- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
кој македонец би гласал ваков антимакедонец, па кој е тој бе да се залага за промена на име не го смисли тој името па сега да има право да го мењава како што му одговара
Уште боки 13ка ни фали да се кандидира.. Па дај да мму преложиме, шо се 10 000 потписи ќе собериБаш сега отворив Шпиц...
Невзат Халили претседателски кандидат на ПДП....
И ми се стемни... аман бе... и ќоро и сакато стана кандидат... Коа и овој стана кандидат со све ги прешкртувам избориве
Иде циркус во вашиот град
Автор: Александар Дамовски
Ја забележавте ли, драги мои, „бистроќата“ во изјавата на нашиот претседател Б. Црвенковски, кога дојден од Атина заклучи во микрофон дека... „Грците нè уценувале за името...”??!! Па дали „је то могуче“, па „није ваљда“? По петнаесет години водење некаква политика во тажна Македонија, претседник се „је одважио“ и конечно разбрал! Па и ако е од „електрик мен“ ова е сепак премногу! И што во оваа пригода, драги мои, да му порачаме на нашиот „вољен“ претседник: „Седи ди си, јер и за ди си ниси“.
Вистинскиот човек за вистински времиња. Фрчкоски и со една од последните свои колумни, за колегата од Правниот факултет, а сега и директен конкурент за претседател, Ѓорѓе Иванов, визионерски го постави патот по кој ќе се одвива кампањата. Кој кому носел бурек. Кој кому му ја пеглал кошулата и му го поправал радиото. Кој колку напишал од заедничката книга. Со овој, за него својствен избор на централните поенти во дебатите (буреци, кошули, радија), Фрчкоски ќе потегне лавина од недостоинствени изборни надмудрувања: кој имал штипка на панталоните кога возел велосипед одејќи кон работа; кој зад зграда бил статива и не играл фудбал или кошарка; кој колку заработил од набавките на липицанери, очила „рејбан“ и преводи на книги; кој бил во очајна потрага по пријателството на сестра Доста за да се спаси од евентуалните истраги; дали навистина изборот на поранешниот претседател Трајковски и на Димовска за преговарач на името бил Фрчкоски, и дали навистина на тоа остро се спротивставиле Бранко Црвенковски и Илинка Митрева, членови токму на партијата што пред два дена официјално го предложи професорот за свој претседателски кандидат. Во кампањата ќе се докажува кој е вистинскиот уставотворец и ќе се зборува за Уставот со фабричка грешка, како што Црвенковски го оквалификува државното дело на Фрчкоски, македонскиот устав. Добар материјал за едни вакви избори по терк на СДСМ се и неговите успеси и неуспеси и како прв пендрек и како шеф на дипломатијата; словенизацијата и десловенизацијата на македонскиот код; кој е виновен за атентатот врз Киро Глигоров; кој тепа жени; за Грилакис, за ќуповите, часовниците ролекс, за парите; за тоа кој каков брат има...
Во целиот свет да бараа толку контроверзна личност, која толку успешно ќе ги претвори претстојните избори во парада и арена за ниски пресметки, немаше да најдат посовршен за тоа од Фрчкоски.
...А токму тоа е она што го сака Црвенковски - целосна деградација на кандидатите, на изборите и на институцијата претседател на државата.
денешна нова македонијаДобро ќе беше да го напишеш изворот. Авторот ја погодил темата, последната колумна на Фрчко покажува дека иако овој пат имаме високо образовани интелектуалци за кандидати, кампањата ќе се свлечка низ калта по којзнае кој пат, па наместо за суштински прашања ќе се дискутира еве за вакви. Се е подготвено за сеир, купете си пуканки и кока кола, или што и да е што практикувате во вакви пригоди, и шоуто може да започне...
Алал да му е... Гласам за Фрчковски...!!! Нема десловенизација... НЕ...!!! :nenene: Ние сме СЛОВЕНИ, а не Античари...извадок од обраќањето на фрчко на конвенцијата на сдсг од денешен утрински весник
Наспроти политиката која нашето минато го врзува за антиката, Фрчкоски, чие обраќање беше прекинувано со бурни аплаузи, рече: „Македонците имаат идентитет. Не ни треба ново кодирање на кодот на Македонците. Ние сме Македонци, не сме македоноиди“.
Истовремено, на своите политички неистомисленици им порача дека нема да помине десловенизацијата која ја заговараат: „Нема да се откажеме од Кирил и Методиј, од Климент и Наум, од нашите преродбеници и културни корени, колку и да изгледа колосална антиката на нашите плоштади“.
Поделабата ја прави Гвујо со она неговото дека сме потомци на Ацета Велики... Со тоа Македонците се делат на два дела...А кој уствари спомнал некаде дека Македонците сакаат да се откажат од словенското наследство кое го имаат ? Стварно не разбирам, повторно, сме сведоци на создавање на нова вештачка поделба на Македонците само за остварување на плитки партиски цели, кои нема да донесат ништо добро во вакви времиња, за жал.
и уште да бефме сеуште во Југославија најубо за тебе а? господ нека ви е напомош на тие со такво мислење ко твоето :pop:Алал да му е... Гласам за Фрчковски...!!! Нема десловенизација... НЕ...!!! :nenene: Ние сме СЛОВЕНИ, а не Античари...
Поделабата ја прави Гвујо со она неговото дека сме потомци на Ацета Велики... Со тоа Македонците се делат на два дела...
Нејќам да невлегувам во темава, бидејќи ке забегаме премногу надвор од темава, и плус ќе бидам обоен како партиски симпатизер кое за мене лично е навредливо, но еве. Како прво, каде спомнал Гвујо дека Македонскиот народ кој живее тука е потомок САМО на античките Македонци и дека само ние имаме право на таа историја ? - НИКАДЕ ! Како второ, јас лично не разликувам Македонци - Антички и Македонци - Словени, Македонец си е Македонец, колку што едното е дел од целокупната Македонска историја, толку е и другата. Затоа, повторно ќе кажам, поделбата Гвујо не ја прави, ја прават оние кои повторно ги ставаат партиските интереси над националните.Поделабата ја прави Гвујо со она неговото дека сме потомци на Ацета Велики... Со тоа Македонците се делат на два дела...