Osa, Lj.Georgievski znael za se.A ako znaesh i ne prevzemesh nishto za da go sprechish nedeloto stanuvash SOUCHESNIK.
КРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И НА ВМРО ДПМНЕ(1)
КРИМИНАЛОТ СЕ ОДВИВАШЕ СО ЗНАЕЊЕ НА ГЕОРГИЕВСКИ!
Првиот состанок со Георгиевски беше во 1997 год., на два дена пред седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, каде дојде до заминување на Змејковски од функцијата Генерален секретар. На разговорот бев викнат од Љупчо Јакимовски и шоферот на Георгиевски, Трајче. Во разговорот инсистирав Далаверски да не биде назначен за координатор на ОК во Куманово, укажувајки му на Георгиевски од опасноста од семејството “далавери” за самата партија , поради инволвираност на Драган Даравелски во шверцот на цигари. Во периодот 96/97 год. имав неколкукратни посети на луѓе од Државна Безедност (инспектор Кузман од Куманово и еден негов колега од Скопје), некои “информативни разговори”, на кои секогаш ме прашуваа што знам за вклученоста на Даравелски во шверцот со цигари. Сега ми е јасно дека тоа не е поради нивна потреба од таков вид информација, туку колку навистина знам за тоа, поради тоа што веќе бев детектиран како човек кој не молчи. И оваа му го кажав на Георгиевски......
Вториот состанок беше по неколку месеци, во истата 1997 год, а по повод на прославата на годисницата на ВМРОДПМНЕ...
Третото видување беше во 1998 год., на 20-ина дена пред пријавување на кандидатите за пратеници. На тој состенок ја зедов и мојата сопруга со мене, како сведок на разговорот, бидејки имав претчувство, дека тоа ќе биде наше последно видување. Пак ги повторив моите сомнежи во врска со мотивите на политичкиот ангажман на Драган Даравелски и неговата поврзаност со шверцот со цигари и неговата блискост со одредени структури од СДСМ, активно вклучени во веќе добро разработениот шверц. Во истовреме, на Георгиевски повторно му посочив на судбината на судскиот спор кој Народна Банка на Македонија, веќе неколку години безуспешно го води против Даравелски поради неисплатени обврски кон НБ на РМ во износ од 200.000 ДМ. Кој може да објасни како и зошто, експонирани членови на ВМРО-ДПМНЕ (татко и син) уживаат таква благонаклоност од страна на СДСМ, кога се знаеше како таа власт се однесуваше кон идеолошките неистомисленици!?......
Tekstov nesakal da go objavi nikoj nitu 1999 nitu 2000godina.Objaven e mnogu podocna vo Svedok i Kumanovski "Bulevar".