ете така, пак блокирајте мме
Пендрек-решение за млекарите
Полицајците од Битола не ги убедувале нашите деца да се разотидат, туку излегле од возилата и веднаш ги нападнале, раскажува фармерот Гоце Кантаровски
Полицијата вчера ги тргна блокадите на млекарите од патиштата кај Скопје, Битола, Куманово и Штип. Млекопроизводители тврдат дека во Битола имало и натепани фармери, а блокадите во другите места биле расчистени без инциденти. Полицијата демантира дека при интервенцијата употребила сила.
- Ние не сме боксерски вреќи за некој од полицијата да се изживува врз нас, туку напатени луѓе што си ги бараат парите за предаденото млеко - изјави едно од четирите момчиња, кои тврдат дека полицијата ги истепала за да ги пробие барикадите на патиштата во Битола. Момчето раскажува дека инцидентот се случил околу еден часот по полноќ на патот Битола-Скопје.
- Без предупредување не' заобиколи колона од 30 автомобили. Бевме осуммина и ни рекоа да ве нема оттука или ќе платите по 300 евра казна, а следното е ќотек. Кога тргнавме кон тракторите, почнаа да не маваат со клоци, тупаници, пендреци. Не избираа ни средства ни начин - вели едно од момчињата. Двајца од фармери што тврдат дека биле удирани се малолетни. Раскажуваат дека биле врсници со синот на полицаецот што ги тепал. Не сакаа да го откријат својот идентитет, исплашени за себе и за семејствата.
- Не' нападна со пендреци, тупаници и со клоци. Не' паднаа наземи, не' туркаа во тракторите, а никој од нас не беше насилен - продолжува другото малолетно момче. По овој инцидент, фармерите го одблокирале патниот правец кон Скопје. Фармерите тврдат дека имало најмалку по 20 полицајци на еден човек.