Зошто "ГРБОТ" не се смени?

Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Маарко, тоа јас од преска го велам, не се грбови. Ако не сум грешка, мислам дека Македонија и Белорусија се со чкарт грбови :)
Ду, ја имам читано само од Матковски книгата, и затоа така велам :toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Грбови




НЕ-Грбови



Овие што се од бившиве југословенски простори воопшто не ми изгледаат на грбови...
Изгледаат како сликички од албум со самолепливи сликички.:icon_lol:
Шала на страна, грбов има поврзаност со химната : Денес на Македонија се раѓа, ново сонце на слободата. И се, се, ајде ќе помине, ама она петокракана ОЧИТЕ ми ги извади, ослепев. Прво да се џитне, останатото е прашање на договор.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.285
...НЕ-Грбови



Овие што се од бившиве југословенски простори воопшто не ми изгледаат на грбови...
Азербејџан не е дел од бившите југословенски простори.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Види не се сеќавам баш добро, но кај една стематографија е заменето, жолтиот штит со црвен лав е ставен кај Македонија и обратно. Тој што ја правел, ги заменил по грешка. Пише тоа во книгата ама кој да памти :)
Има кој да памти.

Во Стематографијата на Жефараровиќ Македонскиот грб го има трипати и тоа еднаш посебно а двапати со другите словенски грбови. Во првото издание Македонскиот грб е даден во склоп на една композиција од 56 грба. Во средината е цар Душан на коњ, а околу него се грбовите на сите Словени од Јадранското море па се до Северниот Леден Океан. Овде Македонскиот грб е даден под бугарскиот како црвен лав на жолто полесо штит во италијанска форма. Над Грбот пишува “Macedoniја“. Во второто издание ја нема оваа композиција и таа е заменета со друга, слична.Во оваа композиција околу цар Душан има 20 грба и плус по четири во аглите, вкупно 24. Тука отпаднале грбовите кои не се однесуваат на јужните словени (на Чешка, Русија, Полска и др.). Македонскиот и овде е ист како и во претходната композиција.
Посебниот Македонски грб во Стематографијата на Жефаровиќ е превземен од оној на Витезовиќ, заедно со грешките кој овој ги направил во неговото претставување.. Над грбот пишува “Македонïа“, а под грбот има четири стиха кои се превод од латински на црковно-словенски а тие во слободен превод гласат:

“Исправен црвен лав на златно поле,
Знамение на црквата на која и се прави чест.
Големиот Турчин ја однел дијадемата од лавот;


Македонскиот грб во неговата печатена Стематографија е на страна 28 и на него Витезовиќ извршил три значителни измени.
1. Овде грбот има штит во шпанска или квадратна форма, која до Витезовиќ воопшто не се појавува, туку Македонските грбови имаат германска, а поретко и француска форма.
2. Исто така направил и големи измени на боите на грбот. Се до Витезовиќ, Македонскиот лав бил жолт на црвено поле. Во стематографијата на Витезовиќ е обратно: лавот е црвен на жолто-златно поле. Ова е многу значајна измена бидејќи се пренесува понатаму во другите (понови) хералдички публикации кои се водат од оваа (тука посебно се мисли на трудот на Жефаровиќ од 1741 год.
3. Над главата на Македонскиот лав нема круна, додека над главата на бугарскиот тука се појавува, за разлика од “илирските“ грбовници каде е обратно.
Се на се, Витезовиќ направил промени кои во хералдиката не се дозволени.

Над штитот на Македонскиот грб има царска круна со пет крака, украсена со дијаманти. Над грбот пишува “Macedonia“ а под има четири стиха на латински јазик, кои во слободен превод гласат:



“Златните мои штитови се украсени со црвен лав
Некогаш биле грбови на царското достоинство,
Тој го заменил големиот лав со турска чалма,
Кој (штит) ја изгубил вредноста по отстранувањето на лавот.“


Изгубив јас секаква честшто толку ја имав. “
Македонскиот земски Грб ги има сите елементи што ги бара хералдиката и затоа претставува вистински и наполно оформен грб според сите хералдички правил. Тој бил постојан, константен во сите свои основни елементи и не трпел големи измени, како што бил случајот, на пример, со бугарскиот грб, кој отпрвин имал за амблем глава од вол со крст меѓу роговите, потоа две вкрстени греди со црнечки глави на краевите, па три хоризонтално поставени круни и најпосле - исправен лав. :pos:
Исто така и српскиот грб долго време се колебал помеѓу лавот, двоглавиот орел и крстот со четири огнила додека станал постојан. Македонскиот грб не се сретнува во друг вид освен со лав. Значи, неговото општо својство е тоа што тој е постојан од неговата појава во 1595 до XX век.
 

LordCalipso

Староседелец
Член од
10 септември 2008
Мислења
86
Поени од реакции
54
Ha ha ha :pos2::pos2: vazno i afionce imame,i navistina ovaa petrokakava na nisto ne lici mina komunizamot od kogo sega sme vaka zatepani.Samo Lavot ali kaj i da e ovaa vlada sigurno ke go smeni.
 

Du

Член од
26 октомври 2008
Мислења
176
Поени од реакции
4

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Стипендиста ДУ, олабави малце ок!?
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Азербејџан не е дел од бившите југословенски простори.
ОК незнаев дека е на Азербејњан ова, дека пишав на search на Србија да ми даде па ова мислев дека е.
 

Du

Член од
26 октомври 2008
Мислења
176
Поени од реакции
4
Македонскиот земски Грб ги има сите елементи што ги бара хералдиката и затоа претставува вистински и наполно оформен грб според сите хералдички правил. Тој бил постојан, константен во сите свои основни елементи и не трпел големи измени...
А, не се сомневам дека немало големи промени. Само во 16 и 17 векови македонскиот земски грб бил сликан со црвен штит и златен лав, а во краjот на 17 и 18 век со златен штит и црвен лав. А пред 16 век сличен македонски земски грб воопшто не бил познат во хералдиката.

:kesa:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А, не се сомневам дека немало големи промени. Само во 16 и 17 векови македонскиот земски грб бил сликан со црвен штит и златен лав, а во краjот на 17 и 18 век со златен штит и црвен лав. А пред 16 век сличен македонски земски грб воопшто не бил познат во хералдиката.

:kesa:
Првите Грбовници како збирки на грбови се појавуваат за првпат во Западна Европа во XIV век, додека на Балканскиот полуостров кон крајот на XVI век.
Најстар Грбовник во кој има грбови на “јужнословенските“ народи бил составен од Ulrich Richental на прочуениот црковен собир во Констанца во 1414 - 1418 година. Вториот многу значаен Грбовник во кој има грбови на јужнословенските народи, е од 1483 година, направен од Конрад Груненберг.


бугарскиот грб, кој отпрвин имал за амблем глава од вол со крст меѓу роговите, потоа две вкрстени греди со црнечки глави на краевите, па три хоризонтално поставени круни и најпосле - исправен лав


"Old" Arms of Bulgaria,
(Pullgarie das allt k-d)

Codex 391,Bavarian State Library, Fol. 4v
c. 1530
[Bayerische Staastbibliothek,
München,Hss Cod.icon. 391]


Arms of the Duke of Bulgaria (Vidin),
(herzog vo' der wulgry Die haubtstat in d' bilgry haist budem)
Armorial by Conrad [SIZE=-1]Grünenberg
,
Parchment Codex, p. 72,
1483




[Bayerische Staastbibliothek,
München, Cgm-145]


[/SIZE]


Е сега дури можеш ќеса на глава да туриш, ебаго говедарите игнорантни!



Најстариот Бугарски грб со нешто кое повеќе наликува на накисната/бричена мачка отколку Лав



Arms of the King of Bulgaria,
(Le Rey de Bugrie), # 15, c. 1295, Hatton-Dugdale Facsimile, c. 1640 [Society of Antiquaries of London; with the kind assistance of Mr. Bernard Nurse, Librarian of the Society]

 

Du

Член од
26 октомври 2008
Мислења
176
Поени од реакции
4
Првите Грбовници како збирки на грбови се појавуваат за првпат во Западна Европа во XIV век, додека на Балканскиот полуостров кон крајот на XVI век.
Најстар Грбовник во кој има грбови на “јужнословенските“ народи бил составен од Ulrich Richental на прочуениот црковен собир во Констанца во 1414 - 1418 година. Вториот многу значаен Грбовник во кој има грбови на јужнословенските народи, е од 1483 година, направен од Конрад Груненберг.






"Old" Arms of Bulgaria,
(Pullgarie das allt k-d)
Западноевропските и илирските грбовници (стематографии) не се "домородни", односно не се сликани од Бугари и не се сопствено бугарски. Еве го првиот грб, докажано користен од царската гарда во Бугариjа во вториот дел на 14 век:



Coat of Arms of the Second Bulgarian Empire during the reign of the Tsar Ivan Shishman (1371-1395), depicted by an anonymous Arab traveller, who visited the capital of the Second Bulgarian Empire Tarnovo in the second half of the 14th century. Source: "History of Bulgaria", volume 4 The Bulgarian people under Ottoman rule (from XV to the beginning of the XVIII century), Publishing house of the Bulgarian Academy of Sciences, Sofia, 1983, page 58 (in Bulgarian: "Историја на Б'лгарија", том четв'рти Б'лгарскијат народ под османско владичество (от XV до началото на XVIII в.), Издателство на б'лгарската академија на науките, Софија, 1983, стр. 58.) Now in the King's Archive of Morocco.


Нема да прашам дека се сопствените македонски земски грбови пред 16 век, бидеjки такви... нема.

Првиот македонски земски грб е од 1584-1595 години:

Грбот на Македонија прв пат се појавува во Илирскиот Грбовник од крајот на 16 век. Ова колекција грбови го преставуваат основниот извор на балканската хералдика.
Појавувањето на грбот на Македонија е поврзано со Петар Охмучевич од Дубровничката Република. Дон Педро бил богат морнар кој бил во служба на Шпанија. Во 1588 г. Тој станал заповедник на фрегата која ја сочинувале 12 големи бродови. Подоцна во својата морнаричка кариера стигнал до чинот адмирал. Иако адмирал, тој не можел да стане витез на редовите на Калатрава, Алкантаре и Св. Јаков од Компостеле, бидејѓи не бил од признато благородничко семејство.
За да докаже дека потекнува од благородничко семејство, тој почнал да собира материјални докази, и од 1580 г. почнува да произведува фалсификувани документи и измислени грбовници, за да докаже дека е потомок на Хреља Охмучевич, кој во 1349 година добил титула Бан на Костур од Цар Душан.
Тој почнал да собира и да креира грбови за своите предци и роднини и со тоа, како што тогаш бил обичајот, да докаже дека е благородник. Со ова започнува илирската хералдика.Тој ги собира собраните и креираните грбови во грбовник за кој тврди дека е составен 1340 и е најден меѓу светите книги на островот Атос, Македонија.
Така првиот Илирски Грбовник е изработен меѓу 1584 и 1594 година за да ги задоволи потребите на адмирал Петар Охмучевич од Дубровничката Република. Грбовите се направени во согласност со веќе постојните европски грбовници.
Овој грбовник, кој преставува прототип за другите е изгубен, или пак останува неоткриен некаде во библиотеките на Италија или Шпанија. Најстариот сочуван грбовник е така нареќениот Коренич- Неорич од 1595 година кој се чува во загрепската библиотека.
Напочетокот на овој грбовник има 11 земски грба односно „Амблеми на земјите и светите племиња“. Потоа следат 140 семејни грбови на различни војводи, вождови, принцови, витези и други. Меѓу овие е и грбот на Македонија на страна 6. Под грбот пишува „Македонија“ а над него „Цимери македонске земље“. Грбот е Златен исправен крунисан лав на црвено поле. Над штитот има голема царска круна.

Извор: http://heraldika.org.mk/zemski.htm




Авторот на првиот македонски земски грб е Петар Охмучевич од Дубровничката Република, коj од 1580 г. почнува да произведува фалсификувани документи и измислени грбовници, за да докаже дека е потомок на Хреља Охмучевич...
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
а овде на темава се зборува за нашиот грб или за болварскиот ?:toe:

што ме боли за болварија

ние треба да го ставиме лавот за грб и толку
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
За сите што сакаа да научат повеќе за грбовите на Македонија Братот ви представува следново: http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=33318

За Бугарчето доволно е само да го прочита последниот дел од постот бр. 3

Потоа на хартијата на која ги лепел исечените грбови го пишувал натписот и така над грбот на Македонија напишал “Bulgaria“, а над грбот на Бугарија напишал “Macedonia“.
Така на овој посебен грб на Македонија за првпат има црвен лав на жолто поле. Додека пак оној на Бугарија, кој ги има боите и изгледот на автентичниот Македонски грб подоцна по ослободувањето на Бугарија, кога се поставило прашањето за Бугарскиот државен грб, бил земен со овие бои со кои бил претставен во Стематографијата на Жефаровиќ од 1741 год.(правена по урнекот на онаа од Павле Ритер Витезовиќ од 1694год.)



И тоа е доволно за бугарската вековна кражба на се' македонско!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom