81 издание на Оскар

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Кога слушнав дека го номинирале Хит за Оскар,морници ми пролазија низ телото.Во глава ми дојде слика како го читаат неговото име,а целиот аудиториом станува на нозе и громогласно му оддава почит.Браво за Академијата што одлучила постхумно да го номинира тој голем актер (се надевам ќе ја поправат грешката кога не го наградија за Скршенгрб планина).Хит заслужува да го добие Оскарот,подеднакво како што го заслужуваше пред три години.Од другите номинации ќе стегам палци за Бред Пит и Кејт Винслет,а за најдобар филм ќе го дадам моето мислење одкако ќе ги погледнам номинираните филмови:back:
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: Песната, дефинитивно мора да ја освои за најдобра музика ауу цел се наежив:


'Jai Ho' - Slumdog Millionaire, ја замислувам сцената во Кодак Театрот, со 100 индијци како ја играат кореографијата како на крајот од филмот :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Песнава е навистина преубава,во ориентален стил што ми се допаѓа.А го има ли некој гледано филмот и дали ми го препорачувате?
 
Песнава е навистина преубава,во ориентален стил што ми се допаѓа.А го има ли некој гледано филмот и дали ми го препорачувате?
Slumdog? Одличен е, одма земај го. Супер филмче е.
 
Песнава е навистина преубава,во ориентален стил што ми се допаѓа.А го има ли некој гледано филмот и дали ми го препорачувате?

Уште една препорака, вистинско ремек дело, искрено после овој филм се заинтересирав за Боливуд :pipi:. А имам рецензија во последен гледан филм веќе два пати го изгледав, нема да ми здосади уште еднаш, предобро!

Заедно со Бенџамин Батон сега за сега фаворити :pipi:
 
Нека ни е на здравје, нашите телевизии не се способни да емитуваат ваков настан, затоа барајте си канал или гледајте преку stream...

јас или на Pro7 или на ХРТ ќе си гледам :vozbud: Can't wait!
 
Slumdog планирам да го гледам петок вечер, а Dark кnight ми е фаворит. А зошто секогаш во недела се да не можам да ги гледам :)
 
Инаку Slumdog ептен му води во популарност на Button, па се надевам дека академијата, во желбата да поттурне американска приказна (нема да им биде првпат), нема да направи глупост. Критиките на јавноста јасно си кажаа кој убедлив фаворит.

movie.jpg



Најспектакуларното водство е во категоријата за најдобра споредна машка улога, каде практично и нема конкуренција:

supporting.jpg



Анкетиве ги има на IMDB и може да се гласа, но мислам дека треба да бидете регистрирани за тоа.
 
Јас веќе се изјаснив на ИМДБ :pipi:

Slumdog Millionaire, deffinitely :smir: Бенџамин Батон веќе не го споредувам, по уште еднаш гледан, филмот ми станува се‘ поубав и поубав :jaj:
 
Oscars weekend:tv: Темата е поставена за важна.
Сите номинации тука.
На ХРТ 1 во 01:55 минути недела навечер (т.е. понеделник сабајле) вечерта меѓу 22 и 23 февруари.
Discussions here.
 
slumdog_tt.jpg


Сламдог подготвен за триумф на Оскарите

Љубовната приказна базирана во Индија е подготвена да го круниса досегашниот успех со триумфален настап на церемонијата за доделување на Оскарите, која ќе се одржи во недела навечер...
 
Прво да кажам дека срамота ниедна наша телевизија да не емитува оскари.Катастрофа.Иначе еве јас како типувам за главните награди :

Најдобар филм - Slumdog Millioner

Најдобар режисер - Danny Boyle за Slumdog Millioner

Најдобар актер - Се двоумам помеѓу Шон Пен што изглуми педер и Мики Рурк за Борачот ( се надам дека Мики Рурк ке тепа )

Најдобра актерка - Кејт Винслет за The Reader

Најдобра споредна машка улога - Со сета почит не дека е починат ама Хит Леџер е незаменлив

Најдобра споредна женска улога - Пенелопи Круз за Vicky Cristina Barcelona

Најдобар анимиран филм - WALL-E
 
Не ги гледав повеќето други женски актерки во фимовите во кои се номинирани, ама Кејт Винслет? Ништо спектакуларно не напрај во филмот освен шо се сексаше со момчето. А во филмот со ДиКаприо, бетер беше...
 
Не ги гледав повеќето други женски актерки во фимовите во кои се номинирани, ама Кејт Винслет? Ништо спектакуларно не напрај во филмот освен шо се сексаше со момчето. А во филмот со ДиКаприо, бетер беше...

Во право си.Оваа година во категориите за најдобра актерка и за најдобра споредна актерка многу слаби се кандидатките :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom