Проблемот е што не постои класика како поим се е тоа сведено на лична перцепција. Има досадни книги кои дури и да имаат поента ќе се изгуби некаде во досадата и напорот кој го вложуваш , има лесно читливи книги кои немаат поента и имаат клише приказни ама се интересни за читање и има книги со поента и се лесни за читање .
Ако мене ме интересирало за слика на минати времиња ќе отворев историја и тоа ќе читав.
Поентата е не те прави ништо подобар од другите ако читаш „класици“ .
Има повеќе поента во стрип или графит одколку во дело со 5000 страни каде се тупи за тоа како се осеќал некој и како изгледала некоја , со описи долги два километра каде се губиш .
Млада дамо покрај што од америка потекнува (барем според општото мислење ) мас културата и дизни идеалите нивната литература не е за потценување .
Класиката постои и за најголем дел од луѓето е иста, горе-долу: Достоевски, Пушкин, Булгаков, Есенин, Толстој, Селинџер, Сервантес, Маркес, Џ. Лондон, Едгар Алан По, Хемнигвеј, Жил Верн, Волтер, Иго и други значајни и респектабилни автори, кои пред се, внеле нешто ново и дотогаш неприменето во литературата, започнале нов правец, пишувале за работи кои никој не ги гледал или не сакал да ги забележи, за човечките проблеми, за егзистенцијата, за дискриминацијата, за идеалот на човекот и сл.
Искрено мене не ми пречат описите на пред се, руските автори. Ниеден филм не може да ти го долови тој опис и таа замисла што самиот ќе си ја створиш за одреден лик или ситуација, онака како што ќе ја прочиташ во дадена книга. Да не беа тие километарски описи и подробности, Достоевски не ќе беше
Достоевски, ќе беше Коелјо или Ден Браун. Ова како контраудар на темава, бидејќи речникот на овие двајца е барем за 10 пати посиромашен од оној на Достоевски.
Околу тоа дали те занима "историја" на литературата или животот пред 150 години: минатото ни помага да ја сфатиме сегашноста, и да се подготвиме за иднината. Нема иднина без минато. Мора да почнеш од некој темел од основа. А подобра од европските (најмногу пред се руските) класици мислам нема.
Никој не вика дека ако си ги читала "литературните класици", преку ноќ ќе станеш подобар и поискусен човек. Секоја книга не зема за цел да го исправи човекот на најдобриот пат, туку едноставно да му покаже како стојат некои работи, осетени на туѓ грб (во случајот јунаците од романите).
И ако забележиш подобро денешните писатели се викенд-писатели или турбо писатели каде се гледа да се издадат што повеќе книги за што подобра заработувачка, вклучувајќи ја тука и целата масовна пропагандна машинерија. Денешниот писател е бизнис-писател.
Пред неколку века, луѓето пишувале за идеали и за она што им лежело на душата, денес се пишува за да се пополни слободно време.