hehe odlicen tekst, samo da gi sledime nastanite sto ke se slucuva posle ovaa. Bravo za hrabrosta na deckoto ama .....
tekst : UTRINSKI
Avtor : Nikola Gelevski
ps : dobri se i komentarite![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
"
Што би станало од општеството кога сите би почнале да се фалат на начин на кој го прават тоа Груевски и целиот гротескен естаблишмент околу своето кралче Сонце!?
Фалбаџиството на Никола Груевски ги преминува сите граници на пристојноста и добриот вкус. Постојат десетици причини зошто арогантното фалбаџиство на актуелниот македонски премиер е неумесно и вулгарно. Најмалата причина е прекршувањето на темелната човечка доблест: скромноста. Најстрашното, пак, во самобендисаноста на првиот министер е злоупотребата на врвната функција.
Што би станало од општеството кога сите би почнале себеси да се фалат на истиот начин на кој го прават тоа Груевски и неговата приватна (т.е. партиска, при што и партијата е приватна) влада!? Груевски (што е типично за сосема незрели - интелектуално, морално и емотивно - јавни работници) се однесува како светот да почнува од него. За бришење на гадно извалканите вмровски чевли не служат само последните 18 години, туку последните 70 години на јасно профилираната македонска самосвест. Дали стварно се' во овие 18 години беше чиста катастрофа, како што секојдневно не' убедуваат главно голобрадите агитпроповски болшевици на Партијата (т.е. Фамилијата)!? Белки некој нешто работел и овие 18 години, а богами и овие 70 години! (на пример, создавал народноослободително движење, се борел против фашизмот, направил држава и 50 години макотрпно ја градел почнувајќи речиси од нула)
Наспроти насекаде раструбената способност на Груевски за една година да потроши речиси три милијарди евра (патем купувајќи многу, многу љубов од своите поданици), нели е поважна способноста да се создадат тие три милијарди евра!? И кој ги создал и ги создавал сите македонски буџети изминатите 18 години и изминатите 63 години, колку што постои македонската држава? Нели се тие луѓе (а тоа сме сите ние, граѓаните на оваа земја) неспоредливо поважни, токму како градители на минатото и иднината, од еден самозаљубен политички манипулатор!?
Повторувам: што би станало од општеството кога сите би почнале себеси да се фалат на истиот начин на кој го прават тоа Груевски и целиот гротескен естаблишмент што гравитира околу своето кралче Сонце!? Еве, да се задржиме само на овие 18 години, и тоа само на политичките аспекти, да го занемариме трудот на цели генерации кои ја создале оваа каква-таква држава: зарем не треба да се маваат по гради до помодрување и левите и десните кои во периодот 1989-1993 ги удрија темелите на независна Македонија? Зарем не треба да чекорат со круни на главите (како што денес необјасниво чекори Груевски, а богами и добар дел од неговата свита) Киро Глигоров, Стојан Андов и Бранко Црвенковски, кои го водеа кревкиот државен брод низ реално многу тешкиот период 1993-1998?! И баш ме интересира: колкав бил државниот буџет во тие шест години кои ги прогласува за мрак и пропаст мизерната пропаганда на Груевски? (замислете го тој фронтменски капацитет: Неделко, Латас, Томиќ и Јади бурек! Чудесновишно! Зајакнато со Рамковски, Ѕинго, Стојменов... Чудесновишно - немам друг збор!) Колку даночни пари потрошил монструозниот Бранко Црвенковски во тие шест години? И колку народни пари потрошил и допрва ќе потроши Груевски во своите шест години владеење!?
Деструктивниот политички нарцизам на Груевски зачудува и зашто самиот играл и се' уште игра мошне значајна улога во невеселото скорешно македонско минато. Да потсетам: од „катастрофалните“ 18 години кои ни ги исцицаа душите, ВМРО беше на власт - осум години. Лично Груевски седум години извршува највисоки можни политички функции и веќе сега е еден од функционерите со најголем стаж во самостојна Македонија. За само три години ВМРО ќе го престигне СДСМ по бројот на години на владеење. И што ќе велиме 2011? Дека изминатите 20 години сосема не' уништи Никола Груевски со својата партија на термити и скакулци кои како мушмула ја исцицаа акумулацијата на македонската економија доведувајќи ја (доведувајќи го општеството) до ниво на зомби!? Целава оваа лудачка напаленост во однос на злотворите од минатото на Груевски ќе му се врати врз неговата сопствена глава. Јавноста и историјата нема да го заобиколат неговиот огромен придонес за македонската запустеност и запуштеност.
Во случајот со нашата влада, таа ќе беше на висина на својата историска задача само ако беше поскромна и поотворена за реално да го обедини запуштеното општество; а не да му фрла националистички отрови и пуфки од кои се трудат да се ослободат дури и најзабеганите европски режими, од проста причина што кавгаџиството (кое Груевски го сее на големо) е тотално назадна и политичка и менаџерска стратегија.
Најпосле, кај е натпреварувачкиот дух кај владејачката партија? Каков е тој (да речеме, боксерски) натпревар, пред кој противникот е маван до бесвест (лидерите на опозицијата со кривични пријави, а сите опозициони гласови изложени на закани)? Притоа, дотаму оди фанатично неспортскиот карактер на власта, се купуваат и судиите и публиката. Но - тоа не е се'! Низ оние десетици милиони евра наменети за себерекламирање доктор Франкенштајн додава скриен челик во ракавиците на својот пулен! Па, каква е тоа борба, до бога!? Имате 30 отсто гласови, стварно!? Каков прекрасен успех! Колку возљубена народна власт!
За среќа, точно е она што папагалски го повторуваат и Груевски и неговите дворјани: историјата навистина ќе ни пресуди, на сите нас, и на нашите дедовци и нам самите. За жал, пак, додека дојдат вистинските историски оценки, нашите животи отидоа јабана, згмечени во страсните пеливански клинчови на таа сурија селски борци...
(Авторот е издавач)"
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E78A7906E2C2CB4BBDAE636CAF4ABB4C
tekst : UTRINSKI
Avtor : Nikola Gelevski
ps : dobri se i komentarite
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)