Енвер барем го унапредил сексот во Албанија.
Да не беа бункерите ќе немаше каде да се бапнуваат младиве.
Или серењето можеби.
Ова и за албанските партии важи?
Да, време е да се фокусират на економијата.
Бидејќи ако погледнеме дека низ селата во тетовско немаат што да јадат ама имаат мегаломански бетонско-мермерни споменици на УЧК па дури и заградени со порти.
Тоа што за тебе е мегаломаски споменици за мене се гробишта со зидови околу и ограда , бекатонки доле и малце трева.
Еден таков "мегаломански споменик" не чини повеќе од 20.000 евра. Во колку места има такви споменици(гробишта) знаеш? Јас не знам за повеќе од 5.
Или да го изброиме бројот на џамиите изградени во последниве 5 години?
Џамиите се потреба, исто како и останатите потреби , не се споменици.
И нешто на страна, дали доколку со земјата 10 века владееле странски војски и ништо не се изградило, треба да бидеме заложници на ропските времиња и да се задоволиме со куќи земјанки?
Се сложувам дека смеат да изградат споменици, но не да се претерува исто така да се пази колку пари се даваат, да се пази исто така со какви пари се градат, дали буџетски или приватни, ако им се од нивен џеб , ако сакат и на порно филмови нека потрошат 1 милион , не ме интересира.
Кога се критикува нека биде издржано, дека многу пари чинат некои глупи споменици и дека се ружни, премногу блиско итн. е оправдано, ама без вакви игнорантни и лицемерни коментари.
Да ,се претерува, секој би се сложил , не може на 30.000м2 да има 20 споменици , тоа веќе не е плоштад и не е убавина , тоа би било музеј на отворено , и тоа густо натрупан музеј.
Види, јас не случајно му реплицирав токму нему. Значи имам причина која ја наведов, а политиката се содржи во “здравата“ логика на Дарданот кој нашол мене да ми кажува вака не требало, додека неговите праат сосем трето. Подобро ти препрочитај му го постот.
Џабе ти е обидот да се споредуваш, до утре ако сакаш ќе се споредуваме , и во бројки на споменици и во вредност , ако сакаш Скопје 2014 ќе го споредиме и со други држави, десет милионски држави. Нашиот е шампион.
Најголемиот и едниствениот споменик од албанската историја на коњ е Скендербег , кој коштал 65 или 85 илјади евра.
Гоце Делчев на коњ кошташе 850.000 евра ( десет пати поскапо)
Даме Груев исто така 850.000 евра ( ете ти 20 Скендербега).
Триумфална капија 4.5м евра , плоштад Струмица со споменик на Гоце и скулптура , подземна сообраќајница и све околу = 4м евра.
4 лава = 2.5м евра.
Официално, веќе во Скопје има два големи споменика на Гоце Делчев , ќе има два на Филип , 2 за Мисирков, и 2 за Климент, и 2 за Кирил и Методиј (овие што ги знам јас , можеби има повише дупликати само во Скопје).
Гоце Делчев во Скопје
Гоце Делчев во Струмица
Кирил и Методиј-Скопје
Климент
Климент во Охрид
Да беа спомениците на УЧК, наместо на Гоце или Даме, никој од нив немаше да писне. Најверојатно ќе беа дупло поголеми.
Ќе писнеа, јас бев тој што писна , кога некои бараа во плоштадот да има споменици и од други етнички заедници , јас реков , подобро ние да си ги земеме нашите 20 или 50 милион евра , и наместо споменици да изградиме нешто што ни треба , не сакаме процентуална застапеност во споменици , туку во пари, ти што сакаш прави со твојот дел , јас што сакам со мојот.
Сите овие споменици се финансирани од државниот буџет преку локалната самоуправа.
Не сум знаел , можеш да ми најдеш доказ за ова што го велиш? Јас знам поинаку дека овие споменици се изградени со приватни средства.