Промовиран новиот спот на Милчо Манчевски Macedonia-timeless

P

Princ

Гостин
Знаеш дека грузискиот спот е за песна, ко на пример спот на Рихана за песната Амбрела? Не ја претставува Грузија. Нашиот има друга намена затоа е таков. Зборуваме за плагијатот, крадење на концептот и идеите. Не зборуваме за Биљана што пере платно на Преспанското езеро а се појавува во нашиот спот иако кај грузијците го нема.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Точно. Нема никаква врска со плагијат, освен сличноста на идејата за книгата како наративен фантастичен миракул!

*Морав МИРАКУЛ да напишам :)))


Инаку, не може да споредувате два различни спота и плагијати да се нарекуваат, кога тргнувајќи од намената, па до авторската креација - се потполно различни. Крајно, грев е за автор номиниран за оскар да се јадат гурабии дека создава плагијати.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Сте приметиле дека во спотот СЛИКИТЕ СЕ ДВИЖАТ 24 ФРЕЈМА ВО СЕКУНДА!?... НЕ ВЕ АСОЦИРА НА ПЛАГИЈАТ НА ЦЕЛАТА СЕДМА УМЕТНОСТ!!!! СМРТ ЗА МИЛЧО!!!!!!
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Нема веза со плагијат!
Зарем аеродромот што ќе ни го прават Турците (а го правеа и во Грузија) ќе биде плагијат. :pos2:
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Сте приметиле дека во спотот СЛИКИТЕ СЕ ДВИЖАТ 24 ФРЕЈМА ВО СЕКУНДА!?... НЕ ВЕ АСОЦИРА НА ПЛАГИЈАТ НА ЦЕЛАТА СЕДМА УМЕТНОСТ!!!! СМРТ ЗА МИЛЧО!!!!!!
Добро, што е со изјавиве, посакување нечија смрт и слично.:zid:
Човекот се нафатил за работава, и тоа треба да се цени. Toa што идејата за концептот не произлегла од него, туку од некој друг, не значи дека треба да го убиеме.:pop:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Види мајката, одеднаш сите и филмски критичари. Браво, браво. Све експерти у Македонија.

Иначе и ја сум плагијат:(...Иам исти полови органи со 3 милијарди луѓе од светов :(

Добро, што е со изјавиве, посакување нечија смрт и слично.:zid:
Човекот се нафатил за работава, и тоа треба да се цени. Toa што идејата за концептот не произлегла од него, туку од некој друг, не значи дека треба да го убиеме.:pop:
А шо е работава со луѓето кои не сфаќаат хумор? :(
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Абе луѓе оти не можете да признаете кога нешто не чини,би замижал и пред плагијат и пред целосна лага,ама кога ќе видам нешто онака изработено па и без пари да е,би признал дека не е како што треба да изгледа едно такво спотче ебаго.Затоа сум спотчето што поскоро да се замени,па не е само Милчо режисер,ги имаме прилично многу,сите се доста квалификувани.Ни треба сличен спот со прелети над Плаошник,Маркови Кули,Кокино,Стоби,Хераклеа.........куќи на Робевци,Уранија или стари Велешки па и Крушевски куќи,нешто на што странците од поодамна ни завидувале,може и со златни маски во позадина,со изворни антички склуптури,со монети и слични артефакти и сето склепано во 1 минута за не повеќе од 10 000 евра.Тоа е тренд насекаде,не се овчари со калпаци и шубари,насилници со боздогани и слично.Абе се работи за промоција на Македонија,а не на Милчо или Столе.:toe:
 
P

Princ

Гостин
Крајно, грев е за автор номиниран за оскар да се јадат гурабии дека создава плагијати.
Прво, за мене е тежок плагијат. Плагијат, како кражба на идеја за реализација. Грев-негрев, ќе горам во пеколот ако грешам.
Второ, зарем автор номиниран за оскар не може да направи СВОЈА лична креација, по цена и многу полоша од оваа? Што автор ќе беше тоа.
Трето и најважно, не ме интересира многу-многу дали е или не е плагијат (иако ќе повторам дека за мене е), не сакам некој да не (ве?) ословува како крадци на се живо и диво. Нека направи оригинален, по неубав од овој. Нека не ме остава мене со отворена уста и лиги (wooow, како му текнало на она сликовницата... искрено речено, на бабата не ми се дига уметничкото око) со туѓи перја.
Башка, 190.000 евра се во прашање.
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
А шо е работава со луѓето кои не сфаќаат хумор? :(
Моето не беше буквално кажано, туку во смисла дека не треба за секаква грешка одма да почнуваме со остри критики демек ние све знаеме.

И не се однесуваше само на Бада Бинг, туку на сите погоре што фино-лепо го изругаа Милчо Манчевски.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не знам како се ставате како уметнички арбитар, али од таква гледна точка, спотов вреди.
И дабоме не е плагијат.

Али не е ни реклама. Концептот како промотивен материјал му е утнат. И од тој аспект, парите се залудно фрлени.
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
абе ова му е вовед :vozbud:
не плукајте

чоеко вреди
плус наш чоек е
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Видеото е одлично изработено. Но, тоа што е презентирано внатре не ја доловува вистинската, моменталната слика во Македонија.
Почетокот (играорците, и белењето на Охридското езеро) е добро, но понатаму на пример не е потребен боздоганот, требало помлади лица да се изберат наместо бабата. идејата со лубеницата е добра. Требало да се претстават повеќе природни убавини (реки, повеќето езера, планините покриени со снег, Маврово, Пелистер, да се претстави по некоја црква, манастир, џамија, речните кањони и слични работи.)
Да се знае каде доаѓа туристот и што може Македонија да му понуди, сигурно некој од странство нема да дојде и да ја бара бабата од спотот или да се распрашува кој е и што е тој со боздоганот.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Арно, можеби премногу дефинитивно пристапивме кон спотов :) Разбирливо, бидејќи покрај 190000 евра за кои се грижиме (пошо другите спотови за најразлични цели се безпари можда :) ) и зиро познавањето на филмскиот процес, техника и начин на изразување, (со сета должна почит ама) недостојноста да коментираме дело на Милчо Манчевски...

...ајде да ги согледаме крајните резултати, во октомври 2009-та, на пример?

Можеби спотов како teaser е и добра идеја. Мене спотови од типот на евровизискиот Не зори зоро ми се и помалку досадни. Овде веројатно се оди на карта: конзумент---интрига---акција---вебсајт---информација.

И ќе има уште спотови, така?
Ќе се обидам да го доведам Милчо на Кајгана Интервју, па да одговори на сите експертски забелешки :) Здравје, догодина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom