Чуда

  • Креатор на темата Креатор на темата G-ca Ljubov
  • Време на започнување Време на започнување
Те држам за збор, Деби :)

Ама ај, плиз, за секој случај, да можеме да провериме за некое време, опиши ни ја, во кратки црти, колата која ја посакуваш. Те молам, замисли ја јасно и посакај ја искрено. Озбилно. Нека биде ова еден експеримент кој лесно ќе можеме да го провериме понатаму. Само, плиз, како искрен христијанин, навистина замисли ја и опиши ни ја во еден параграф.
Moze li slika da vi pratam, da videte kako ja zamisluvam? :)
40866980
 
Moze li slika da vi pratam, da videte kako ja zamisluvam? :)
слика е ОК, ама Деби, озбилно: ако навистина ја замислиш и стварно ја посакаш - без финти, без „да, ама“...

Лепи - да видиме!
 
Da napisam i adresa moze nekoj ima namera da mi ja ispolni zelbata? :)

mercedes_vaneo_r22.jpg
 
Се што не ни е јасно е чудо.
Исто како што на нашите предци им било чудо грмењето, дождот, затемнувањето на сонцето и сл.
Така да чуда не постојат. За се има објаснување, само што за некое објаснување треба да се почека, понекогаш и со векови. :toe:
 
Da napisam i adresa moze nekoj ima namera da mi ja ispolni zelbata? :)

mercedes_vaneo_r22.jpg
Епа, Деби, ај честито. Ја имаш ;)
Набрзо, се надевам, и ќе ја возиш. Погледни ја уште пар пати, посакај ја искрено, без „ама“. И верувајќи, заборави на неа.

Ќе провериме за некое време. Ја држам палци.
 
Све е тоа ОК, љубовџике, за педерските права, за абортусот, екуменизмот и биометриските документи, во случај да си ти анархист или бунтовник по темперамент. Но да тврдиш нешто така радикално заземајќи се за религија која промовира толеранција, милост и вртење на другиот образ... што знам... некако контрадикторно ми е во срж.

„радикалноста за вистината“ мене ми е некако много старозаветна, а Исус ми е некако новозаветен... и милозлив и полн со разбирање и прочка.

Ти, од друга страна ми звучиш вака:

И затоа не ми е јасно како милоста на Исус, од една, а раженот од друга страна.
:pos2::pos2::pos2::pos2: Секоја чест никој не ме насмеал како ти досега вагаш цитати од други теми за да ме оцрниш паметно паметно :) Па јас не сум Бог, само во некој си мал процент делумно можам да наликувам на него како и другите луге, не биди лицемер...Значи не сум се заветила јас да станам монахиња и тоа треба сите да го сватат јас сум само обичен човек кој гледа колку толку да се движи во вистинската насока.. И молимте што толку се факате за некоја глупава шега ама овие претераа па редно беше да добијат на подарок и некој збор и од мене :) тој е мој начин сеа ти свати го како сакаш мислиш ли дека јас сум способна да убијам некој па уште радикално толку да го иселам на марс :pos2:. Јас во предходни мои постови во однос на педерите образложив не треба исклучување од општествената заедница туку соодветен третман и помош ама мене ми пречи што тие тврдат дека се во право и сакаат да го наметнат како нешто нормално епа нема ако имам проблем признавам дека имам проблем и барам решение но не го оправдувам...Разбирање јас ти кажав горе пример и тоа од мојата вера од мојот Бог Исус Христос, не може да се има за се разбирање тогаш испага дека ги оправдуваме гревовите и тоа би било голема контрадикторност во нашата вера... Некој е убица силовач злосторник како да имам разбирање за таков не треба да се отфрли но треба да му се помогне ова може да се нарече разбирање, а не разбирање со молчење и оправдување на проблемот..
 
чудо е се она додека не му се најде “финтата“ на неговото претставување
 
Е на некои работи не им се наога финтата помирете се со тоа :) или ете прикажана ви е финтата го знаете творецот ама не прифакате...друга финта нема
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: Bog??!!! Se drugo, samo ne Bog... Ne im go spomnuvaj... Ne znam neli se prasuvate luge, zosto ste tolku alergicni na Bog? :toe:
 
Хаха не знам да ти кажам абе гаволи да беа не ке бегаа толку од него знаеш ја што мислам не дај боже форумов да емитираше мирис ке ги подзачадев тро со темјан белким ке избегаше од нив лошото ама од овие господ избегал а и гаволот има кренато раце :) може мурот кај шо не треба да му го закачат:)
 
Е на некои работи не им се наога финтата помирете се со тоа :) или ете прикажана ви е финтата го знаете творецот ама не прифакате...друга финта нема
не знам ти како го замислуваш бог......бог според тебе ќе да нема смисла за хумор...+ досега се нема претставено,не верувам дека преку вашите ЧУДА бил баш тој...
можеби пологично е бог да направи ЧУДО за угнетените,луѓе врз кои е извршена неправда,гладните од африка итн итн...
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: Bog??!!! Se drugo, samo ne Bog... Ne im go spomnuvaj... Ne znam neli se prasuvate luge, zosto ste tolku alergicni na Bog? :toe:
Можеби затоа што заслугите за постоењето на се видливо и опипливо за нас на земјава треба да се препише само на нас, луѓето. Да не се признае дека во сето тоа има Божја помош...човекот е центар на светот...нешто слично? Човекот е самобендисано суштество и го повикува Бог напомош (барем повеќето од нас) само кога е во ужасни болки, пред својот крај или во ужасна мака. Во други случаи ниту го спомнуваме ниту се помолуваме (има исклучоци, но за жал нема многу)...се додека не ни затреба. Дотогаш ние како -јас- суштества сме центар на светот, не признаваме творци, креатори, идеи...материјалната страна на креирањето и на денешницата преовладува, за жал :toe:

не верувам дека преку вашите ЧУДА бил баш тој...
можеби пологично е бог да направи ЧУДО
Дополнување. Не секој верува во чуда, но не се ниту сите чуда -чуда. Некои се симулирани, некои не се... Но кои се, а кои не се...тука не можам ништо да кажам-тоа не е веќе за форумските постови :)
 
:pos2::pos2::pos2::pos2: Секоја чест никој не ме насмеал како ти досега вагаш цитати од други теми за да ме оцрниш паметно паметно :) Па јас не сум Бог, само во некој си мал процент делумно можам да наликувам на него како и другите луге, не биди лицемер...Значи не сум се заветила јас да станам монахиња и тоа треба сите да го сватат јас сум само обичен човек кој гледа колку толку да се движи во вистинската насока.. И молимте што толку се факате за некоја глупава шега ама овие претераа па редно беше да добијат на подарок и некој збор и од мене :) тој е мој начин сеа ти свати го како сакаш мислиш ли дека јас сум способна да убијам некој па уште радикално толку да го иселам на марс :pos2:. Јас во предходни мои постови во однос на педерите образложив не треба исклучување од општествената заедница туку соодветен третман и помош ама мене ми пречи што тие тврдат дека се во право и сакаат да го наметнат како нешто нормално епа нема ако имам проблем признавам дека имам проблем и барам решение но не го оправдувам...Разбирање јас ти кажав горе пример и тоа од мојата вера од мојот Бог Исус Христос, не може да се има за се разбирање тогаш испага дека ги оправдуваме гревовите и тоа би било голема контрадикторност во нашата вера... Некој е убица силовач злосторник како да имам разбирање за таков не треба да се отфрли но треба да му се помогне ова може да се нарече разбирање, а не разбирање со молчење и оправдување на проблемот..

Малку некако конфузно, ама го прочитав 2-3 пати и мислам дека разбирам. Мислам дека се обидуваш да кажеш дека си верник, ама дека не си лоботомирана, па слепо да си у молитва 24/7. Претпоставувам дека е тоа тоа, не?

Во секој случај, мене поентата ми беше лицемерие. „Господ е голем, многу го сакам, го почитувам и слушам, ама матер им е*ем на тоа педерите (ова е пример - те молам не се возбудувај).

Гледам дека е многу лесно на форумиве да се демонстрира вера, верба, посветеност, предаденост на бога. Да се манифестира екстремна толерантност (i.e. сирово христијанство) се чини поедноставно од менување прегорена сијалица. Се додека не ги прочешлаш мислењата малку повнимателно. Све си пишува таму. И колку е некој верник и колку е посветен и колку е доследен на тоа што го зборува. Све си стои.

Инаку, за се може да се има разбирање. Тоа е, нели, идејата на христијанството - љубов, разбирање и толерантност. Ама полесно е да го декларираш отколку навистина да го направиш, нели?

Е на некои работи не им се наога финтата помирете се со тоа :) или ете прикажана ви е финтата го знаете творецот ама не прифакате...друга финта нема

Да, на пример, не се најде финтата за тоа како се создава дождот, па уште сме свесни дека господ го пушта. Не се најде финтата ниту на болестите, па сеуште знаеме дека се божја казна. Не се најде ни финтата за тркалезната земја, па уште не носат три кита (или слонови беа, на желка). Финтата на постепениот развој, исто така, уште не пронајдена, па, фала богу, знаеме дека сме од кал направени. И, најважно, ќути што не се најде финтата за создавањето на вселената, па уште не' создава полунаку*чениот дедо со бела брада, брзоменливо мислење и жед за повремена прочистувачка војна на плоснатава ни планета.
Ќути што на некои работи не им се наоѓа финтата и што сонцево се врти околу нас, а не ние околу него.
 
Ајде Дибек, покажи ја финтата со која ќе докажеш дека Земјата се врти околу Сонцето, оти моето вродено око ми дава непосредна информација-окото мое гледа дека Сонцето се врти околу Земјата. Ете, јас велам дека моето око гледа дека Сонцето ротира околу Земјата, а според тебе, кој околу кого ротира? Како и зашто?

Живо ме „занима„ твојата финта, со која ќе успееш да го побиеш она кое моето око ми го кажува изворно, а не преку „рекла-кажала„ и „расипан телефон„..
 
Браво архитекте! Одлично срочено.

Долго размислував како да одговорам. Се мислаев за некоја пластична аналогија со Google Earth. Побарав дури и помош. Зборував со еден другар аматер-астроном. Ама, сепак, после една длабока контемплација на се што досега сум ти прочитал на форумов, се одлучив за следново:

Во право си, Мики, сонцето навистина се врти околу земјата. Во право е Библијата кога го тврди тоа. А, бога ми, во право е и твојот бог кога тврди дека така ја направил земјата - сонцето да и се врти околу.

Со ова напишано, ти посакувам извонредни авантури низ непознатото и големи ненаучни откритија во твојата потрага по господ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom