Чуда

  • Креатор на темата Креатор на темата G-ca Ljubov
  • Време на започнување Време на започнување
Ти пишав еден голем пост и пред да го пратам ми рикна лап-топот. Мора да сум бил многу зајадлив.
Затоа, од компјутеров на ќерка ми, овој пост ќе го направам пократок и поискрен.

Прво, само на кратко: Ако во систем имаш две тела, тогаш никогаш нема да бидеш сигурен кое се движи, а кое стои. Затоа, сети се на двата воза во станица, кога седејќи во едниот не знаеш дали се движи твојот или другиот воз. Се додека не ја провериш пригата или пејсажот.

Затоа ни требаат ѕвездите.

Јас лично, спорниов феномен сум го забележал вака:

Ако Земјата стои во место следново ќе биде точно:
1. ѕвездите секогаш ќе бидат на истото место на небото во исто време од денот/ноќта
2. сонцето ќе изгрева и заоѓа на истото место на хоризонтот

Прво, забележав дека летно време сонцето има поинаква патека преку небото отколку преку зима. Вторава патека е пониско на хоризонтот. Со тоа 2-ката не ми е ОК.
Кога бев копиљ, секое лето одев во Охрид кај баба ми. Навечер, кога се враќавме накај дома после шеталиште (најверојатно околу 9-10 навечер), секогаш ја гледав големата мечка точно над оџакот од куќата на баба ми. Секогаш одевме во јуни таму, после оценките у школо.
Кога еднаш у средно отидов во Охрид во зима, одејќи накај куќата на баба ми се откачив кога видов дека големата мечка е сосем лево. Секако, времето беше отприлика тоа - 9 ипол навечер. Така јас самиот тогаш уште и без да знам го проверив 1. Значи ѕвездите не секогаш се на истото место на небото во исто време од денот.

Мене, овие две работи ми покажаа дека земјата не е статича, туку дека патува низ простор.

Некаде во 3-4 одделение учевме повеќе за годишните времиња и јас го сфатив концептот на револуција, како различен од линеарно движење. Затоа сега можам да речам дека сум забележал (јас самиот) дека Земјата, во своето движење низ просторот повторно и повторно доаѓа на едно исто место. Мене, од искуство (лично), тоа ми кажува дека Земјата најверојатно се движи по кружна патека, или барем елиптична.

Јас многу сакам природа и транс фестивали. Овие вториве се организираат на отворено, во природа, понекогаш и по повод целосно затемнување на сонцето. Од моите досега проследени три целосни затемнувања недвосмислено тврдам дека месечината се движи околу земјата и дека секој нареден ден е се повеќе и повеќе осветлена преку ноќ, и секогаш од онаа страна од која „заминало“ сонцето, но во зависност од времето во годината (некогаш фестивалот беше во јануари, еднаш во март и еднаш во август) месечината се „полнеше“ со светлина од различна точка на својот обем.

Овие работи споени заедно (ноќното небо кое е различно посеано со истите соѕвездија, во текот на годината, различната патека која ја изодува сонцето во текот на денот зависно од времето во годината, и аголот под кој месечината се полни и празни зависно од времето во годината, очигледноста на револуцијата на земјата) и поткрепени со мааалку логика, мене лично ми покажаа дека земјата се врти околу сонцето, а не обратно.

Затоа ни требаа ѕвездите.

Јас не викам дека е ова конечната вистина. Обрни внимание, Мики. Викам дека е едно од објективно проверливите тези.

Што можеш ти, објективно проверливо да кажеш за твоето видување на земјата и универзумот?

* * *

Ако некој сака упатство за тоа како може самиот/самата да провери дали земјата се врти околу сонцето и на Мики после да му се прави фраер, бујрум:

http://en.allexperts.com/q/Astronomy-1360/earth-revolves-around-sun.htm

1. рекла-кажала
2. расипан телефон
3. бабите рекоа...
4. жените од маало кажааа...
5. дрн-дрн јариња...

И така натаму...Просто кажано, постов ти е по принципот „...од шумата, не можат да се видта дрвјата...„.

Ај потруди се пак, ама сега со двокилометарски пост.

П.С. Во твојов пост, го напиша токму она кое очекував дека ќе го напишеш: што некој видел, а овој на другиот му кажал, а другиов на третиот му пренел, а третиот на четвртиот му прераскажал, а до тебе дошла убавата приказна за вртењето на Сонцето околу Земјата. Просто е прашањето: дали твоето око гледа дека Земјата се врти околу Сонцето или обратно, а прашањето не ми беше што некој друг видел што околу што се врти!?
 
Епа Мики, што да ти кажам. Прочитај повторно. Ти кажувам како јас сум забечежал. Само знај, укорен од Маркус, јас повеќе нема да бистрам физика со архитекти на Религија, пошто и самиот мислам дека е беспредметно да ти објаснувам ствари од основно.
Ако стварно те интересира, отвори тема дали земјата се врти околу сонцето, па ја со задоволство ќе се појавам таму.
 
Благодарам на Вашиот исцрпен одговор.

Тоа што „...ти си го забележал...„ е всушност, саде нешто кое некој друг го забележал. Никаде не прочитав што ти си забележал. Ама ајде, да не должам многу, оти твојот пост кажува се.
 
Точно. Кажува уште и што треба да направиш ако уште имаш недоумици.
 
A да дефиниравте чудо? Според МIKI1 воскреснување мртов?
Тогаш чудо е синоним за бајка. Ништо друго.

:back:
 
„Чудо„ е настан кој по својата суштина е необичен, несекојдневен, туѓ на нашето емпириско/искуствено сознание.

Така, ако некој воскреснал, тоа навиСтина е чудо, оти таков настан не се случува секоја секунда. ако некој е моментално ислечен од неизлечива болест, како што тоа го чинеше Хрисост, и тој наста, тоа излекување е чудо, оти е јасно дека лекувањето дури и на најобична настинка, одзема повеќе денови.
 
(1) „Чудо„ е настан кој по својата суштина е необичен, несекојдневен, туѓ на нашето емпириско/искуствено сознание.

(2) Така, ако некој воскреснал, тоа навиСтина е чудо, оти таков настан не се случува секоја секунда. ако некој е моментално ислечен од неизлечива болест, како што тоа го чинеше Хрисост, и тој наста, тоа излекување е чудо, оти е јасно дека лекувањето дури и на најобична настинка, одзема повеќе денови.

(1) Тоа не е чудо, Мики. Тоа е сеуште необјаснет настан. Пр. Ако чуеш нов стил на музика, необичен за тебе суштински, несекојдневен е (пошто не секој ден си ја слушал) и ти е туѓ - не го прави тој музички стил Чудо. Тоа е само нешто што ти сеуште не можеш да си го објасниш. Кога ќе си го објасниш - тоа веќе не е Чудо.

(2) кога некој ќе воскресне - тоа ќе биде чудо. До сега, во запамтената историја на човештвото такво нешто сеуште се нема случено. Кога ќе се случи - ќе збориме за чудо. Тоа прикаските твои што викаат - тоа се прикаски. Не е тоа историја. За да биде историја, потребни ти се независни извори кои ќе го потврдат тоа. Ти имаш само збирка приказни. Ништо повеќе.
 
„Чудо„ е настан кој по својата суштина е необичен, несекојдневен, туѓ на нашето емпириско/искуствено сознание.

Така, ако некој воскреснал, тоа навиСтина е чудо, оти таков настан не се случува секоја секунда. ако некој е моментално ислечен од неизлечива болест, како што тоа го чинеше Хрисост, и тој наста, тоа излекување е чудо, оти е јасно дека лекувањето дури и на најобична настинка, одзема повеќе денови.

Да изоставиме фактот дека темава е во религија, дали несекојдневен настан без икаква поврзаност со Господ може да се окарактеризира како чудо? И да изоставиме бајки-wise фактите како воскреснување, лечење сиде со допир и слично. Што мислиш за синонимот најчесто користен за чуда - коинциденција? Зборам за реални ствари. Воскреснување и се остало во тој контекст чувај за Холивуд сценаристите. Ионака им недостига добри зомби-related скрипти за филмови.
 
Не постои настан, кој се случил/случува/ќе се случи без Божја промисла или Божјо допуштање.
 
:vozbud:

Aко те изпцујам и етикирам како најголемиот идиот на форумов, дали тоа е gods will or my free will?
Нели тој ни дал слободна волја. Значи јас те пцујам без допуштање од Бог.
Што ја побива твојата теорија дека се` што се случува иде преку него.
 
(1) Тоа не е чудо, Мики. Тоа е сеуште необјаснет настан. Пр. Ако чуеш нов стил на музика, необичен за тебе суштински, несекојдневен е (пошто не секој ден си ја слушал) и ти е туѓ - не го прави тој музички стил Чудо. Тоа е само нешто што ти сеуште не можеш да си го објасниш. Кога ќе си го објасниш - тоа веќе не е Чудо.

(2) кога некој ќе воскресне - тоа ќе биде чудо. До сега, во запамтената историја на човештвото такво нешто сеуште се нема случено. Кога ќе се случи - ќе збориме за чудо. Тоа прикаските твои што викаат - тоа се прикаски. Не е тоа историја. За да биде историја, потребни ти се независни извори кои ќе го потврдат тоа. Ти имаш само збирка приказни. Ништо повеќе.

1. Да, тоа е чудо. Секој световен настан може да се објасни, но не може да се објаснат Божјите чуда, оти никому тоа сеуште не му успеало.

2. Да, веќе воскреснаа. Новиот Завет ни сведочи за такви чуда.

Т.н. „незвисни„ извори секогаш, и секаде се „најзависни„ извори: зависни се од своите нарачатели. Така на пример, кога Исус воскресна, јудејското свештенство ги потплапи римските војници лажно да посведочат за Исусовото воскресение! Најоглем дел од официјалните историчари, се страотно зависни ос власта, која ги „врбува„ за фризирање на историјата во корист на официјалната политика од било која власт! Не е случајно шпто меѓу световните науки, само историјата ја нарекуваат „ороспија„, оти секоја власт ја „обработува„ историјата по своја мерка!. И само историјата не може емпириски да се потврди, оти е иреверзибилна! Така, било кој може да си напише историја каква му одговара....

А ти, слободно барај „неазвисни„ извори, живо ме „занима„ кои се тие...

:vozbud:

Aко те изпцујам и етикирам како најголемиот идиот на форумов, дали тоа е gods will or my free will?
Нели тој ни дал слободна волја. Значи јас те пцујам без допуштање од Бог.
Што ја побива твојата теорија дека се` што се случува иде преку него.

Да, тоа твое пуцење ќе биде производ од твојата слободна волја, но Христос веќе не предупреди дека ќе одговараме за секој наш лош збор. Повели, пцуј ме и понатаму, а твоето пцуење до мене и „пофалните„ зборови („идиот„ и сл). ќе го сметам за потврда на мојот добар пат и избор, оти и Христа Бога Го исмејуваа, Го плукаа, Го тепаа...Зашто не и мене:?
 
Не постои настан, кој се случил/случува/ќе се случи без Божја промисла или Божјо допуштање.
Значи Господ допушти да се убијат 6 милиони Евреи, Господ допушти да умираат невини новороденчиња, Господ допушти да падне берзата, Господ допушти да умре пола Европа од чума... И како е Господ праведен, добар ?
 
Да, Бог сето тоа го допушта (ова со берзата е човечко дело, не Божјо...). А која е целта и смислата од допуштените дела, тоа е прашање на кое само блиските до Бога можат да одговорат.
 
Да, Бог сето тоа го допушта (ова со берзата е човечко дело, не Божјо...). А која е целта и смислата од допуштените дела, тоа е прашање на кое само блиските до Бога можат да одговорат.

Зошто Бог убива луѓе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom