Киро Глигоров; кој тепа жени; за Грилакис, за ќуповите, часовниците ролекс, за парите; за тоа кој каков брат има...

Во целиот свет да бараа толку контроверзна личност, која толку успешно ќе ги претвори претстојните избори во парада и арена за ниски пресметки, немаше да најдат посовршен за тоа од Фрчкоски.

...А токму тоа е она што го сака Црвенковски - целосна деградација на кандидатите, на изборите и на институцијата претседател на државата.

Добро ќе беше да го напишеш изворот. Авторот ја погодил темата, последната колумна на Фрчко покажува дека иако овој пат имаме високо образовани интелектуалци за кандидати, кампањата ќе се свлечка низ калта по којзнае кој пат, па наместо за суштински прашања ќе се дискутира еве за вакви. Се е подготвено за сеир, купете си пуканки и кока кола, или што и да е што практикувате во вакви пригоди, и шоуто може да започне...
 
G

grande-juve

Гостин
Добро ќе беше да го напишеш изворот. Авторот ја погодил темата, последната колумна на Фрчко покажува дека иако овој пат имаме високо образовани интелектуалци за кандидати, кампањата ќе се свлечка низ калта по којзнае кој пат, па наместо за суштински прашања ќе се дискутира еве за вакви. Се е подготвено за сеир, купете си пуканки и кока кола, или што и да е што практикувате во вакви пригоди, и шоуто може да започне...
денешна нова македонија
 
G

grande-juve

Гостин
извадок од обраќањето на фрчко на конвенцијата на сдсг од денешен утрински весник


Наспроти политиката која нашето минато го врзува за антиката, Фрчкоски, чие обраќање беше прекинувано со бурни аплаузи, рече: „Македонците имаат идентитет. Не ни треба ново кодирање на кодот на Македонците. Ние сме Македонци, не сме македоноиди“.

Истовремено, на своите политички неистомисленици им порача дека нема да помине десловенизацијата која ја заговараат: „Нема да се откажеме од Кирил и Методиј, од Климент и Наум, од нашите преродбеници и културни корени, колку и да изгледа колосална антиката на нашите плоштади“.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
А кој уствари спомнал некаде дека Македонците сакаат да се откажат од словенското наследство кое го имаат ? Стварно не разбирам, повторно, сме сведоци на создавање на нова вештачка поделба на Македонците само за остварување на плитки партиски цели, кои нема да донесат ништо добро во вакви времиња, за жал.
 

Делија

Борец за ПРАВДА
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.196
Поени од реакции
35
извадок од обраќањето на фрчко на конвенцијата на сдсг од денешен утрински весник


Наспроти политиката која нашето минато го врзува за антиката, Фрчкоски, чие обраќање беше прекинувано со бурни аплаузи, рече: „Македонците имаат идентитет. Не ни треба ново кодирање на кодот на Македонците. Ние сме Македонци, не сме македоноиди“.

Истовремено, на своите политички неистомисленици им порача дека нема да помине десловенизацијата која ја заговараат: „Нема да се откажеме од Кирил и Методиј, од Климент и Наум, од нашите преродбеници и културни корени, колку и да изгледа колосална антиката на нашите плоштади“.
Алал да му е... Гласам за Фрчковски...!!! Нема десловенизација... НЕ...!!! :nenene: Ние сме СЛОВЕНИ, а не Античари...

А кој уствари спомнал некаде дека Македонците сакаат да се откажат од словенското наследство кое го имаат ? Стварно не разбирам, повторно, сме сведоци на создавање на нова вештачка поделба на Македонците само за остварување на плитки партиски цели, кои нема да донесат ништо добро во вакви времиња, за жал.
Поделабата ја прави Гвујо со она неговото дека сме потомци на Ацета Велики... Со тоа Македонците се делат на два дела...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Алал да му е... Гласам за Фрчковски...!!! Нема десловенизација... НЕ...!!! :nenene: Ние сме СЛОВЕНИ, а не Античари...



Поделабата ја прави Гвујо со она неговото дека сме потомци на Ацета Велики... Со тоа Македонците се делат на два дела...
и уште да бефме сеуште во Југославија најубо за тебе а? господ нека ви е напомош на тие со такво мислење ко твоето :pop:
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Поделабата ја прави Гвујо со она неговото дека сме потомци на Ацета Велики... Со тоа Македонците се делат на два дела...
Нејќам да невлегувам во темава, бидејќи ке забегаме премногу надвор од темава, и плус ќе бидам обоен како партиски симпатизер кое за мене лично е навредливо, но еве. Како прво, каде спомнал Гвујо дека Македонскиот народ кој живее тука е потомок САМО на античките Македонци и дека само ние имаме право на таа историја ? - НИКАДЕ ! Како второ, јас лично не разликувам Македонци - Антички и Македонци - Словени, Македонец си е Македонец, колку што едното е дел од целокупната Македонска историја, толку е и другата. Затоа, повторно ќе кажам, поделбата Гвујо не ја прави, ја прават оние кои повторно ги ставаат партиските интереси над националните.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Јас пошто стојам зад ставот дека секогаш треба да се има што е можно повеќеќ и поразлични ставови како стратегија за поуспешно наоѓање на пофункционални решенија, не гласав за иванов. Не дека човекот е до толку дпмне колку што сепак има доста слични ставови по некои прашања со дпмне. Не ме сфаќајт епогрешно немам сега за сега ништо против човекот, то ест моите перцепции за него како личност се сега за сега индиректни преку начинот на кој го гледаат некои блиски личности кои. Што значи неможас сеуште да развијам реална моја лична перцепција за него како личност, имам некои инидкации ама од кампањата ќе видиме дали тие мои индикации се точни или полуточни.
Затоа јас гласав на оваа анкета за Нано Ружин, и тоа не е дека сум од ЛДП или во која и да било партија. Прво и основно спротивната опција на иванов односно прфесорот со галички корени ЉДФ не би го гласал едноставно поради тоа што ептен отворено и недвосмислено покажува дека за него политиката е бизнис па кој ќе му даде повеќе пари негови и интереси и ќе застапува. Па пошто на жалост господинот Керим се откажа од целиов циркус најдобра следна опција е Ружин.
Има и проаргументи, ко прво како не етнички македонец го имаме колку толку „обама„ ефектот ама сепак се задржува мултеетничкиот карактер што во случај на избор на селмани би било понатамошно рушење на мултиетничноста и воведување на двоетничноста во државава и рушење на рамковниот договор.
Друг аргумент е дека претседателот има најдиректно влијание и обврски кон делот надворешна политика (дипломатија) и одбрана на државата како функциоја врховен командант. И тука Ружин многу добро се вклопува во сликата бидејќи нели има долгорочно дипломатско искуство и многу дипломатски контакти преку кои може полесно и поефикасно да ја врши својата дипломатска активност а од друга страна пак е компатибилен за врховен командант со оглед на тоа дека нашата воена стратегија е НАТО ориентирана а ружин пак долги години има многу добри познавања како дипломат во НАТО па така многу поефикасно би можел да ја води државата како врјховен командант кој многу добро знае како функционира алијансата во која воено-стратешки реално треба сме во момнетов.

Ама доста филозофија и правење бајрам на паметотот , бидејќи реалноста е дека за време ан изборите јас физички нема да можам да бидам присутен а со тоа и нема да можам да гласам, па така да горенаведеното е само обид на останатите да им се даде друга гледна точка при изборот кој ќе го прават на 22. март.
Освен тоа можеби кога би ја следел кампањата на иванов можеби сепак би успеал да ја доби и мојата подршка, иако непотребна со оглед на големиот број подржувачи кои ги има.

Како и да е радувај се народе, дпмне и сдс пак ви приредуваат една нова претстава која нема да биде досадна, се надминаа себеси, за првпат ќе има директни дуели помеѓу двајца професори на факултети, еден за политикологија другиот за меѓунардно право. Инаку со помош на оваа многу добра претстава која веќе започна и ќе трае добри 2 месеци ќе се одвлече јавното внимание доволно долго од какви и да било мрчења и штрајкови ради лошите економски услови и ефектот на светската економска криза, како и повеќе од доволно време за да се изгласаат некои битни закони за кои може отпосле ќе се дознае а можеби и никогаш, и најбитно ќе се создаде доволно време да не се следи процесот на евентуалното реконсолидрање и големи промени во сдс без какво и да било внимание од јавноста.
Епа народе на здравје шишање, нема да приметиш ни дека освен што те слратиле и истовремено и те избричиле, додека ти си се загледал во добриот филм што ти го пуштиле на телевизорот во берберницата
 
Член од
28 јануари 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
samo napre!!!!!!!!

DZABE SI ZBORITE KOA SE ZNAE DEKA KE POBEDI KANDIDATOT NA VMRO, ZA FRCKOVSKI NEAM KOMENTAR TOA NE SE SMETA ZA COVEK KAMOLI ZA PRECEDATEL POZZZZ:oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom