мене страшно ме интересира кој ќе го лапне Ќерим за кандидат, зашто кој го лапне тој и победува. Едноставно од имињава кои се вртат во јавноста е убедливо најдобар кандидат.
А инаку за предлогов мислам дека нема да се оствари.
А зошто би се затрчале да го „лапнат“ Керима? ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да троши милиони евра партиски пари за кандидат на социјал-демократите. Бреее - памет. А СДСх би сакале Керим да стане претседател, ама гледајќи ги анкетите си рачунаат: “Што има да трошима партиски пари - кога и така ќе загуби.“ Затоа е предлогот - да бил заеднички кандидат.
Само политички ептен глуп лидер на ВМРО-ДПМНЕ во сегашните околности би поддржал кандидат што не е член на неговата партија, затоа што анкетите кажуваат дека токму кандидатот зад кој ќе застане Груевски - ќе победи. А Груевски се покажа дека не само што не е глуп, туку дека ниту еден политичар од опозицијата сега за сега не му е рамен.
а што толку сите се возбудуваат за керим, па нели последната анкета покажува дека тој има само 3% рејтинг.
и плус даме ни кажа дека нема шанси тој да даде глас на керим, а мислам дека е добро упатен, освен нели ако грујо се изјасни дека најдобар кандидат за претседател е керим (а за керим како нивни кандидат воопшто не се НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ во дпмне)
Хеј - јас го поддржувам сега за сега Грујо - ама дури и Грујо да застане зад Керим - јас нема да гласам за Керим.
Јеби га - ќе треба да си отстапам од принципот „не давам поише глас на вересија“ - а гласот за Керим би ми бил глас даден на вересија дека типот ќе работел за Македонија и за мене. Досега - цел живот типот си работел за својот удобен живот. А зе мене - како обичен гласач од село Свирипичино? За мене од трите подолгото ќе има од кандидатот Керим.