- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.584
Мој ептен близок другар -- инаку страсен пушач -- беше дијагностициран со рак на плуќа пред некој ден, и со назнака дека е “неоперабилен’’. Претпоставувам тоа значи метастази на ракот надвор од плуќните крила во други делови на телото.
Барам било каква информација за условите за лечење од рак на плуќа во Македонија.
Кои се најискусните лекари, дали има софистицирани апарати за детекција/скенови и следење на прогресот на ракот (онколошки и радиолошки), дали има цитостатици и дали се со потребниот квалитет (ако не, каде можат да се набават и како?), како и каде се дава радијација, се користат ли алтернативни методи, колку трае и колку чини целиот третман, која е стапката на смртност, итн.
Речено ми е дека ракот на плуќа усмртува поголем број луѓе од сите видови рак земени заедно, а стапката на преживување од кимо-радијација третман е 10-15%.
Однапред благодарам - и дури сум спремен да платам (по договор) за било каква додатна информација надвор од генералните кои ги барам погоре и/или било каква помош во иднина вкл. и експериментални и алтернативни методи на лекување.