Македонскиот "Момент на вистината"

Дали го оправдувате квизот?

  • Вкупно гласачи
    476

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
глеате само озрачени седнуваат на столчево, кој нормален ти одговара на безсмислени прашања на кои не би им ги кажал и на родителите а не на некоја тв проститутка која се прославува на моја сметка...

мрш крвопијци, треба да си избеган од умот да се пријавиш на бедново шоу.

незнам која е поентата на нивното учество, ај ја знаеме целта на А1 али на тиквариве ствано незнам :toe:
да ти се смеат 2 миљони за во замена ти да "ќариш" некое евро поише :nesvest:
 
Член од
3 април 2010
Мислења
260
Поени од реакции
41
Живи глупости...само незнам како може да гледате овакви срања и како ве интересираат интимните работи на другите луѓе сеир факате а?
 
Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Квизот е супер. Овозможува луѓето да си заработат пари, притоа на јавноста нудејќи откривање на деталите од сопствениот живот.
Притоа треба да се има во предвид дека НИКОј не ги тера натпреварувачите да се пријават и да учествуваат и да кажуваат се и сешто за себе. Во американската верзија се е како што би требало да биде. Така беше и во хрватската верзија. Српската верзија не сум ја гледал толку многу за да оценам. Нашата верзија е малку послаба поради водителката. Анета Кочишки нема капацитет за ваква емисија. Таа треба да сфати дека не е ова „Црни Бисери“ или како и се викаше емислијата. Таа од едно прашање прави цела драма и со претпоставки си ја раскажува приказната. Но, вината е и на натпреварувачите кои не би требало да дозволат таа да ги потпрашува толку прашања надвор од натпреварувачкиот дел.
Сепак, квиз кој е забавен да се гледа :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432

Ги тера бе како не ги тера. Ги тера маката, сиромаштијата, алчноста, суетата, системот... еден куп работи ги тераат, да им е убаво нема да се пријавуваат за да им се смее народов...
 
Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Ги тера бе како не ги тера. Ги тера маката, сиромаштијата, алчноста, суетата, системот... еден куп работи ги тераат, да им е убаво нема да се пријавуваат за да им се смее народов...
Тоа не значи дека треба да дојдат во квиз каде шансите да си отидат со пари се многу мали нели? Колку што сум информиран на квизот не пуштаат било кој, туку ги пуштаат оние кои можат да се избрукаат максимално, кои правеле секакви работи во животот.

Околу задебеленото: Навистина мислиш така? Да се барем малку самосвесни и малку да имаат достоинство нема да излезат на телевизија за да се понижат сами себе.
 
T

Tetro

Гостин
Денешниот натпреварувач беше колку-толку прибран за разлика од другите што беа досега... Баш тапа што пак го наместија пред сигурната сума од 100.000. :tapp:
не беше наместено?
ај барем на некој нека му дадат пари, и уште му немаат исплатено на детето :tapp::tapp:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Тоа не значи дека треба да дојдат во квиз каде шансите да си отидат со пари се многу мали нели? Колку што сум информиран на квизот не пуштаат било кој, туку ги пуштаат оние кои можат да се избрукаат максимално, кои правеле секакви работи во животот.

Околу задебеленото: Навистина мислиш така? Да се барем малку самосвесни и малку да имаат достоинство нема да излезат на телевизија за да се понижат сами себе.
Очигледно не си видел мака. Луѓето не се свесни ни дека оние квизовите со погодување збор се измама, па тоа не значи дека треба да им ги земаат парите. Луѓето во главно знаат дека шансите да добијат на лото се помали од шансите 12 пати да ги удри гром, ама сеуште играат лото.

Овие игри (не лотото, квизовите и овој моментот) го одземаат и она малку достоинство што останало во човекот и како такви ги сметам за крајно нехумани и перверзни. Можеби мислиш дека ти или јас или другите овде што пишуваме никогаш не би се пријавиле, и можеби си во право. А можеби само не сме дошле до тоа дно.

Енивеј, за начинот за избор на учесниците читав уште лани и некаде пишав... ама не верувам дека кај нас се оди на истиот принцип.

Ја и понатаму и доживотно ќе го бојкотирам тоа срање, а вие уживајте, штом ви се допаѓа.
 
Сум видел мака, не се секирај ти за тоа. Но и во тие моменти не сум паднал толку ниско за да треба да си ја продадам приватноста, нели?
Има една народна: Док има чура бит че и подварка. (спрска де).
Сега види ти...
Телевизијата не е единствен начин за да се заработат пари, а најмалку со вакви емисии. Ама кога веќе решиле да се пријават и да се посрамат самите себе, зошто да не ги гледам? Ако ништо друго интересни се, за разлика од Шехерезад, Ѓумуш, Бандини и уште која и да било друга теленовела...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Сум видел мака, не се секирај ти за тоа. Но и во тие моменти не сум паднал толку ниско за да треба да си ја продадам приватноста, нели?
Има една народна: Док има чура бит че и подварка. (спрска де).
Сега види ти...
Телевизијата не е единствен начин за да се заработат пари, а најмалку со вакви емисии. Ама кога веќе решиле да се пријават и да се посрамат самите себе, зошто да не ги гледам? Ако ништо друго интересни се, за разлика од Шехерезад, Ѓумуш, Бандини и уште која и да било друга теленовела...
Па ти кажав, тука сме некаде на слична бранова должина... има мака и мака, ни јас ни ти не би се пријавиле сега, и јас и ти викаме дека нема да се пријавиме никогаш, и дел од оние кои се пријавиле викале дека нема да си го продадат достоинството никогаш... јбг... некои од немање памет, некои од зорт...

Поентата е дека емисијата егзистира на маката или незнаењето на други луѓе, се храни од тоа и наместо квалитетна програма на ТВ на гледачите им се нафрлаат програми во кои ќе уживаат во мизеријата на другите, што за мене е неприфатливо и нехумано.

Кому му се допаѓа нека си гледа, прашање на вкус е. Јас реков дека јас не го гледам тоа срање од емисија.
 
Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Интересни ми беа Ромите:)
Сакал да и ги кине гаќите додека водат љубов:icon_lol:

Тукууу оние двајца од придружбата лелејј:drk:
feeling horny:icon_redf
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198
Никогаш не сум ја гледал емисијава, општо и пред телевизор седам многу ретко, освен за Дискавери и за фудбал, а нашиве телевизии не ги ни баратам многу.
Арно ама, пред една недела еден другар ми кажа дека на квизов бил Антонио, личност која ретко кој Охриѓанец не ја знае (барем јас така мислам) затоа што на сите ни е познат што е и како е.
И од она што го гледав мислам дека да не беше Кочишки водителка, можеби ќе направеле подобро. Сега ако квизот според мене е 1/10, со некоја друга можеби ќе беше 2/10.
Како второ, прашањата што таа ги поставуваше и требеа да личат "драматични, табу" воопшто и не беа. Дури и 90 проценти од нив се смешни и за одговарање. На моменти дури и се како да подбиваше со Тони затоа што виде дека тој и не е баш којзнае на колкаво интелектуално ниво, па одговара со "така, така" и "значи така...", па таа и покрај тоа упорно дури едно исто прашање го поставуваше по 10 пати.
Штета за оние што очајно чекаат да седнат пред телевизор за да гледаат вакви работи. Поголема жал имам кон оние што ги емитуваат ваквите работи на тв, наместо енергијата да ја трошат на многу подобри емисии.
Дури сега кога почна заразеноста кон Шехерезад, Ѓумуш, Долина на Волците, Момент на Вистината, Боки 13, Големиот Брат, сфаќам дека некои луѓе кои сум ги сметал за интелигентни, всушност и не се... (без навреда кон некој што гледа, богами и ништо лично за некој форумски лик).
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.671
Поени од реакции
8.100
гледаше некој од Тетовчаниве Момент на вистината беше натпреварувач Борче Берберот:pos2: ќе има и наредна емисија со него
 
stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Одговараат ДА без разлика дали е вистина или не...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom