- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Бевме предупредени, ДА, тоа е поднасловот на овој филм кој денеска со долгоочекување го изгледав, и тоа ни помалку ни повеќе туку во кино, нешто на што не ни помислував, заради тоа што мислев дека состојбата на нашите кина за светски примери не е на највисоко ниво, но сепак сум се лажел. Денеска точно во 16:00 влегов во салата, и излегов во 18:28 :pos2:. Па да почнам со филмот, за мене беше тотално очекувањето, не добив нешто повеќе, нешто помалку, единствено заради кое филмот може уште подобро да се улови т.е ефектите на филмот е гледањето во кино, НЕШТО БЕЗ КОЕ ФИЛМОТ НЕ БИ БИЛ ТОА ШТО Е!. Како прво такви ефекти најдобро би можеле да се доловат во кино, не би ми било јасно како би го гледал ова дома. Секој звук во тебе удира, тензија, напнатост што не знаеш што попрво ќе се сруши. Неверојатни ефекти, за кои Роланд Емерик мора да добие номинација за Оскар, ма што сака нека биде jea: jea: , никогаш во мојот живот не сум гледал појаки визуелни ефекти а ништо помалку и музичките ефекти.
Приказната на филмот беше видено и знаев дека таква ќе биде, не знам дали има такви кои што мислат дека овој филм има БУМ приказна, не е така, во сите овие филмови во кои се зборува за природни катастрофи игра истата улога на приказна: Светот е при својот крај, американците 3 години пред случката планираат свое засолниште, и илјадници луѓе ќе бидат спасени (секако повторно најголем број: АМЕРИКАНЦИ) :pos2::pos2: .
Но... филмот не би го спојувал вистински со претходните слични филмови, она што го немаше во претходните, а го има овде е ХУМОРОТ, т.е саркастичен / ироничен хумор кој се појавува во многу сцени, навистина ме изненади тоа и му давам огромен + за тоа дело!
ГЕНЕРАЛНА ОЦЕНА по сето ова: 8/10 :smir:
ОЦЕНА (ефектите) : 10/10 :nesvest: