Во античкиот период духот и единството на македонскиот народ биле поврзани со шеснаесеткракото сонце на црвена основа.
Ова знаме било симбол на античката македонска војска.
Се виорело во рацете на Александар Македонски, од Егејското Море до Дунав и од Јадранското Море до Индија.
Ги обединувало сите сили на македонската војска, без оглед на нивната племенска, народна или полова припадност.
Средновековната македонска војска, цар Самуил, виорела црвено знаме со двоглав орел во средина.
Веројатно вакво знаме имало и во Карпошевото востание,
со оглед на тоа дека во Негушкото востание имало црвено знаме со двоглав орел во средина.
Во Разловечкото востание - црвено знаме во средина со огнен (црвен) лав на жолто поле.
Ова знаме било развеано и во Пијанечкото и во Кресненското востание.
Во Илинденското востание доминирало црвено знаме, со натписот "Слобода или смрт" со жолта боја во средина.
Во
Младотурската револуција Јане Сандански го носел македонското знаме дури до Истанбул,
црвено знаме со осмокрака жолта ѕвезда и полумесечина во средина.
Ванче Стојчев