Наместо на сточарите, парите на лична сметка
Коментари (5) 23.02.2009 15:54 Ефтим Шаклев
Новиот газда на шведската млекарница бизнисменот Моше Баум, отворил нова лична сметка во НЛБ - Тутунска банка, преку која почна да профитира.
Сите пари од продажбата на јогуртот и млекото од кога е сопственик, се слеваат на оваа негова сметка. Веќе инкасирал 250.000 евра, од кои 150.000 евра чист ќар за него. 100.000 евра платил само на тетрапак за амбалажата.
Ниту денар на сточарите кои попусто чекаат да почне да го отплаќа долгот.
„Цели фамилии пропаѓаат. Стадата пропаѓаат од глад. Немаат пари да ги подмират основните потреби. Државата мора да најде одговор каде се тие пари. Зошто самите производители да не си ги добијат. Нема причина. Ако некој направил криминал, има институции што ќе го решат тој криминал, и тука нема никаква двојба во тоа“, изјави Ефтим Шаклев, претседател на асоцијација на земјоделци.
Останува нејасно зошто Моше Баум отворил нова сметка, зошто не работи преку сметката на шведската млекарница, и зошто не започнува со отплата на долгот за кој на сточарите им вети дека до крајот на февруари ќе ги исплати целосно 4 те милиони евра.
Оливер Јакимов
Владата му овозможи влез во шведската млекарница само под услов да го врати долгот и да продолжи да работи. Сточарите се вчудоневидени од пасивниот однос на Владата и инспекциите.
„Криминал огромен, многу голем, како да гледаме. Не е да сме свесни каде отидоа толку многу пари за само една година постоење. Млекото се уште се презема, пари нема, не знаеме што понатака“, вели Оливер Јакимов, млекопроизводител с. Ерџелија.
Со секој ден, со секое ново литро млеко предадено од сточарите криминалот во шведската млекарница продолжува. Феникс енерџи ја плаќа само амбалажата за јогуртот и за трајното млеко која чини 9 денари за опаковка, а разликата до продажната цена на овие два производи му е чист ќар.
Парите од продажбата наместо на сметката на „Сведмилк“ одат во неговиот џеб. Ова сето се случува пред очите на владата и на јавноста. :pos2::pos2: