Тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Имам тетоважи, но имам една на гради како сувенир од алхохолизирани тинејџерски денови која не ја сакам. Колку пари чини отстранувањето? Или е подобро да ја покријам со останата тетоважа?

Отстранувањето е секогаш поскапо од самото тетовирање. Можеш да појдеш кај некој артист и он/а да види и процени дали успешно може да се покрие и да направи нешто друго од неа. Со среќа :)
 
И јас ти препорачувам да ја покриеш ако имаш идеја, ако не, само поголема пропаст ќе направиш. Ако навистина ја мразиш одстранија, одстранувањето е 1 цм квадратен-10 евра.
 
И јас ти препорачувам да ја покриеш ако имаш идеја, ако не, само поголема пропаст ќе направиш. Ако навистина ја мразиш одстранија, одстранувањето е 1 цм квадратен-10 евра.

Се познава нешто кога ќе ја одстранам? Или пак некој несакани ефекти?
 
Се познава нешто кога ќе ја одстранам? Или пак некој несакани ефекти?

Јас кога ја одстранив ми стоеше како лузна, модрина таков тип нешто. По 1 месец исчезвнуа и несе познава ништо. Одстранувањето е како да те пецка струја со ласерот, само после мора да го третираш со многу хемикалии оти е опасно по кожата ласерско одстранување ама се средува, па ти ја проверуват па те мачкаат со маст и друго.
Само ти кажувам дека по 1 месец кожата ќе ти се регенерира и ќе биди топ како нова, пошто ласерот ја уништува цела боја ама фактички и ткивото што ја задржало бојата, и тоа ти е еден вид на одстранување на кожа односно умртвување која ќе се регенерира. Има некој со старомоден зафат ја сечат кожата па нанесуваат друга, само тоа е глупост невидена лузни за стално.
Ако се тетовираш најпрво избери тетоважа види како ја работи мајсторот, види дали таа тетоважа е голема мала, како би изгледала по 30 години и сл:)
 
добри тату артисти во ск , дали некој знае :)
 
Секогаш кога ќе видам некој тетовиран се прашувам што треба да ми фали за да платам некој да ми нанесе болка и да ми го нацрта на кожата мојот идентитет
 
добри тату артисти во ск , дали некој знае :)
Ги има повеќе и скоро сите се одлични . Зависно од типот на тетоважата секој тату артист си има стил. Разгледај 4-5 портфолија па реши се . Ако имаш нешто конкретно на ум (како да изглеа тетоважата и кој стил) пиши на ПП да ти пратам линкови од тату артисти бидејќи неќам да фаворизирам отворено на форум. :)
Секогаш кога ќе видам некој тетовиран се прашувам што треба да ми фали за да платам некој да ми нанесе болка и да ми го нацрта на кожата мојот идентитет
Исто што треба да ти фали кога ставаш обетки или пирсинг. Што е токму ништо.
Болката е моментална , привремена. Ако мене ме прашаш вреди за да имаш уметност на тебе целиот твој живот која ќе те потсеќа/ќе ти значи нешто.
Ама секој со своето :) .
 
Избрав мотив што ќе ја краси мојата рака со модификација на часовникот кој изгледа грдо, додаден е спирален часовник нешто како ова

Дизајнот:

Commission___timeless_color_by_WillemXSM.jpg

Размислувам уште за боја, или црно бела верзија, па дајте некој предлози сите што имате тетоважа:-)
 
Boban Groff у Скопјанка шо е

Точно, јас кај него имам две напраено и сум задоволен. Моментално работи во Шведска, но за недела дена би требало да се врати, па да се нацрта уште нешто... :)
 
Неодамна прочитав дека наскоро ќе се појавел некој нов водач кој ќе ги обединел сите нации и раси и ќе завладеел со светот и ќе воспоставел ред во хаосот итн итн... и сите луѓе ќе имале истетовирано нешто како бар код. Значи како и да е, секој ќе има тату, иако не толку креативно :)
 
:nenene:
 
Може некој да ми каже каде се наоѓа студиото на Еми Пендева?
 
Јас веќе си имам една шепичка на внатрешниот дел под дланката, со буквата на моето најмило кутре Бубу :) Следна тетоважа ми е оваа што ми ја гледате како сликичка, таа иде под коската на вратот............. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom