Хах не драга моја, другава страна најави нивно одржување и доизградба на започнатото. Од „политичариве“ наши нема дерман. Иста копиљана се! Туку, сега се чудам кој нов данок ќе го воведат, оти новото леење треба некој да го плати.
Манипулација при вакви зделки постоела и постои, тоа со ниеден закон барем засега не било спречено ниту може да се спречи...начинот на извлекување средства од буџетот е различен...но резултатот е повеќе помалку ист.
Што се однесува до фирмите, ако навлеземе во нивните ангажмани , дискусијава повеќе ќе наликува за случувања/економија отколку за архитектура, но институтот не знам колку е ... (според
газдите и според
акционерите)...со ангажирање на македонски фирми можеби пари ќе се обрнеле и тука, можеби дополнително ќе ангажирале фирми, но кој е нивниот капацитет за да го сработат истото и колку од сето тоа навистина ќе има влијание не ми е познато. Исто е знак прашалник кој би бил квалитетот на овие градби доколку ги биле повеќе ангажирани домашни фирми, дали би биле поквалитетни или не. Но најверојатно е предмет на муабет за друг подфорум.
Мислам дека проблем покрај големата сума пари се квалитетот на градбите (кој доста скоро се виде дека е слаб, барем кај овие споменици што се размачкаа), нивната стварна потреба и бројност во моментов (девојки, животни, просјаци, лавови, коњаници, висина на споменикот на А. Македонски...) и отчетот за сметките, дадените пари по градба каде, колку и за која намена.