Дали на некој му е најден телефонот ако бил изгубен или украден?

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување
Македонска вистина , секоја чест за постов , и срам за државата искорумпирана !

Бтв , јас изгубив телефон , не ми го најдоа , но мој пријател изгуби и за 1 недела максимум му го најдоа , сеа зависи како ке им прдне на тие од мвр , ако им се бара ке ти го најдат ако не здравје . Сеа па на снеговиве никако , рачунај кога ке се стопи .. со Господ напред не губи надеж :smir:

многу пати ко ке сум идел на истото место кај што се деси тоа се развртувам наоколу да не има некој...а исто мн пати сум размислувал и јас да го сторам истото одмосно да мавнам рекет на некој па да бидам 50:50 со државава ама сепак не.....а што викаш дека по сенговиве не им се бара....се сеќавам тоа беше ден пред државен празник па после следеше викенд....па дури у понеделник ќе пошнат денек да го бараат.абе се се поврзани со крадците и со мобилари и со полиција тоа е очигледно...ке земам јас ке купам некој краден N95 нека дојде некој од дома да ми го земе:nesum:
 
Се изначитав глупости на темава. Лоцирање преку GPRS, преку сателити, преку базна, преку GPS...абе преку NASA. Eлементарно непознавање на поими и лупетање.

Незнам како си замислувате вие дека би го лоцирале со сателит или преку GPS, па и дури преку базна, и како понатаму би се одвивало тоа откако ќе го лоцираат. Гледаат на монитор се наоѓа телефонот на раскрсницата помеѓу Партизанска и Рузвелтова и праќаат САС тим да го брка крадецот и да му направи "сачекуша"?

По IMEI бројот се наоѓа. Кога ќе стави друга сим картичка, покажува тој уред (со тој и тој IMEI) кој претплатнички број го користи. И после му вртат, му се претставуваат и му кажуваат фино лепо да го донесе телефонот во станица, ор елс...

Имаше случка мој колега купи телефон од Битпазар пред неколку години. И по извесно време му се јавува некој, му се претставува инспектор од полициска станица Битпазар и му вика дојди на разговор, овој мисли го дупи некој. И неколку пати така, и на крај му вика колегата ако имаш проблем дојди таму и таму работам, нема што јас да доаѓам. И стварно, дојдоа од полиција, му кажаа дека телефонот што го користи бил украден, и - остана човекот без телефон.
 
Вака сега.. Денеска една момичка изгуби мобилен во паркот во Струмица.. Најверојатно и падна од џебот и се затрупи во снегот (добра реченица, рима има :) ).. Бевме на snowball fight, така да не знаеме каде точно и паднал... Пробавме со јавување некако можеби да го слушнаме, ама недостапен е, изгледа од снегот телефонот е исклучен.. Може ли некако да се најде?
 
Toa so IMEI kodot go raboti Germanskata policija,pri sekoja kontrola na stranec go proveruva kodot i ako telefonot e prijaven kako izguben ili ukraden otide jabana.Sto se odnesuva do sledenjeto na signalot toa postoi,bez da ja smeni kartickata lopovot od T-Mobile a za drugite ne znam mozat da vidat vo koj grad go koristel telefonot?Na moj drugar mu ja ukradoa kolata so se telefon,vednas prijavi vo policija a bidejki imase dobri vrski od togasen MOBIMAK vednas se potrudija i otkrija deka telefonot e koristen vo Kumanovo,Kumanovskata policija zastana na site izlezi i gi fatija.Toa so sledenje na GPS signalot ili neznam sto mozete samo da go gledat vo filmot Enemy Of The State ili Deja Vu...

Вака сега.. Денеска една момичка изгуби мобилен во паркот во Струмица.. Најверојатно и падна од џебот и се затрупи во снегот (добра реченица, рима има :) ).. Бевме на snowball fight, така да не знаеме каде точно и паднал... Пробавме со јавување некако можеби да го слушнаме, ама недостапен е, изгледа од снегот телефонот е исклучен.. Може ли некако да се најде?

Moze,koga ke se stopi snegot i ako barate tamu kaj sto padnal? :smir:
 
На сестра ми и го украдоа мобилниот во април минатата година. Уште истиот ден пријавивме и во Космофон (секако и во полиција).
Од Космофон ни рекоа дека ќе го најдат 100%. До ден денес ни трага од мобилниот. Така да не се надевајте многу...:toe:
 
Пред некоја година негде го имав од џеб истресено мобилниот (јес да беше скапано ѓубре и припејд), по некој саат, два кога приметив дека го нема од друг мобилен го завртив бројот на изгубениот телефон (кој ѓавол ме натера)...тој што го нашол (маме му ебам) ми рече .... иди еби се....:toe:
 
Хахаха...
Мене ми го дигнаа од прес.
:toe:
Па ја запалив една цигара,под хитно отидов да го блокирам бројот,сконтав сместа кој ми го `позајмил` (мамицу ви јаречу,крембили едни... ако сте вие служба... :nerv:)
и искрено многу тешко ми падна разделбата со бројките на многу драги луѓе кои што сеуште 100% не сум ги надокнадил.

А не сум го барал.
Знам ја многу турски поговорки...
нема потреба да бараш да ти го најде тој што ти го `позајмил`.
 
на еден гостин летото му се загуби мобилниот,пријави во полиција,и му рекле 50 евра да платит за да активирале нешто да го најделе,не знам шо...Чоеков се изнервира,за 50 евра на пост-пејд нов мобилен ќе си купиш.....
 
Летото 2007 година, во Охрид. Си идам од градиште со рејсот(автобус:)), седам со девојка ми, телефонот (к750) во џепчето од ранецот, ранецот до мене. Позади седеа дечко и девојка!!! Проверив колку е саат пред да се качам во автобусот. Тие што седеа позади нас, се симнаа на првата станица. Кога јас се симнав понатака, глеам, телефонот го нема, џебот раскопчан. Арамиите позади го дигнале.
Пријавив во полиција и во т-mobile...и дури во ноември месец ми се јавија дека го нашле, па бев до Охрид да го зеам.
Го дигнаа на 2ри август.:)
 
Кога го изгубив телефонот, Моторола нов, уште не се продаваа такви во Македонија, не се ни мачев да го најдам, незнам зошто ама едноставно изгубив надеж и си реков кај овие ќе го најдат(т-мобиле), и така си замина телефонот...
 
Да да. Пеце-мкд го изгуби мобилниот пред година дена и го пријави. Уште утредента си го најде.Под седиште у кола:pos2::pos2:
 
Се изначитав глупости на темава. Лоцирање преку GPRS, преку сателити, преку базна, преку GPS...абе преку NASA. Eлементарно непознавање на поими и лупетање.

Незнам како си замислувате вие дека би го лоцирале со сателит или преку GPS, па и дури преку базна, и како понатаму би се одвивало тоа откако ќе го лоцираат. Гледаат на монитор се наоѓа телефонот на раскрсницата помеѓу Партизанска и Рузвелтова и праќаат САС тим да го брка крадецот и да му направи "сачекуша"?

По IMEI бројот се наоѓа. Кога ќе стави друга сим картичка, покажува тој уред (со тој и тој IMEI) кој претплатнички број го користи. И после му вртат, му се претставуваат и му кажуваат фино лепо да го донесе телефонот во станица, ор елс...

Имаше случка мој колега купи телефон од Битпазар пред неколку години. И по извесно време му се јавува некој, му се претставува инспектор од полициска станица Битпазар и му вика дојди на разговор, овој мисли го дупи некој. И неколку пати така, и на крај му вика колегата ако имаш проблем дојди таму и таму работам, нема што јас да доаѓам. И стварно, дојдоа од полиција, му кажаа дека телефонот што го користи бил украден, и - остана човекот без телефон.

Нешто за лоцирањето:
http://www.educypedia.be/electronics/rfgsm.htm
во делот:
GSM location positioning
 
го чекав на улица тато и ми испаднал од џеп и мама си идала од на работа, го познала дека е мој и го зела.. ете
 
Првпат кога си го изгубив телефонот пред 2-3 години поднесов барање за да ми го најдат , но до ден денес нема резултати , пред 3-4 месеци ми го украдоа телефонот одма пријавив у полиција ми побара Имеи бројот и после неколку дена ми се јавија да идам до станица да си го земам , а воедно и тој што ми го украде го фатиа...
 
Мој другар во такси најде iPhone 3G чисто нов и кога си одел од излегување сабота било тоа, бил многу пијан па го исклучил телефонот и го ставил во фиока. Но накај 5 часот наутро полицијата оп на врата го побарале телефонот и морал да го врати. Така да ако сака полицијата или мобилниот оператор да ти го најдат телефонот можат да го направат тоа за многу кратко време.
А еве и друг случај, братучедка ми изгуби Нокиа Е65 стара само еден месец исто така во такси и еве поминаа повеќе од 2 месеци и телефонот сеуште не и најден.:toe:

Напишано од Мистичен
Се изначитав глупости на темава. Лоцирање преку GPRS, преку сателити, преку базна, преку GPS...абе преку NASA. Eлементарно непознавање на поими и лупетање.

Незнам како си замислувате вие дека би го лоцирале со сателит или преку GPS, па и дури преку базна, и како понатаму би се одвивало тоа откако ќе го лоцираат. Гледаат на монитор се наоѓа телефонот на раскрсницата помеѓу Партизанска и Рузвелтова и праќаат САС тим да го брка крадецот и да му направи "сачекуша"?

По IMEI бројот се наоѓа. Кога ќе стави друга сим картичка, покажува тој уред (со тој и тој IMEI) кој претплатнички број го користи. И после му вртат, му се претставуваат и му кажуваат фино лепо да го донесе телефонот во станица, ор елс...

Имаше случка мој колега купи телефон од Битпазар пред неколку години. И по извесно време му се јавува некој, му се претставува инспектор од полициска станица Битпазар и му вика дојди на разговор, овој мисли го дупи некој. И неколку пати така, и на крај му вика колегата ако имаш проблем дојди таму и таму работам, нема што јас да доаѓам. И стварно, дојдоа од полиција, му кажаа дека телефонот што го користи бил украден, и - остана човекот без телефон.

Мистичен како и да е ако сакаат да ти го најдат телефонот можат да го сторат тоа, ако не ти можеш да чекаш и 10 години ако сакаш пак нема да ти го најдат, треба да имаш врски во полиција или кај мобилниот оператор за да почнат веднаш во потрага по телефонот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom