SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
Јавни лицитации во македонските цркви
Томиќ е среќниот наддавач
Горе на „Камениот мост“ премиерот и градоначалникот, а долу на кејот - граѓаните. Сите чекаат господин господин Стефан да го фрли крстот. Но, најнетрпеливи се оние кои ќе скокаат во Вардар на Водици, по крстот кој треба да им донесе благосостојба. Велат не ги плаши студот, ниту водата. На помош им е Господ, но и спасувачките екипи на „Црвениот крст“.
Од околу стотината кои влегоа во Вардар, најсреќен, а богами и најбрз беше Мирко Петровски.
„Чувството е најубаво на свет. На сите да ни донесе среќа и здравје“, изјави за „А2“, Петровски.
Покрај крстот, тој дома однесе и фрижидер, шпорет, златник и други подароци.
Има решение и за оние кои не се способни да скокнат во Вардар по крстот. Само треба да ја пронајдат вистинската скопска црква која нуди такви услуги и да издвојат некој денар повеќе ако сакаат крст за здравје и среќа во својот дом.
Па така, во некои цркви дали ќе го добиете крстот зависи од тоа колку сте подготвени да платите, зашто се дава на јавна лицитација.
Во „Св. Ѓорѓија“ во Чаир, во таков манир се слави Водици. Веројатно, бидејќи во фонтаната не може никој да скокне, поповите им нудат на верниците за осветениот крст да платат ако сакаат да им седи дома 40 дена за здравје и среќа.
Водителот на „Гласот на народот“, Слободан Томиќ, е среќниот наддавач
А, среќниот наддавач, никој друг, туку домаќинот на емисијата „Гласот на народот“, Слободан Томиќ. За себе вели голем верник бил и затоа емисијата ја започнувал и завршувал со благослов.
„Се молам за сите. Се молам господ да ни го отвори срцето и умот и да ги присоедини кон нашата Македонска православна црква, бидејќи да се биде верник, тоа е нешто најсвето во животот“, изјави за „А2“, Томиќ.
За Томиќ лицитацијата е во ред, зашто парите оделе за црквата. Но, теолозите велат дека да се одржува лицитација во цркви и манастири, во најмала рака, е вулгарно.
„Црквата не знае за такви обичаи, ниту ги препорачува, ниту ги бара од верните членови на светата црква Христова, чија природа е неинституционална“, одговори на прашањето од „А2“ професор доктор отец Стефан Санџакоски.
Од МПЦ, пак, велат едно била теорија, друго било пракса. Лицитацијата покажувала дека и МПЦ живеела во современ дух, а на тој начин се собирале пари за црквите. И како таква, е апсолутно дозволена.
Па така, освен на свеќи и икони, парите во црква можете и легално да ги оставите на јавна лицитација.
P.S. Kaj da e gospod kje si ja soberi veresijata i kje si go odraboti svoeto.