Тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Metono1[mkd];4248068 напиша:
Поселска тетоважа од трајбл нема, нема ни да има.. Не се тетовирајте безвеза бе за кч, стај нешто што ќе ти значи.

не трајбал, оди кај мене на профил и види ја тетоважата со пегас која ја остави misery :)
 
не трајбал, оди кај мене на профил и види ја тетоважата со пегас која ја остави misery :)

Еееее, баш е убава таа слика - сега ја видов! Само те молам полека, најди некој од најдобрите артисти за да ја изработи. Гледај портфолија на милион ако треба. Како half-sleeve би изгледало убаво.
 
Еееее, баш е убава таа слика - сега ја видов! Само те молам полека, најди некој од најдобрите артисти за да ја изработи. Гледај портфолија на милион ако треба. Како half-sleeve би изгледало убаво.

дадада истата ке ја правам вејќе бев да се договорам , средина од овај месец ја правам, само без скелетот... :D ке ставам слика :)
 
ијам две тетоважи, пеперутка и млечен пат... здравје годинава и трета
 
Дај ставете некој интересни мотиви од тетоважи за на рамо
 
Дај ставете некој интересни мотиви од тетоважи за на рамо

зашто баш на рамо и што отприлика би сакал да тетовираш? трајболи, животни, ѕвезди???
 
зашто баш на рамо и што отприлика би сакал да тетовираш? трајболи, животни, ѕвезди???

Незнам, неќам ни да изгледа нешто “тинејџерско како трајболи, змејови, сабји, и глупости“ ниту пак животни, ѕвезди и сл. Сакам некој мотив со значење:-)
 
Незнам, неќам ни да изгледа нешто “тинејџерско како трајболи, змејови, сабји, и глупости“ ниту пак животни, ѕвезди и сл. Сакам некој мотив со значење:-)

тетоважа не е мала работа, имај на ум дека си ја носиш цел живот на тебе... е сеа размисли си убаво кој момент би сакал да го нацрташ на себе и зошто... јас би ти предложила кинеска буква (со значење нормално) или некоја фраза, некако мислам дека текстовите тетоважи никогаш нема да бидат де мо де и тинејџерски...
 
Незнам, неќам ни да изгледа нешто “тинејџерско како трајболи, змејови, сабји, и глупости“ ниту пак животни, ѕвезди и сл. Сакам некој мотив со значење:-)

Латинските изрази се одлични за тетоважа, само да си најдеш некоја која ќе си има значење за тебе. Брат ми неодамна си истетовира Dum spiro spero на подлактица и изгледа одлично на мое изненадување пошто јас и не сакам многу тетоважи.
 
Незнам, неќам ни да изгледа нешто “тинејџерско како трајболи, змејови, сабји, и глупости“ ниту пак животни, ѕвезди и сл. Сакам некој мотив со значење:-)
Змеј е тетоважа со огромно значење , само прекористена.
Инаку мотив со значење е широк поим. Треба пред се тебе да ти значи за да го имаш цел живот. Предлог неможе некој да ти дадам конкретен додека не кажеш во духот на што , дали има некоја реченица според која се водиш во животот , некоја желба или некоја меморија која сакаш да ја носиш на тебе , мил или немил настан на кој сакаш да се сеќаваш целиот твој живот .
Навидум е само шкртаница на телото , ама секое парче на мастило на твојата кожа треба да е приказна или бар дел од иста . Треба да можеш сам да си објасниш за 50 години зашто токму тоа го имаш на твоето тело.


Патем дрндалче , слика сакам да видам , ако не е тајна (ако не е за поширока јавност може и преку ПП) . :)
 
тетоважа не е мала работа, имај на ум дека си ја носиш цел живот на тебе... е сеа размисли си убаво кој момент би сакал да го нацрташ на себе и зошто... јас би ти предложила кинеска буква (со значење нормално) или некоја фраза, некако мислам дека текстовите тетоважи никогаш нема да бидат де мо де и тинејџерски...

Кинеска буква не сакам имав 3 и ги одстранив ласерски како мал ги ставив и почнаа да ми изгледаат премногу детски и тинејџерски. Сакам нешто што ќе има значење а не да ти се здосади до крајот на животот или на постари години да си смешен со детска тетоважа:-) Иначе веќе имам една тетоважа на рамото , и тоа голем змеј можеш да го видиш овде и овде



Ако незнаеш што сакаш да тетовираш кој може предлог да ти даде???

Па отприлика знаам, само сакам да разгледам мотиви што ќе ми се допаднат, гледам измеѓу трајболи, некои поинтересни мотиви низ цела рака итн.
 
Да ти истетовираат 1 црта само тоа за тебе може да значи цел Роман напишан за твојот живот. Тоа е тетоважа а не од каталог.
 
Да ти истетовираат 1 црта само тоа за тебе може да значи цел Роман напишан за твојот живот. Тоа е тетоважа а не од каталог.

Зависи за кој како, има љубители на апстрактни тетоважи некој сака кинески букви, некој реченици, некој трајболи, некој сака чак норис да го нацрта. Ја сакм некој мотив од типот на ова:
Не мислам на змејот туку мотивот на тетоважата, преку цела рака, како слика, да не е едноставна, е такви примери барав да ми постават.

tony41.jpg


shoulder-tribal-tattoos.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom