realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
:nesvest:Ти мене сакаш да ме претставиш како минер на односите меѓу Македонците и Албанците! Абе ти се читаш ли што пишуваш ? Па јас сум тој што добиваше епитет предавник и црвени репутации од вас "патриотите" кога се обидуваше да ви објасни дека партијата со најголем број гласови од албанскиот блок, треба да коалицира со победничката партија во македонскиот политички блок во име на меѓуетничката стабилност. Јас сум тој што со ниеден пост на форумов немам придонесено за меѓуетничка омраза помеѓу Македонците и Албанците. Јас сум тој кој ја подржа идеата на еден член на форумов за симболично одржување на Македонска олимпијада во очи на олимпијадата во Кина, како израз на подобрување на меѓуетничките односи, додека вие држевте став дека тоа не е можно.Ти делуваш спротивно од она за кое наводно тврдиш дека се залагаш. Со персонифицирање на народ> во >партија , како во стилот на Реален-07, па внесување недоверба во истите...преку замена на тези,се наметнува еден сосема логичен обид за минирање на односите меѓу Македонците и Албанците ( во генерална смисла).
Јас сум оној кој го зборуваше она кое ти го зборуваш сега (NEW WAY FORWARD). Ама на мене не ми требаа шест години да го разберам тоа за разлика од тебе. Не ми требаше ни Груевски да ми каже дека перспективната иднина на Македонија е првенствено во градењето на меѓуетничките односи помеѓу Албанците и Македонците.
Неодамна рече дека членовите на форумов се ценат и вреднуваат по своите ставови и мислења напишани овде.
Јас со тоа 100% се согласувам, и сето ова погоре што го напишав, можам фактички да го поткрепам.
Дали ти можеш истото да го направиш ?