Зошто "ГРБОТ" не се смени?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Од аспект на хералдиката, сеганиот грб, воопшто и не е грб, додека пак црвениот штит со златниот лав, се сретнува во многу хематографии од средниот век, како на пример Жефаровичовата...
Инаку, за поставување на црвениот штит, нема шанси. Нема да ни дадат од малцинството :)

Земскиот грб на Македониjа каj Жефарович е на златен штит црвен лав:

Coat_of_Arms_of_Macedonia_from_Stemmatographia_by_Hristofor_Zhefarovich_%281741%29.jpg

:kesa:
 
А да ја смалеше сликата?

Ако го менуваме грбот во лав, нашиве мили сограѓани ќе сакаат да изгледа нешто како лав со крилја, две глави и клун наместо муцка, се разбира и да е црно-жолт на црвена позадина што мислам дека не е според хералдичките правила:pos2:

Ама шала настрана, имаме многу заедничко со нашите сограѓани албанци, посебно во делот на симболите.

Во античкиот период духот и единството на македонскиот народ биле поврзани со шеснаесеткракото сонце на црвена основа.
Ова знаме било симбол на античката македонска војска.
Се виорело во рацете на Александар Македонски, од Егејското Море до Дунав и од Јадранското Море до Индија.
Ги обединувало сите сили на македонската војска, без оглед на нивната племенска, народна или полова припадност.
Средновековната македонска војска, цар Самуил, виорела црвено знаме со двоглав орел во средина.

Веројатно вакво знаме имало и во Карпошевото востание, со оглед на тоа дека во Негушкото востание имало црвено знаме со двоглав орел во средина.
Во Разловечкото востание - црвено знаме во средина со огнен (црвен) лав на жолто поле.
Ова знаме било развеано и во Пијанечкото и во Кресненското востание.

Во Илинденското востание доминирало црвено знаме, со натписот "Слобода или смрт" со жолта боја во средина.
Во Младотурската револуција Јане Сандански го носел македонското знаме дури до Истанбул, црвено знаме со осмокрака жолта ѕвезда и полумесечина во средина.

Ванче Стојчев
 
Ама шала настрана, имаме многу заедничко со нашите сограѓани албанци, посебно во делот на симболите.

Во Младотурската револуција Јане Сандански го носел македонското знаме дури до Истанбул, црвено знаме со осмокрака жолта ѕвезда и полумесечина во средина.

Ова е старото знаме на Отоманската империjа:

500px-Ottoman_Naval_Flag.svg.png

Всашност во текот на Младотурската револуциjа Сандански го носел... отоманското знаме.

:kesa:
 
Земскиот грб на Македониjа каj Жефарович е на златен штит црвен лав:

Coat_of_Arms_of_Macedonia_from_Stemmatographia_by_Hristofor_Zhefarovich_%281741%29.jpg

:kesa:
Добро де, може сум ги грешил, но поентата ми беше дека нема бугарско ништо во лавот, и дека е тој штит е хералдички исправен за разлика од ова комунстичкото. А дури сега увидов дека сум пишал хематографија, место стематографија. Кикс.:kesa::)
 
Во бугарскиот лав... има многу бугарско. Еве го бугарскиот грб на Жефарович, на црвен штит златен лав:

483px-Coat_of_Arms_of_Bulgaria_from_Stemmatographia_by_Hristofor_Zhefarovich_%281741%29.jpg

:smir:
 
Точно, во Жефаровичовата стематографија, можеби е така, но во многу други стематографии, е обратно. Имаше една книга од Александар Матковски, пишува се за грбовите, но одамна беше кога ја читав, па ја заборавив.
 
А да ја смалеше сликата?

Ама шала настрана, имаме многу заедничко со нашите сограѓани албанци, посебно во делот на симболите.
Нели и Скендер носеше со двоглав орел, сеа знаме или штит не ми текнува баш. А и од таму произлегло и знамето на Албанија. Испобркано било со грбовите порано ептен.

Исто така сакам да кажам дека стварно треба да се смени сегашниов грб, петокраката боде на очи.
 
Ма што му фали нагрбот добар си е може само некој мали корекции:)
 
Ма што му фали нагрбот добар си е може само некој мали корекции:)
Како на пример целосно да се смени, или барем петокраката да се тргне и да се стави еве лавче.
 
Ало, абе вие толку ли не сфаќате дека тоа не е грб, не почитува ниедно правило на хералдиката!!! Читнете на википедија што се треба да содржи еден грб. Ако јас се добро сеќавам треба да има ШТИТ, и некој амблем во него, дали животно, светец...
Комунистичкото, не е исправно во ниеден поглед!
 
Точно, во Жефаровичовата стематографија, можеби е така, но во многу други стематографии, е обратно. Имаше една книга од Александар Матковски, пишува се за грбовите, но одамна беше кога ја читав, па ја заборавив.

"Стематографиjа" на Жефарович е превод од илирските стематографии на Павле Ритер Витезовиќ од краjот на 17 и почетокот на 18 век. Истите блазони (златен штит и црвен лав - Македониjа и црвен штит и златен лав - Бугариjа) се и каj Витезовиќ. Денешниот државен бугарски грб има за основа токму Жефарович.
 
Види не се сеќавам баш добро, но кај една стематографија е заменето, жолтиот штит со црвен лав е ставен кај Македонија и обратно. Тој што ја правел, ги заменил по грешка. Пише тоа во книгата ама кој да памти :)
 
Ова е старото знаме на Отоманската империjа:

Всашност во текот на Младотурската револуциjа Сандански го носел... отоманското знаме.

:kesa:

Па ќе ти треба поголема ќеса за да го покриеш мозолчето што го носиш на врат.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=33310
 
Види не се сеќавам баш добро, но кај една стематографија е заменето, жолтиот штит со црвен лав е ставен кај Македонија и обратно. Тој што ја правел, ги заменил по грешка. Пише тоа во книгата ама кој да памти :)

Тоа се теориите на Матковски, кои не се прифатени во светот. Контрадикторни се. Промената е на Витезовиќ, али не е грешка. Намерна е, дури е опишана под грбот во латински стихови. Истите стихови се преведени и каj Жефарович.

:smir:
 
Грбови

berliner%20baer.jpg
120px-Wappen_Bessarabien_2.png
shielddolphin.gif
shieldantelope.gif

НЕ-Грбови

t20084321159.gif
275px-Coat_of_arms_of_Azerbaijan.svg.png

Овие што се од бившиве југословенски простори воопшто не ми изгледаат на грбови...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom