Не можам бре девојко да му верувам више на никој па посебно на овој, нит го знам кој е што е, не може преку ноќ он мене да ми се претставува ко политиколог, предавал у Америка не знам што. Не праам више грешки:nenene:, си идам на проверена личност.
Не вредиш за дискусија, испран ти е тебе мозокот, а со такви си немам работа.
Тебе ти е испран мозокот, појма изгледа немаш кој е Ѓорѓи Иванов, и цела дискусија ти е дека нечинел човекот, зошто?-зошто ти не си го имал видено на телевизија.
А од кај знаеш па ти дали е подготвен или не. И нема он што да разединува, сака да си проба да види до кај може да стигне и дали му верува народот ко што вика и самиот, не плачи ти по вмро, битен е Претседателот не вмро.
Познавајќи го Љубе Бошковски , знам дека тој како личност е доволно авантурист, па и налудничав, што намерно би посакал да му се случи -тоа што му се случи, за да има содржајна биографија , и доволно авторитет, и углед кај народот , се со цел да остави некој впечаток, и внимание. Ако сакаше да виде до кај може да стигне , не мораше вака да постапи, можеше и ВМРО да застанат зад него. И тоа дека е битен претседателот-кандидатот , а не партијата, така размислува 2% од народот. Што значи никој од СДСМ, ДУИ, ДПА , нема да гласа за Љубе Бошковски-иако тој е многу поквалитетен од било кој нивни кандидат, а симпатизерите на ВМРО, ќе се поделат , бидејќи и брат Љубе, и припаѓаше на оваа партија.
Според сите последни анкети , СДСМ има послаб рејтинг од ДУИ. Доколку албанскиот народ верно ја искаже довербата на оваа партија, а симпатизерите на ВМРО се поделат , тесна ќе биде борбата , помеѓу ВМРО или Љубе Бошковски, и кандидатот на ДУИ.
А во иднина здравје , можда и ќе имаме претседател од друга националност, се додека има вакви непромислени избрзани потези и глави кои упорно маваат в ѕид-ко тебе да не речам.