Ме мрзи да цитирам, дека би требало тогаш постот да ми наликува како роман еден долг. Не сум писател јебига. Само ќе набројам неколку точки како може да има соживот кај нас.
1991ва. Прогласување на незавиност на Р. Македонија. Албанците кои живеат во Р. Македонија по устав стануваат автоматски МАЛЦИНСТВО. Соживот.
Пароли од типот Смрт за Албанци, за Албанци Гасна Комора. Албански писатели не можат да пишуваат дела на албански јазик поврзани со албанската историја и култура, продолжена рака на југословенскиот (српскиот режим). Соживот
1993та Бит Пазар. Немам коментар. Соживот.
1995та. Тетово. Полиција убива 3ца протестанти. Соживот.
1997ма. Гостивар. Соживот.
2001ва. Исто така без коментар. Соживот.
Е сега, што е финтата?
Сум кажал, и ќе кажам пак. Со осамостојувањето на Р. Македонија се до 2001ва кон албанците се гледаше со криво око, Албанци. Просјаци. Малцинство. Граѓани од втор ред. Дури национални квоти имаше. 10 Албанци на факултет се примаат и точка. Кој ги ебе другите. Кога 50 години живееш под српска окупација (да..окупација) и учиш на српски, одеднаш македонците очекуваа дека албанците ќе го пеат македонскиот јазик како мајчин да им е. Преголеми и преамбициозни очекувања драги мои. Очекуваа македонците дека албанците ќе ја сакаат Македонија како нивна држава кога таа држава никогаш нема инвестирано ништо за нив. Школото Лирија не е реновирана од 1945та кога се изгради до ден денеска..Некој ќе даде сеа пример за некое македонско школо кое не е реновирано. Знам дека постојат такви примери еден куп. Поентата ми е дека македонски школи сепак има реновирани. Албанските ниедна барем до пред 2001ва. Албанската култура беше и сеуште е негирана. Во Музејот на Р. Македонија нема ниеден ебан предмет макар и книга што би ја отсликувала албанската култура во Македонија. Такви работи може да има многу, еден куп. Зашто? Па дека албанците живееле и твореле во Р. Македонија. Тие дела им припаѓаат и на македонците и на албанците. Првите, ги негираат. Ги забораваат. После чудно и неприфатливо е кога се отвара Музеј на Албанците во Скопје. Епа...ако ти (македонецот) не ме прифаќа под ист кров, ќе си изградам сам своја куќа...
2001ва беше удар кон македонската (или подобро да кажам пост-југословенската) политика во Р. Македонија кон албанскиот народ. Никако удар кон македонскиот народ. Жртвите, со искрено сожалување беа колатерална штета. Такви жртви имаше и помеѓу албанците да се разбереме. Имало, и ќе има жртви во такви конфликти, нивното спомнување после таков конфликт води само кон отварање на рани. Отварање на рани води кон нанесување на нови рани, и поголеми болки. Лекувањето на тие рани, е лекот.
Трн, ќе ти се обратам сега лично тебе, дека колку толку имаме една историја поминато заедно. Дали бе момче, кога се тепаа дечурлана на клупи се гледаше кој е албанец или кој е македонец? Знаеш колку пати сум го мкљал Фак на клупи? Секој го тепаше, добро утро добар ден му беше ќотекот на него. И сега сум го тепал демек бил македонец?? Ете искрено одговори ми. Сепак, според него, сум го тепал дека бил македонец, затоа и ми дојде Боби скинерот да ме тепа, хах.
Риза, Лоти, Гоце, сите албанци што седевме и пиевме и пушевме се гледавме како Албанци и македонци?? Колку пати сме се закачале со некого без разлика на вера и националност?
Биле тепани македонци во албански маала, пфф, и сеа албанците не сакале соживот??? Ајде да прошетаме низ Карпош и само графити да прочитаме. А за тоа колку биле тепани албанците по македонски маала не мора ни да броиме. Ти ме маваш, ја те мавам, ти ме пљукаш, ја те пљукам.
Арслош, каков соживот очекуваш бе чоече коа упорно одбиваш да ми се обратиш како албанец, настојуваш да ме викаш албанец?? Толку ти е тешко да ми се обратиш со албанец, да ми докажеш дека навистина сум ја тој што греши а ти си тој што сака соживот?? Докажи ми дека јас сум ѓубрето, биди фер и наречи ме албанец. Почитувај ме.
Арслош, си се фатил за тоа дека се вее албанско знаме во албанска куќа, а никој не гледам да реагира ако се вее Чилеанско знаме во Центар, или Српско знаме во Куманово, или Холандско знаме во Пјаца дел Торо...Толкава одбивност имаш кон албанското знаме?? Како тогаш очекуваш соживот со мене кога не ми го ни почитуваш националното знаме??
Ете Геџо убаво ви појасни...се тепале, се пцуеле...лека полека се опаметуваат, и седнуваат на маса едни со други, и дури чест и почитување има..зашто??? Дека се почитуваат едни со други.
Драги мои, кога ќе ме почитувате, и ќе ме нарекувате како албанец, ќе ми ја почитувате културата, историјата, фолклорот дека сепак, тие се работи кои што се мои, како човек, како личност. Ако ми дојдеш дома и седнеш на чај, немој да ми пцуеш чергичето, тогаш и јас кога ќе ти дојдам дома нема да ти пцујам крст и кандило.
Кога ќе се избрише прашината во Музејот на Град Скопје, и ќе се најде рафт два и за албанската историја присутна во Р. Македонија, тогаш и сами ќе го рушиме Музејот на Албанците во Чаир.
Дотогаш нема соживот.
Друго прашање кое што е поставено на темава. Ако нема соживот, што друго останува??
Одговорот, ви го оставам на вас бистри инфериорни вечни македонци, да си го одговорите сами во себе.