Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Транс - уметност бе друже. Иако многу луѓе ќе*аат дека електронската музика не била уметност пошо се се праело на компјутер не се у право.
Како прво има и вокали (најмногу во вокал трансот), има и гитари и секако најголем број на ДиЏеи настапуваат со лајв ектс а не со ДиЏеј сет.
Иначе транс многу љубам и слушам. Тоа е нешто што не може а да не ме дигне од земја. Без разлика каков е т.е. дали е вокал, гоа, псај, дарк мене ми е сеедно. Слушам секаков транс и според мене тоа е врв на денешната музичка сцена.
Инаку до сега сум бил на мал милион журки и ниеднаш не сум конзумирал дрога бидејќи трансот мене може да ме внесе у филм и без тоа (овде не зборам за вокал транс). Иначе мислам дека во Скопје навистина фали место за транс журки. Ретокс како што слушнав е премало за такви ствари.
:helou:
Иначе мислам дека во Скопје навистина фали место за транс журки. Ретокс како што слушнав е премало за такви ствари.
:helou:
Грешка! Кој го памти времето 2003та-2005-та (ем најплоден период со квалитетна музика, ем журки на тони) си знае...
И денес има журки...јбг Ритокс се рекламира овде, затоа само тоа го знаат ситего имате Пабло исто, момците од ДД кру кои што сеа малце згаснаа (оправдано НГ ова она), прајвет журки по шумици, локали, барови итн...па и во Папаја есенва се праеа журки итн...имаше едно време и во Стив студентскиот итн...реално, многу малце луѓе го фураат тој филм :wink: шо има да се замарам да зборам овде, коа нема со кој?!
Пис бабас
А шо е врскава меѓу ЖМЖ и транс?еееимало саглам луѓе... немора поќе да пишам виктор го напиша истото за двајцата... а иначе за тој шо јајт (шо не е за јадење) за електронската музика ево еден линк... нека чует и да видиме после( не е транс ама електронска музика е )
Тоа е проблемот бе златен...кој сака да го фура тоа ќе најде се па и на месечина да е...:wink:
Само лично мислење!
Убеди ме во спротивното со аргументи;
-Јас искрено познавам САМО еден чоек шо слуша,почитува,следи транс музика но и ја знае и филозофијата,ритмиката,елементите......
Да нагласам,зборувам за транс од типот на псај,фул он,гоа.....можда и други подправци јас шо не ги знам или не ми текнуваат во моментов но од прилика на таа основа.Значи праам муабет за она источното што го викаат транс
Да се навратам на погореспоменатото; Едноставно сакам да кажам дека поголемиот дел од фановите и слушателите на транс музиката немаат визија за слушање на музиката туку убаво им е да слушаат набиен бит од 140 па нагоре и некој елемент као со сабја/катана да ги сече фиу фиу и ги ака од земја и пак имаш: так так так так так так так тата так так так.......
Нормално дека во СЕ има исклучоци и апсолутно респект за нив,но грото гледано одат по транс журки за да се назобаат.
Само мое лично мислење и ништо повеќе :smir:
Друже од прилика на ицтото мислење сме.Нигде не реков дека СИТЕ што идат на транс идат за да се накркаат,ама ГРОТО од тие шо идат тоа им е примарната цел :smir:Еве и мое лично мислење...
Ретки се тие шо идат по журки чисти, 70% од народот сака да кркне нешто на транс журчиња, и да се внесе у филм... а остатокот се оние типците кои ја разбираат музиката, и одат да слушаат музика на журка, а не да се внесуваат у филм.
Ја од 13-14 години слушам транс, сум поминал многу журчиња, сум идел и ваков и таков на журчиња, разликата неможам да ја споредам, исто ми е барем мене, пошо сум страсен слушател на транс.
Едноставно и трезен и онаков може да ме дигне музиката.
Да не слушав транс, можеби немаше да идам на транс журки, а и да сум идел музиката ќе ми била цело време „тупси дупси“ и ќе се чудев шо е ова, и ќе сум земел некое средство за „journey in trance“ и ќе ми било топ.
П.С. Значи има луѓе што не им е потребно психотропно средство за да уживаат у транс.