Предизборните анкети - лага или вистина?
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104004#komentari
05.02.2009 16:23 Иванов - Фрчкоски - Ружин - Бошкоски
Во жештината на меѓупартиските докажувања, освен обвинувањата, кавгите, навредите, во игра и анкетите. Тие се од официјални агенции, но и направени за партиски потреби.
Испитувањето, направено за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, покажува соодносот нивниот со кандидатот од противничкиот табор во првиот круг би бил 2,5 до 3 наспрема 1.
Бошкоски би добил 30 до 40.000 гласови, а Ружин некоја илјада помалку.
Во вториот круг, проценките на ВМРО-ДПМНЕ говорат - битката меѓу Фрчкоски и Иванов би завршила во полза на Иванов, и велат, доколку не се случи бојкот од една од поголемите опозициски партии, изборите би биле успешни со одзив поголем од неопходните 40%.
Според нивното истражување, ВМРО-ДПМНЕ подобро котира во сите општини, освен во Дебарца.
Велат подобро стојат и во Струмица, каде СДСМ се сигурни дека тоа е нивен бастион, и во Охрид и Куманово, каде што опозицијата вели дека актуелните градоначалници и повторно кандидати добро го одработиле мандатот.
Трајанов и Петковски во борба за Скопје
Од ВМРО-ДПМНЕ, велат имаат убедливо водство и во скопските Карпош, Аеродром и Кисела Вода, иако кандидатите за градоначалници не се познати.
Познат е дуелот за Скопје - Трајанов и Петковски, но конкретни податоци со бројки немаат, иако според рејтингот во општините од ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат убедлива победа. Од СДСМ немаат намера да се занимаваат со паниката на ВМРО-ДПМНЕ за која, велат, очигледно не постои вакцина.
Нивните кандидати ќе понудат програми и вистински решенија за проблемите на граѓаните.
Јасно е, реагираат од СДСМ, дека сите реакции на ВМРО-ДПМНЕ се последица на стравот од нискиот рејтинг на нивниот претседателски кандидат, кој не минувал ни кај нивното членство.
Есапот дома не е ист и на пазар, вели народот. Чиј есап бил реален, ќе покажат граѓаните на 22 март.
(C) А1 Телевизија
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104004