Пауло Коељо

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Ми го зема прашањето и јас се интересирав ако ги исклучиме Достоевски и Толстој како неспособни од руската книжевност, Хесе и Гете од германската книжевност, ги баталиме Волтер, Превер и компанија од француската, а англиската е така небитна што ќе ни остане?
Американизација? :)
Или тоа или бајките каде на крајот сите среќно си живеле. :smir:
 
M

marsovka

Гостин
@Марсовка, а која е твојата дефицинија за класика и ремек-дело?
Проблемот е што не постои класика како поим се е тоа сведено на лична перцепција. Има досадни книги кои дури и да имаат поента ќе се изгуби некаде во досадата и напорот кој го вложуваш , има лесно читливи книги кои немаат поента и имаат клише приказни ама се интересни за читање и има книги со поента и се лесни за читање .
Ако мене ме интересирало за слика на минати времиња ќе отворев историја и тоа ќе читав.
Поентата е не те прави ништо подобар од другите ако читаш „класици“ .
Има повеќе поента во стрип или графит одколку во дело со 5000 страни каде се тупи за тоа како се осеќал некој и како изгледала некоја , со описи долги два километра каде се губиш .
Ми го зема прашањето и јас се интересирав ако ги исклучиме Достоевски и Толстој како неспособни од руската книжевност, Хесе и Гете од германската книжевност, ги баталиме Волтер, Превер и компанија од француската, а англиската е така небитна што ќе ни остане?
Американизација? :)
Млада дамо покрај што од америка потекнува (барем според општото мислење ) мас културата и дизни идеалите нивната литература не е за потценување .

Богат речник и описи долги неколку километри не ја прави книгата квалитетна туку дали баш во таа книга ќе те натера се индетификуваш со ликот и да се внесеш во приказната .
Во најмала мера да најдеш нешто со малце смисол и логика, и нешто што те допира,а не да читаш за нечие се самоубиство ради тоа што пичката не го ебела два посто или пак да загинеш ради пак пичка.
На крај краева ако сакав да паднам во депресија доволно е да вклучам вести на шител, канал 5 и рандом телевизија каде редовно се прикажуваат далеку пореални драми и далеку поголеми човекови глупости
Фак ит али мислам дека сите знаат што е реалност со исклучоци а и дека им е смачено од истата, исто така.
Во ова место и во ова време повеќето сакаат барем малце надеж макар и лажна :)

Барем според мене
Поздрав од Марс​
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.827
Поени од реакции
10.196
100-200 страници од Коељо ми се многу помили од 1000 страници од Толстој и нему сличните. Зошто? Затоа што Коељо во тие страници без тупење ќе ја раскаже приказната без непотребни делови како фустаните, рамката, куќата...и на крај истата таа приказна ќе ти остави многу поголем впечаток и ќе те натера да размислуваш многу повеќе отколку приказната за некои си аристократи и емо женска која на крај ќе се фрли под воз. Јеп, можеби не сум некој голем љубител на книги или длабокоумен како останатите на темава, ама знам да разликувам досадни од интересни книги (иако секој си има свој вкус, можеби некој милува да чита за фустани и фризури???).
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Проблемот е што не постои класика како поим се е тоа сведено на лична перцепција. Има досадни книги кои дури и да имаат поента ќе се изгуби некаде во досадата и напорот кој го вложуваш , има лесно читливи книги кои немаат поента и имаат клише приказни ама се интересни за читање и има книги со поента и се лесни за читање .
Ако мене ме интересирало за слика на минати времиња ќе отворев историја и тоа ќе читав.
Поентата е не те прави ништо подобар од другите ако читаш „класици“ .
Има повеќе поента во стрип или графит одколку во дело со 5000 страни каде се тупи за тоа како се осеќал некој и како изгледала некоја , со описи долги два километра каде се губиш .
Млада дамо покрај што од америка потекнува (барем според општото мислење ) мас културата и дизни идеалите нивната литература не е за потценување .
Класиката постои и за најголем дел од луѓето е иста, горе-долу: Достоевски, Пушкин, Булгаков, Есенин, Толстој, Селинџер, Сервантес, Маркес, Џ. Лондон, Едгар Алан По, Хемнигвеј, Жил Верн, Волтер, Иго и други значајни и респектабилни автори, кои пред се, внеле нешто ново и дотогаш неприменето во литературата, започнале нов правец, пишувале за работи кои никој не ги гледал или не сакал да ги забележи, за човечките проблеми, за егзистенцијата, за дискриминацијата, за идеалот на човекот и сл.
Искрено мене не ми пречат описите на пред се, руските автори. Ниеден филм не може да ти го долови тој опис и таа замисла што самиот ќе си ја створиш за одреден лик или ситуација, онака како што ќе ја прочиташ во дадена книга. Да не беа тие километарски описи и подробности, Достоевски не ќе беше Достоевски, ќе беше Коелјо или Ден Браун. Ова како контраудар на темава, бидејќи речникот на овие двајца е барем за 10 пати посиромашен од оној на Достоевски.
Околу тоа дали те занима "историја" на литературата или животот пред 150 години: минатото ни помага да ја сфатиме сегашноста, и да се подготвиме за иднината. Нема иднина без минато. Мора да почнеш од некој темел од основа. А подобра од европските (најмногу пред се руските) класици мислам нема.
Никој не вика дека ако си ги читала "литературните класици", преку ноќ ќе станеш подобар и поискусен човек. Секоја книга не зема за цел да го исправи човекот на најдобриот пат, туку едноставно да му покаже како стојат некои работи, осетени на туѓ грб (во случајот јунаците од романите).
И ако забележиш подобро денешните писатели се викенд-писатели или турбо писатели каде се гледа да се издадат што повеќе книги за што подобра заработувачка, вклучувајќи ја тука и целата масовна пропагандна машинерија. Денешниот писател е бизнис-писател.
Пред неколку века, луѓето пишувале за идеали и за она што им лежело на душата, денес се пишува за да се пополни слободно време.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Што сè не се изначитав.

Толстој, Достоевски во споредба со Коељо и негово величење. Па луѓе ако Достоевски и Толстој ви се досадни поради реалистичните описи, а ја занемарувате целата останата убавина во тие дела не знам што да ви кажам.
Во времето на реализмот не постои визуелизација со помош на медиуми, па авторите и најситниот детаљ го пренесувале со зборови, за читателот да може да си создаде совршена слика за ликот. Сам да направи визуелизација. Кај романтичарските дела не постои тоа, веднаш се преминува на поентата. И да, и тука има дела што се сметаат за класика, земете го Пушкин на пример. Или Коељо е подобар од него? Каква споредба, бестселери со класика? Неверојатно. Ај сега речете дека и античката литература не вреди.

За да се читаат делата на класиците треба да се има познавање од митологија, антропологија, историја, а за тоа треба многу напор богами. За да се чита Коељо не ти треба никакво знаење, треба само да се восхитуваш на цитатите што тој ги презентира. Наспроти тоа за да се чита Венко Андоновски, треба да сме запознаени со многу реални настани затоа што тој ги прикажува во делата и со помош на постмодернистички осврт им дава фасцинантен белег.
Значи правам споредба со врвни автори од реализам и романтизам, наспроти современ автор со постмодернизам? Кај е Коељо тука?

Тој читател што го достигнал тоа духовно ниво, го достигнал тоа расположение за да чита класици. Не може да речеме јас сега да читам тешко филозофско дело и после да излезам во град и да се зафркавам, различни расположенија се тоа. Тогаш размислувам околу делото, длабоко суштински. Не можам после тоа да го читам Коељо, затоа што ќе ми поремети сè.

Книгата не се чита, книгата се чувствува и се живее. Колку и клише да звучи ова.
 
С

Сатори

Гостин
Млада дамо покрај што од америка потекнува (барем според општото мислење ) мас културата и дизни идеалите нивната литература не е за потценување .

Богат речник и описи долги неколку километри не ја прави книгата квалитетна туку дали баш во таа книга ќе те натера се индетификуваш со ликот и да се внесеш во приказната .
Во најмала мера да најдеш нешто со малце смисол и логика, и нешто што те допира,а не да читаш за нечие се самоубиство ради тоа што пичката не го ебела два посто или пак да загинеш ради пак пичка.
На крај краева ако сакав да паднам во депресија доволно е да вклучам вести на шител, канал 5 и рандом телевизија каде редовно се прикажуваат далеку пореални драми и далеку поголеми човекови глупости
Фак ит али мислам дека сите знаат што е реалност со исклучоци а и дека им е смачено од истата, исто така.
Во ова место и во ова време повеќето сакаат барем малце надеж макар и лажна :)


Барем според мене
Поздрав од Марс​
А Оскар Вајлд вели дека Надежта во сите нас е мртва ...

Марсовка, нормално е сите да имаме различен вкус, а јас никогаш нема да деградирам литература без разлика колку е голем или мал нејзиниот квалитет, напротив, се сложувам целосно со тоа дека кога читаме една книга треба да ни даде надеж или да не отргне од реалноста во која што живееме.
Но тоа не ми дава право во ниту еден случај да го неграм делото на Булгаков на пример, затоа што како што може Мајсторот и Маргарита да те отргне од реалноста, Пауло Колејо тоа не верувам дека ќе успее така да го изведе, но повторно, станува збор за вкус, а за вкусовите не се дебатира, се носат само индивидуални заклучоци за перцепцијата која што ја имаме кон една личност.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Пауло Коељо е пософтицирана варијанта на Марко Цепенков и нема шанса да се спореди со Достоевски, Толстољ и останатите великани па само една реченица на Маркез е колку едно цело дело на Коељо.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Пауло Коељо е пософтицирана варијанта на Марко Цепенков и нема шанса да се спореди со Достоевски, Толстољ и останатите великани па само една реченица на Маркез е колку едно цело дело на Коељо.
Комплетно се сложувам со тебе. Коељо успева во книгите да вметне позитивна нишка и со лесен нараторки стил книгата да изгледа како голема приказна. Јас не знам многу за него (освен дека одговара дури и на маилови на непознати фаци) ама во сите книги ми провејуваат делови од источњачките релиигии и учења.
Јас му одавам признание што успева да навлече голем број на читателска публика која инаку не е многу по овој спорт токму со лесниот стил.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Да, единствено нешто што ми пречи кај Коељо е што не остава простор читателот вистински да го доживее неговото дело. Само што сум почнала да читам и одма иде заплет и коа ке се завртис по 100 стр еве ти го крајот! И затоа книгите лесно му се голтаат. Има стил чоекот има замисла но никако неможе да се спореди со великаните Балзак Толстој и Достоевски затоа што они не го ТУПАТ туку сакаат пореално да го прикажат сето она кое го среќавале. Кога ги читам нивните дела како филм да глеам.
Омилена книга од Коељо - АЛХЕМИЧАРОТ. Книгата ме прероди.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Дали јас наидов на погрешните дела од Коељо, Вештицата од Потобело (понекоја убава мисла) и Вероника реши да умре (која не ја дочитав), па не ме воодушеви и неможам да го величам, освен да се сомневам дали да земам некое друго дело од него. Според постовите, мислам дека ќе вреди да сменам мислење почнувајќи од Алхемичарот ајде, и 11 минути.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Коељо е бизнисмен и знае што и треба на денешнава mediocre маса. Ниту повеќе ниту помалку. Знае како да се доближи со едноставни описи и квази-псеудо-филозофски мисли, и народов паѓа. Жал ми е што дојдовме во ера кога ќе се величат споменатиов господин, и Ден Браун, и Стефани Мејер, а автори од типот на Marion Zimmer Bradley се игнорирани.
 

bonbon4e

100% крејзи :P
Член од
4 септември 2010
Мислења
226
Поени од реакции
17
Ке цитирам мислења во "Победникот е сам"

"Тие знаат што ке речат "Парфемите", затоа дека секогаш го велат истото, но тие се преправаат дека им веруваат:
а) ... "Jас можам да ти го изменам животот "
б) .."Многу жени би сакале да бидат на твое место"
в)"... Засега се уште си млада, но помисли што ке биде со тебе по некоја година. Време е да се инвестира во нешто подолгорочно.
г) Женет сум ама жена ми... (тука реченицата може различно да завршува- .. е болна... , .. се зајикба дека ке се самоубие ако напуштам... )
д) Ти си принцеза и заслужуваш така да се однесуваат кон тебе.

Разговорот не се менува, се менува само желбата да се достигне максимумот подароци ( по можност накит кој потоа може да се продаде), покана за забавите на јахтите, да се соберат што е можно повеке визит карти, да се добие покана на трките на Формула 1 "

"Имаше 11 год. и ја играше својстава во прва театарска претстава во училиштето во Чикаго. Ја играше улогата на Лудиот шапкар кого Алиса го среќава во земјата на чудата. Кога дојде очекуваниот момент таа погреши. Публиката ништо не свати, но Габриела ја свати грешката, занеме и избега.
Многу деца минале низ истата ситуација кога ја играле улогата на лудиот шапкар, пепелашка, аладин или алиса. Решаваат да се одмаздат сакајки да бидат најдобри во еден домен за кој сите мислат дека се неспособни."еден ден вие ке ми завидувате " - си велат тие. Габриела сонуваше дека еден ден ке се врати во истото училиште овој пат како светско позната катерка со цела екипа и цела легија фанови и нејзините пријатели ке можат да кажат "еднаш бевме на сцена заедно со неа" Се надева дека еден ден како во приказната грдото пајче ке дојде во истото училиште да ја изигра Алиса како лебед и тоа без грешка. "
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Коељо е бизнисмен и знае што и треба на денешнава mediocre маса. Ниту повеќе ниту помалку. Знае како да се доближи со едноставни описи и квази-псеудо-филозофски мисли, и народов паѓа. Жал ми е што дојдовме во ера кога ќе се величат споменатиов господин, и Ден Браун, и Стефани Мејер, а автори од типот на Marion Zimmer Bradley се игнорирани.
Мислам дека авторката што ја спомена е најчесто игнорирана поради тоа што нејзините дела спаѓаат во кaтегориите фантазија и научна фантастика, кои за жал се едни од најпотценетите жанрови.
Enough said.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Мислам дека авторката што ја спомена е најчесто игнорирана поради тоа што нејзините дела спаѓаат во кaтегориите фантазија и научна фантастика, кои за жал се едни од најпотценетите жанрови.
Enough said.
Ноуп, фантазија е Хари Потер па види што направи. Едноставно, за успех во денешно време треба многу повеќе од умешност. Треба маркетинг, треба среќа, треба да се погоди...
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Ноуп, фантазија е Хари Потер па види што направи. Едноставно, за успех во денешно време треба многу повеќе од умешност. Треба маркетинг, треба среќа, треба да се погоди...
Точно, Хари Потер е фантазија и е доста позната книга, но тоа е проблемот обично таквите книги се доста попопуларни од останатите поквалитетни фантазии со што се добива и погрешна слика за самиот жанр. Многумина мислат дека тоа е оригинално дело, но всушност претставува обична сенка на други доста подобри фантстични дела. Поради тоа кај нас секој знае за Кристофер Паолони( авторот на Ерагон), Стефани Маер и Роулинг, но ретко кој слушнал за некој друг значаен автор од овој жaнр. Во Македонија се преведуваат мал број вакви дела и не се внимава на квалитетот туку на популарноста. Можеби во мојот одговор требаше да потенцирам дека се игнорираат делата од овој жанр што имаат квалитет.

Да не забегам премногу, ова е тема за Паоло Коељо, засега го немам читано и не можам да дадам коментари. Можеби и покрај критиките ќе прочитам нешто до него за да се уверам во квалитетот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom