Јас си седев на кревет во соба и одеднаш осетив дека се лула креветот и наткасничката што ми е до креветот се тресеше. Си викам ова земјотрес ли е или ми се присторува нешто .
Близу до Гостивар бил епицентарот, 2 километри под површината на земјата, 4.9 степени по Рихтеровата скала. Се осети прилично и кај мене, поготово зашто живеам во стан, ми се тресеше елката:nesvest:
5.0 степени е беља работа. Длабина на центарот на земјотресот е 2 км. Да беше еден степен повеќе ќе имаше сериозни рушевини.
И уште една работа. Тие што се на први кат или по куќи или надвор на улица многу малку осеќаат, и затоа тие што не осетиле веројатно биле на пониско ниво. Што повисоко толку повеќе се осеќа, мислам на објекти.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.