Е
експерт
Гостин
hobi mu bilo da nosi oruzje
Ги тера бе како не ги тера. Ги тера маката, сиромаштијата, алчноста, суетата, системот... еден куп работи ги тераат, да им е убаво нема да се пријавуваат за да им се смее народов...Квизот е супер. Овозможува луѓето да си заработат пари, притоа на јавноста нудејќи откривање на деталите од сопствениот живот.
Притоа треба да се има во предвид дека НИКОј не ги тера натпреварувачите да се пријават и да учествуваат и да кажуваат се и сешто за себе. Во американската верзија се е како што би требало да биде. Така беше и во хрватската верзија. Српската верзија не сум ја гледал толку многу за да оценам. Нашата верзија е малку послаба поради водителката. Анета Кочишки нема капацитет за ваква емисија. Таа треба да сфати дека не е ова „Црни Бисери“ или како и се викаше емислијата. Таа од едно прашање прави цела драма и со претпоставки си ја раскажува приказната. Но, вината е и на натпреварувачите кои не би требало да дозволат таа да ги потпрашува толку прашања надвор од натпреварувачкиот дел.
Сепак, квиз кој е забавен да се гледа
Тоа не значи дека треба да дојдат во квиз каде шансите да си отидат со пари се многу мали нели? Колку што сум информиран на квизот не пуштаат било кој, туку ги пуштаат оние кои можат да се избрукаат максимално, кои правеле секакви работи во животот.Ги тера бе како не ги тера. Ги тера маката, сиромаштијата, алчноста, суетата, системот... еден куп работи ги тераат, да им е убаво нема да се пријавуваат за да им се смее народов...
не беше наместено?Денешниот натпреварувач беше колку-толку прибран за разлика од другите што беа досега... Баш тапа што пак го наместија пред сигурната сума од 100.000.
Очигледно не си видел мака. Луѓето не се свесни ни дека оние квизовите со погодување збор се измама, па тоа не значи дека треба да им ги земаат парите. Луѓето во главно знаат дека шансите да добијат на лото се помали од шансите 12 пати да ги удри гром, ама сеуште играат лото.Тоа не значи дека треба да дојдат во квиз каде шансите да си отидат со пари се многу мали нели? Колку што сум информиран на квизот не пуштаат било кој, туку ги пуштаат оние кои можат да се избрукаат максимално, кои правеле секакви работи во животот.
Околу задебеленото: Навистина мислиш така? Да се барем малку самосвесни и малку да имаат достоинство нема да излезат на телевизија за да се понижат сами себе.
Сум видел мака, не се секирај ти за тоа. Но и во тие моменти не сум паднал толку ниско за да треба да си ја продадам приватноста, нели?Очигледно не си видел мака. Луѓето не се свесни ни дека оние квизовите со погодување збор се измама, па тоа не значи дека треба да им ги земаат парите. Луѓето во главно знаат дека шансите да добијат на лото се помали од шансите 12 пати да ги удри гром, ама сеуште играат лото.
Овие игри (не лотото, квизовите и овој моментот) го одземаат и она малку достоинство што останало во човекот и како такви ги сметам за крајно нехумани и перверзни. Можеби мислиш дека ти или јас или другите овде што пишуваме никогаш не би се пријавиле, и можеби си во право. А можеби само не сме дошле до тоа дно.
Енивеј, за начинот за избор на учесниците читав уште лани и некаде пишав... ама не верувам дека кај нас се оди на истиот принцип.
Ја и понатаму и доживотно ќе го бојкотирам тоа срање, а вие уживајте, штом ви се допаѓа.
Па ти кажав, тука сме некаде на слична бранова должина... има мака и мака, ни јас ни ти не би се пријавиле сега, и јас и ти викаме дека нема да се пријавиме никогаш, и дел од оние кои се пријавиле викале дека нема да си го продадат достоинството никогаш... јбг... некои од немање памет, некои од зорт...Сум видел мака, не се секирај ти за тоа. Но и во тие моменти не сум паднал толку ниско за да треба да си ја продадам приватноста, нели?
Има една народна: Док има чура бит че и подварка. (спрска де).
Сега види ти...
Телевизијата не е единствен начин за да се заработат пари, а најмалку со вакви емисии. Ама кога веќе решиле да се пријават и да се посрамат самите себе, зошто да не ги гледам? Ако ништо друго интересни се, за разлика од Шехерезад, Ѓумуш, Бандини и уште која и да било друга теленовела...