Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Глупа ви е логиката: парите место за споменци - требаше за друго да ги инвестираат.На секој од нас верувам ќе му дојде некоја идеја на што да ги потроши овие пари.Да беше прошлата влада верувам дека ќе им најдеа крај (некоја швицарска банка) и све ќе беше ОК.Оваа влада одлучила дека од буџетот на Министерството за култура ќе се градат споменици.Како што ви израчуна погоре Stefus-Refus се работи за 0,3% од буџетот на РМ.Сега некој ќе рече не е време за споменици - било економска криза.Да не очекувате Министерството за култура со нивниот мизерен буџет да градат фабрики,ифраструктура и да ни ја опоравуваат економијата?Стварно ова е само јадење гомна.

Огромни пари се фрлаат на споменици - Не е точно,0.3 %(не е ни толку али ај) од годишниот буџет нема да не направи Швајцарија.
Не е сега време за споменици - Проектот е за 6 год.Не е само за оваа год.Или мислите овие 6 г. не се добро време за споменици?Ние никогаш не сме имале шанса да подигнеме споменици на оние кои сметаме дека го заслужуваат тоа.На Белград не му беа важни овие личности.
Парите,место за споменици требаше за друго - За што?Улици,автобуси,тенкови,учебници,лекови,?Ова се пари од Мин. за култура,не очекувајте да купат MI-24 со овие пари.

Можеме вака цел ден да млатиме празна слама.Парите место за војниците во Авганистан и Ирак требаше да ги потрошиме за лекови.Место да купуваат апарати за во болници требаше да го направат високото образование бесплатно.Место да градат стадиони,сали и глупости требаше да го качат социјалното.И ред други работи што не се на место.Ах кога ќе ни дадат нас да правиме ребаланс на буџетот има сите да се среќни и задоволни.:pipi:
 
Ама чекај малце минатата Влада што направи ? Ништо оваа барем мрдна нешто со прст.. Не приметуваш дека имаме бесплатен превоз,учебници,компјутери тоа не се спомнува пошто го има.. Да го немаше е за тоа ке се правеше проблем.. Збориш за услови за живот еве 10.800 испаѓа слободна да се вади за превоз.. Пензии зголемени бесплатно возење на стари лица во Петок.. Тоа не се спомнува нели? Редно е да има споменик не дека не треба да се менуваат многу работи но барем ке имаме нешто на кое сите ке се сеќаваме и потсетуваме

Дете во кој свет живееш ти бе? АЛоооооооо отвори ги очите. Не качи зелени! Народот живее во беда бе! Неможат луѓето крај со крај да врзат. Стави го малку прстот на глава. До споменици ни е дојдено бе?! Се средија во државата и тоа дојде да се прави? Сите земаме 3000 евра плата, па ајде да прославиме со споменици?!

Дај не заебавајте. Врска немате од животот најдовте овде памет да солите!

Спомнувате комуњари, патриоти и што ти јас знам, а не знаете ни што значат тие термини! Ви го испраа умот по тие партиските собири и политички емисии на ТВ! Ајт...
 
Мора да признаеш дека во една рака спомениците се олеснителна околност.Што би правел на празен плоштад ако ти се примоча ,а кенеф ни со ЏПС нема да најдеш во центар.Имаш споменик голем да те сокрие и 50 евра да зашпараш.
 
Спомениците се одличен начин да кажеме дека сме КИЧ општество. До сега го криевме тоа некако под тепих со нашите турбо фолк забави, шпански серии...итн.

Сега можат сите тоа да го видат.
 
Странците знаат да ценат вистински градби, не вештачки, али кој да ви објасни...
Полн погодок, затоа ги спомнав местата Св Пантелејмон, Охрид, Маврово, стара чаршија и животот (барем еден дел) на занаетите и стариот дух...и да, Саладин ме потсети -бараа такви кафеани со традиц. мак. специјалитети и соодветна музика, имаа желба да ги носиме по малите брдскопланински села каде ќе можат да видат како се живеело, во албанско село имаа желба да седнат на под во стара албанска куќа, да се напијат чај...одеа на пазарче каде ќе го видат духот на она што тие го имале порано, го бараа скопскиот аквадукт, Св Петка, Шарена Џамија во Тетово.
Нешто навистина што го носи духот на старото, нешто традиционално или интересна убава природа (Смоларските водопади исто така им се на листа). Никогаш не побарале да ги однесеме во парк или кај споменикот на Делчев, Тито или да ги видат шмизлите.

Да странците ке се однесат таму бидејки нема споменици.. Кога ке се уреди Скопје ке биде поинаку.А ова не ти чини странец не се носи во кафана да го начукаш туку да го запознаеш со земјата,традицијата обичаите историјата..
ова ти го кажувам од миљонте "делегации" и "месии" кои порано ги носевме, шетавме и гоштевавме. Етномузеј, "етнокафеана", стари зданија.
А за маалата...едно време беше забрането да се гради по желба во маџирмаало, моравме да ги зачуваме однадвор белезите на тоа маало. После се урнисаа, се дозволија градби и цел тој шмек на старо скопско маало го снема. За тоа време тие странци кои бараат кај нас делови од минатото, си ги негуваат старите делови од градот. Луксембург во стариот дел не смееш ниту олукот да го ставиш ако не е према оние од дамнина, со соодветни прозорци, врата...ништо не смее да се менува. Во едно шведско градче Оребро, имаат етно-маало или минисело би рекол. Или -мислам дека беше Стокхолм -имаш брод потонат одамна и изваден, реставриран...цел музеј од времето кога потонал. Тоа им носи солидни пари. Понатаму, во Стокхолм (Гораздс сигурно ги знае овие работи и можеби ќе ме корегира :) ) имаш една улица долга, огромна, налик на дел од нашата чаршија-врие од туристи. Сето тоа се старини, случувања, градби, живеачка од едно време. Ми текнува на уште еден поспецифичен пример -во Виена (не се сеќавам точно каде) откопале на времето дел од римски водовод или канал...го заградиле, му поставиле табла и го чуваат како зеница во очите, а околу него врвулица туристи. Она што е старо го чуваат, заштитуваат, рекламираат и се гордеат со тоа.

Новите зданија на туристите не им се така интересни...посебно ако се капии или нафрлани споменици (1-2 ќе поминат, повеќе се израз на невкус и пренатрупаност).
 
Никој не ти доаѓа да го види Даме Груев на плоштад... Странците знаат да ценат вистински градби, не вештачки, али кој да ви објасни...

Види , ти кога идеш у Загреб или Париз, најверојатно не идеш стриктно за да ги видиш на коњ Бан Јелачич или па Луј некој си ... туку пропратно кога шеташ низ град ги приметуваш...
Многу површинско и плитко размислување од твоја страна
 
Спомениците се одличен начин да кажеме дека сме КИЧ општество. До сега го криевме тоа некако под тепих со нашите турбо фолк забави, шпански серии...итн.

Сега можат сите тоа да го видат.

http://www.google.mk/imgres?imgurl=...ndsp=17&ved=1t:429,r:12,s:50&biw=1280&bih=619
capturewiz043.jpg

Aхххххх...убаини :pipi:
 
Спомениците се одличен начин да кажеме дека сме КИЧ општество. До сега го криевме тоа некако под тепих со нашите турбо фолк забави, шпански серии...итн.

Сега можат сите тоа да го видат.
Да не идеме у крајности ,јас не сум против споменици и убаво е да ги има.Проблемот е што треба и на другите работи да се мисли ,а кои се од витално значење за градот.Можеше на пример оваа година два споменика и автобуски постројки,па следната прилика уште еден или два и културни тоалети или целосна велосипедска мрежа ,или адаптирани приоди за хендикепираните до секој објект во градот ,или културни и модерни јавни тоалети или,или,или.И така споменик и едно “или“.Ова сега што се прави е надвор од разум,и личи на лечење на нечии комплекси.
 
+ тротоари...+улици
 
Климент Охридски пред соборниот храм

kliment%5B4%5D.jpg
 
Ние никогаш не сме имале шанса да подигнеме споменици на оние кои сметаме дека го заслужуваат тоа.

Лавови, кондураџии, питачи, свирачи, шмизли се личности кои заслужуваат споменици?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom