како што изјави самиот за 95% од неговите кадровски решенија се кае, но ништо не би се сменило да биле и други луѓе.
страшни признанија на овој човек... му честитам за силниот дух.
		
		
	 
 
   
 
 
 
  ДОСТА   ДИМОВСКА   РАБОТИ  ПРОТИВ   ВМРО – ДПМНЕ
  Фокус бр. 216 од  06. август 1999г.
            
        РЕЈТИНГОТ   НА   ВМРО – ДПМНЕ   ОПАДНА   ПРЕД   СЕ   ЗАРАДИ КАДРОВСКАТА ПОЛИТИКА
            Целокупната состојба во ВМРО – ДПМНЕ, по победата на изборите во 1998 г. се влоши. Основна причина за тоа е крајно лошата кадровска селекција. Општинските координатори, поставени главно од Генералниот секретар Борис Змејковски, со поддршка на главниот партиски кадровик Доста Димовска, преку нок се трансформираа во локални градски мокници. Непотизам, устоличување на поранешни робијаши во државни чиновници, силеджии и членови на комунистички и пројугословенски партии, како и луѓе со поданички менталитет станаа основен критериум во составувањето на локалните градски кадровски листи. Тоа не се поединечни случаи:  така е во Куманово, но, истото се случува во Битола, Прилеп, Гевгелија, Свети Николе, Штип, Делчево и други градови. Промоцијата на такви кадровски критериуми стана генерална политика на партискиот кадровик Доста Димовска. Како резултат на тоа се случи катастрофално опаѓанје на рејтингот на партијата. Тоа не се долзи на погрешната надворешна политикана РМ или пак на генералната внатрешна политика на Владата, туку е резултат исклучиво на лошата кадровска политика на партијата. Како да постои намера градските функционери, со кои граѓаните ја поистоветуваат власта, да бидат така негативно селектирани со цел граѓаните да го променат својот однос кон  ВМРО – ДПМНЕ.
          Сето она што мене лично ми се случуваше во деловниот и приватниот живот во последните 8-9 години ме натера на составување мозаик чија основна теза е дека во Македонија континуирано се настојува да се врши, повеке или помалку, успешна контрола врз ВМРО – ДПМНЕ од страна на структри на Државната безбедност, во содејство со југословенската  КОС, со крајна цел да се контролира РМ заради негување блиски односи со Југославија.