Ѓорѓи Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател

  • Креатор на темата Креатор на темата kolize
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш да кажеш „веќе видено“, тоа е големиот проблем на малата СДСМ. Сепак мислам дека ќе немаат „муда“ уште еднаш да кокетираат седејќи на две столици.


Абе без лутење ама премногу емотивно ги сваќаш работиве. Јас не сум политички определен, ниту сум фанатик на ВМРО ниту на СДСМ. Јас гледам што е најпаметно решение. Според мене Срѓан е подобриот избор, бидејќи беше амбасадор во ОН, има дипломатско искуство, контакти насекаде итн. А овој Иванов, можеби е добар човек, но не и е познат на јавноста!! Тука е работата!
 
Epa sea slusajte vaka! Poso vmro ima pogolem rejting od sdsm, posle prviot izboren krug sdsm ke vidi deka ne i se isplati da izleze na vtor krug i ke gi bojkotiraat izborite i ke dobieme losi ocenki od Brisel, EU ....
Ма немој, до кога бе тие така варварски ќе и штетат , ќе ја пљачкаат, и ќе ја уназадуваат Македонија. Токму тоа што имаат толку низок рејтинг , не му допушта да прават бојкот. Иначе стварно ме изненадија ВМРО што се одлучија за професор Ѓорѓи Иванов, многу квалитетен и интелегентен човек.Штета што Љубе Бошкоски избрза..
 
Значи кандидирањето доаѓа од самата партија од иницијатива на одредена група во партијата. Он самиот не се кандидирал, него го предложиле. Не знам дали ти текнува и Трифун не беше во партија ама ВМРО го поддржија.

А за споменатиот театар. Се гледа колку во Македонија само партии се гледаат и колку е се исполитизирано. Значи човек со морал , интелегенција и љубов кон Македонија нема да биде сакан од некого само затоа шо партија го предложила. Немам зборови, ми се гади од политизираноста на луѓето.
Абе јас разбирам, ама со трифун е друго. Овие објавија дека само член може сам да се кандидира, е сеа ме буни ова во Иванов, нели не е член?:tv:
 
А што? Бранко оти го знаеш, или некој сличен нему е порелевантен од Иванов? Јака логика Баварец...

Бранко не го дирај, (папата оставете го раат), а и како би гласал за типов (иванов ли беше) кога не го знам, не може он туку така два пати се појавил на ТВ и ајде Претседник.
 
Абе без лутење ама премногу емотивно ги сваќаш работиве. Јас не сум политички определен, ниту сум фанатик на ВМРО ниту на СДСМ. Јас гледам што е најпаметно решение. Според мене Срѓан е подобриот избор, бидејќи беше амбасадор во ОН, има дипломатско искуство, контакти насекаде итн. А овој Иванов, можеби е добар човек, но не и е познат на јавноста!! Тука е работата!

Е па да не беа толку политичките науки во Македонија потценети, ќе го знаеја...човекот е врвен политолог, значи за тоа учел, за тоа предава. Инаку за тие што не знаат ГО ИМА НАПИШАНО ВОВЕДОТ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР. Лани беше 3 месеци во Америка држеше предавања таму.

Абе јас разбирам, ама со трифун е друго. Овие објавија дека само член може сам да се кандидира, е сеа ме буни ова во Иванов, нели не е член?:tv:

Ама значи он не се кандидираше САМ, туку беше предложен.
 
1.Абе без лутење ама премногу емотивно ги сваќаш работиве. 2.Јас не сум политички определен, ниту сум фанатик на ВМРО ниту на СДСМ. 3.Јас гледам што е најпаметно решение. 4.Според мене Срѓан е подобриот избор, бидејќи беше амбасадор во ОН, има дипломатско искуство, контакти насекаде итн. 5.А овој Иванов, можеби е добар човек, но не и е познат на јавноста!! 6.Тука е работата!

1. Таман работа :pos2:
2. И јас :toe:
3. Јас :kesa:
4. Ок, но тој пред малку изјави на вестите дека ниту некој го прашал, ниту некму дал „беса“ да го рекламира
5. Него го знам од ТВ и од неколкуте изјави ми остави добар впечаток
6. :helou:И така
 
Е па да не беа толку политичките науки во Македонија потценети, ќе го знаеја...човекот е врвен политолог, значи за тоа учел, за тоа предава. Инаку за тие што не знаат ГО ИМА НАПИШАНО ВОВЕДОТ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР,а и имал влијание кога се пишувал уставот. Лани беше 3 месеци во Америка држеше предавања таму.



Ама значи он не се кандидираше САМ, туку беше предложен.

Абе ова за рамковниот не е баш за фалење! Него ај идам јас, среќна Стара нова, Василица, Српска нова година...кој како си слави! :helou:
 
4. Ок, но тој пред малку изјави на вестите дека ниту некој го прашал, ниту некму дал „беса“ да го рекламира
Рече дека треба да разговара со СДСМ, а треба и да се изјаснат од ВМРО-ДПМНЕ. А да, и дека е добра идејата.
 
Бранко не го дирај, (папата оставете го раат), а и како би гласал за типов (иванов ли беше) кога не го знам, не може он туку така два пати се појавил на ТВ и ајде Претседник.
A што беше ќарот од Бранета кого 19 години од ТВ нема излезено???
 
Ма немој, до кога бе тие така варварски ќе и штетат , ќе ја пљачкаат, и ќе ја уназадуваат Македонија. Токму тоа што имаат толку низок рејтинг , не му допушта да прават бојкот. Иначе стварно ме изненадија ВМРО што се одлучија за професор Ѓорѓи Иванов, многу квалитетен и интелегентен човек.Штета што Љубе Бошкоски избрза..
Зашто штета, зошто сака самостојно да излезе на изборите, дека не е со вемерото, е затоа никат нема да ни ја биде државава, гласате за партија а не за човек. Тоа е ко имаат таков лидер.(фирерче)
 
Зашто штета, зошто сака самостојно да излезе на изборите, дека не е со вемерото, е затоа никат нема да ни ја биде државава, гласате за партија а не за човек. Тоа е ко имаат таков лидер.(фирерче)

Да бе гледам, зборам дека Иванов е одличен избор, затоа што е феноменален човек пред се, а одма почнаа да го плукаат зашто ВМРО е нАли зад него. Не ставај одма етикети.
 
Еве ти шанса да гласаш за човек. Ѓорѓе Иванов.

Не фала, имам подобри солуции и тоа две. Овој ко што кажав очи му немам видено така да одпаѓа од мојата листа.

Да бе гледам, зборам дека Иванов е одличен избор, затоа што е феноменален човек пред се, а одма почнаа да го плукаат зашто ВМРО е нали зад него. Не ставај одма етикети

Не го пљукам само кажувам како е, не го знам и автоматски го исфрлам од игра.:smir:
 
Рече дека треба да разговара со СДСМ, а треба и да се изјаснат од ВМРО-ДПМНЕ. А да, и дека е добра идејата.

Што ќе го кандидираат, а кобајаги тој ќе се мисли ама заради должноста кон Македонија ќе прифати. Со среќа нека му е. :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom