Последен гледан филм со кратка рецензија

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Watchmen



после подолго време и јас да пишам тука... ама вреди, навистина вреди, одлична екранизација, одличен саундтрак, одлична приказна, одлично сценарио вреди да се види оценка 9/10
True dat playuh.
Опасен филм, не очекував ни најмалку такво сценарио и приказна. Искрено, мислев оти ќе е уште еден лигав филм, али не. Плус, саундтракот како е погоден, фантастично.

И Апо, сцената кога The Comedian се тепа со овој тамо ме спобудале, Unforgetable свири во позадина, овие се млатат ко луди. И уште едно нешто, не мислиш оти Dr. Manhattan и неговиот вокал се мааалку геј? :icon_lol:

Се фрлам сега да го гледам новиот Transformers: Revenge Of The Fallen, па ќе видиме шо толку го испофалија.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Го гледав вчера Road to Perdition, со еден куп познати глумци - Том Хенкс, Пол Њуман, Џад Лоу, Даниел Крег...
Филмот е возбудлив, има добро сценарио и режија, одлична глума... ќе го видите Форист Гамп во улога на платен убиец :) Ако сакате филмови како Кум, овој не смеете да го пропуштите. Разработува теми од типот: последиците од мафијашкиот живот, односот татко-син...

 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ice Age 3 - Dawn of the dinosaurs



Уште не можам да се смирам :pos2:
Aх и после некој ќе ми рече дека не гледа цртани. Ма нема ништо подобро од час и половина смеење со Ајс Ејџ, Мадагаскар или Шрек :)
Се надевав дека нема да ме разочара третово продолжение и добро е, не ме разочара. Сид и неговата дружина ме пресмеаа.
Филмов е смешен и за тие со 5 и за тие со 105 години.
Кој нема да го гледа да знае многу пропушта :)


И се сетив пред 2 недели гледав уште еден продолжеток:
fast & furious поточно 4 fast 4 furious



Го сакам овој филм, поточно сакам филмови со брзи и бесни коли. Но сепак тешко да некој продолжеток биде подобар од кецот. Кецот е совршенство.
Четворкава е солиден филм, кој сепак можел да биде подобар. Малку е преувеличено но сепак поминува како солиден филм. Добро е што глумците се од старата гарда. Тоа е она што му дава плус оценка на филмов.
Се надевам на подобра петка :)
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Филмовиве од погоре

Ice Age 3 Dawn Of The Dinosaurs препреубав филм:)
Според мене најдобар и најсмешен од сите делови. Ке го гледам пак дефинитивно . А и ако го гледате нема ништо да пропуштите освен 1.30 мин смеење:)

А за fast and furious 4
Исто преубав филм. Не ни треба коментар знам дека сите љубители на коли и на вакви филмови ке го гледаат:)
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.810
Поени од реакции
5.592
We Own the Night


- Two brothers on opposite sides of the law. Beyond their differences lies loyalty -




Brooklyn, 1988. Crime is rife, especially drugs and drug violence. A Russian thug is building his heroin trade, while everyone laughs at the cops. Brothers have chosen different paths: Joe has followed his father Bert into New York's Finest; he's a rising star. Bobby, who uses his mother's maiden name, manages a club. Bobby too is on the rise: he has a new girlfriend and a green-light to develop a Manhattan club. Joe and Bert ask him to help with intelligence gathering; he declines. Then, Joe raids Bobby's club to arrest the Russian. From there, things spiral out of control: the Russian puts out a hit on Joe, personal losses mount, and Bobby's loyalties face the test.

оцена: 8/10 (браво за Жоакин Феникс)

изрека шо го обележа филмов според мене - кога Џо му го даваше пиштотол од нивниот татко на Боби: подобро да те судат 12 отколку да те носат 6

I don't need any more guns in my life, that's for sure. But you should have one to be safe. It's better to be judged by twelve than carried by six.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Das Leben der Anderen
(The lives of others)




Пред самиот крај на Источна Германија, пред падот на Берлинскиот ѕид, таканаречените Stasi (Ministerium für Staatssicherheit) командувани од параноичните социјалисти на врвот на државата, почнуваат прислушкување на сите граѓани кои ги сметаат за сомнителни. Со тоа, почнуваат да уништуваат многу животи.

Закоравен офицер на овој ред почнува со прислушкување на млада двојка уметници, писател на драми и актерка. Навлегува во нивната животна приказна и почнува да ги прикрива сомнителните дејствија на писателот, сожалувајќи се на актерката и нејзиното искористување од страна на Министерот...

Квалитетна трилер/драма која многу реално објаснува еден не толку далечен историски период. Филм кој ни прикажува вистинска слика на една диктатура невешто прикриена под маската на социјалистичкото „другарство“.

IMDb rating: 8.5 / 10. Јас би зголемил за една оцена.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Knowing

Прекрасно сценарио, незнам дали импресииве кои ги добив за филмов се должат на тоа што немав гледано добар СФ филм од поодамна или можеби и темата на филмот, глумата... која сепак мислам дека можеше да биде и малку пореална... некако актериве не се потрудиле да се внесат во улогата ама јбг... сценариото ги вади за се, прекрасен приказ на она што од нигде може да не снајде - навидум без причина и редослед... НО.

оценка 8/10
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.760
Поени од реакции
22.786
The Uninvited

Премногу добар хорор кој го видов од овде и по ваша препорака го гледав.Воопшто не зажалив и го препорачувам и на тие што не го гледале.
Добро разработена содржина.Девојче е затворено во ментална институција поради преголемиот шок од шокантната смрт на нејзината мајка.Ја пуштаат од болницата но кога се враќа назад ништо не е како порано.Ништо не е како што изгледа затоа гледајте го до крај.
Оценка 10/10

Истиот го гледав и јас...До последен момент исчекуваш за вистината...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Значи изгледани се појке филмој. Да почниме:
The Uninvited - Не е типичен хорор. Нема да ве уплаши многу, ама одлична приказна и дефинитвно на крајот останав :O.
The Descent - Го гледавме филмот друштво, навечер, на кампирање и тотално се мрднавме. Засега најстрашен хорор шо го имам гледано, барем за мене.
American Highschool - Ако сакате да слушате на секое Dude, thats awsome, или Omgg ... ова е филмот за вас. Изгледа е пародија на тинејџерските филмој ама јас не го сфакам, иако се изнасмејав на филмот. :uvo:
Fast and Furios 4 - Филмот дури и ми беше досаден. Не мораше да се прави копија на претходните делови. Според мене ист беше ко претходните и ми беше онака already seen. :smir:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Еден од класиците во 80тите години. Направен во три продолженија. Вклучена одлична филмска екипа (Michael J. Fox, Lea Thompson, Christopher Lloyd... Ви го претставувам филмот


Ги имаме двајцата херои Marty Mc.Fly (Michael J. Fox) и неговиот добар пријател Doc. Emmet Brown (Christopher Lloyd). Дејството се случува во едно не толку познато гратче во САД каде Емет е local scientist. Марти, кој живее во middle class општество сонува некој ден да биде познат муичар. Тој ја има и својата љубов - девојката Џенифер. Како и да е дома работите не се баш на арно. Неговиот татко, еден обичен слабак е 24/7 под притисок на еден локален фраер и bully - Биф кој го тера да му ги извршува работните обврски. Мајката на марти е алкохоличар и ја живее филозофијата на животот како една калуѓерка (живот полн со табуа). КАко и да е, една вечер станува судбоносна и за Марти но и за неговиот пријател Емет. Покажувајќи му ја новото откритие - временската машина - автомобил) Емет го пронаоѓаат терористите
и го убиваат
. Исплашен, Марти се обидува некако да им избега во што и успева. Но проблемите за несреќа се далеку покомлицирани. Тој бегајќи им, се телепортира 30тина години порано - неколку дена пред громот* да удри во градскиот часовник. Значи ли тоа дека тој засекогаш ќе остане заглавен во минатото? или пак постои некаков излез? Stay tuned on a DVD player or any kind of a PC
Филмов го имам гледано повеќе пати (еден од ретките) и верувам би им се допаднал на оние кои сакаат едноставни вкласици, без многу филозофии (добро де има малку збунки за оние кои не го гледале до сега). Лична оценка 9/10

*клучот за избавување од минатото
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
The hunt for Gollum


Го имав на компјутер уште од ко излезе и конечно го изгледав :)

Снимен е со буџет од само 3 000 долари и 160 волонтери.

Нема некоја си добра глума или пак супер ефекти ама со оглед на буџетот филмчето е супер. За разлика од оригиналните Lord of the Rings овај трае околу 34 мин.

Инаку дејствието се случва пред првиот дел. Страјдер е на мисија да го зароби Голум.
Една „поголема‘‘ битка, уште една преработка на Requiem for a dream... се на се доколку сте фан на LOTR изгледајте го и овај.
 

<3 Iker

Siempre Fieles
Член од
8 јули 2009
Мислења
10
Поени од реакции
4
Tôkyô monogatari (1953) - Добар филм, приказната која е честа во денешниот живот е искористена како подлога искажување на осаменоста и смртта... Глумата и режијата можеби не се најдобри, но се на се добар филм.
IMDB: http://www.imdb.com/title/tt0046438/
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101


Пила 5

Секако и овој дел се надоврзува на претходните и доколку ги немате гледано нема да ви биде интересен. Петото продолжение открива како се започнало и е многу по крваво од останатите.

5/5 - Како фан на Пила филмовите :)

И секако чекам продолжение на 24 Октомври
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Night at the Museum: Battle of the Smithsonian (2009)

Па... точно она што очекував. Исто како и првиот дел. Филмов ми дојде како некоја комбинација од сите филмови на Бен Стилер и трите дела на Мумија :) Значи не можам којзнае колку пофалби да му дадам зошто ретко кога некоја комедија успева да ми ги оправда очекувањата, ама не е лошо може да се изгледа. 6/10.

The Uninvited (2009)

Нема да ви се види како повеќето хорори ама тоа не е затоа што Холивуд излезе од креативната криза кога се работи а хорорите, туку затоа што како и повеќето други, и овој е преработка. Очигледно, азијците почнаа да прават добри хорори.

Како и да е, за оригиналот ќе ви каже Џимеј, јас можам за овој. Филмот не е воопшто лош ако не се земе во предвид фактот што првите 30-40 минути се одвиваат прилично бавно.

Дејствието без спојлери оди нешто вака: Ана Рајдел се враќа дома по престојот во ментална институција, во која завршила по смртта на мајка и. Во домот ја очекува напната атмосфера во која единствено пријателско лице е нејзината сестра Алекс, но тука се и нејзиниот татко и неговата мистериозна девојка. Дополнително, Ана го гледа и духот на едно непознато девојче. По некое време, таа се сомнева дека девојката на татко и не е таа која се претставува дека е и дека претставува опасност за неа и за нејзината сестра...


Повеќе не кажувам, што и да кажам може да биде спојлер. Не се распрашувајте, гледајте. 7/10


И една реценција за Последен (недо)гледан филм:

Crank: High Voltage (2009)

После падот од прилично вииииисоко на асфалт (крајот на првиот дел, кој беше стварно добар), на Jason Statham, сите мислевме дека приказната со Crank е завршена. Арно ама, од истото тоа место, минута подоцна, приказната продолжува. Доаѓаат некои типови, го земаат нашиот јунак Jason, го ставаат во комбе, му го заменуваат срцето со некоја електрична направа, на стомакот му прикачуваат нешто како акумулатор... коските здрави му се иначе и покрај падот, скршеници нема...што да ви кажам појќе...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom