Последен гледан филм со кратка рецензија

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

добар филм не е толку добар како шо е интересна приказната на моменти е малку досаден ама само на кратко не е лошо да го погледнете да бидам искрен вај филм ме привлече да го гледам заради постеро ногу ми е некако ојден .и така у секој случај добро филмче 7/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
The Uninvited



Интересно драма/хорорче. Помалку досадно ради предвидливоста, но крајот секако ќе ве изненади. Се работи за убиството на жена/мајка.. и разоткиравање на мистеријата. 7/10.

Punisher: Warzone



Убиј ги сите, врати се сам. 5/10.

What doesn't kill you



2ца пропалици кои се баваат со црни бизниси. ДоСаДнО. 4/10.

xxx



Се работи за
Ахх ахххххх ааааа аах ах ах ах аааааааа оу јеаааххх
8/10. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Nostradamus 2012-Документарец.


Уште едне филм за крајот на светот лоша работа :). Содржината на филмов воглавно е за некои нови цртежи од Нострадамус кои што се најдени неодамна, исто така има и за предвидувањата на старите египќани, маите и крајот на нивниот качендар итн...

П.С. Сеуште мислам друже дека предвидувањата од Нострадамус се живи глупости, само те нема тебе да ме убедуваш во спротивното, како што го правеше тоа кога бевме деца. Почивај во мир.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Nostradamus 2012-Документарец.
Уште едне филм за крајот на светот лоша работа :). Содржината на филмов воглавно е за некои нови цртежи од Нострадамус кои што се најдени неодамна, исто така има и за предвидувањата на старите египќани, маите и крајот на нивниот качендар итн...

П.С. Сеуште мислам друже дека предвидувањата од Нострадамус се живи глупости, само те нема тебе да ме убедуваш во спротивното, како што го правеше тоа кога бевме деца. Почивај во мир.
Како прво ова не е документарец туку повеќе блокбастер кои што ќе е сличен на филмовите од типот на Independence Day / Day After Tomorrow всушност и режисер е Роланд Емерик, па така да можеме да очекуваме уште едно врвно дело кога станува збор за техниката, а за филмот can't wait премиерата ја има некаде ноември/декември годинава :smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Mutant Chronicles



За филмов имам само еден... коментар?

И?

т.е не, чекајте... ШТО К*Р СЕ СЛУЧИ... кој ми притисна на "стоп" негде околу добри 40 мин пред крај.... или можеби и заврши а?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Пред некое време стигнав да го изгледам Yes Man (2008) и сакам да им се придружам на оние кои дадоа позитивни критики за филмот. Една од причините заради кои не ги сакам денешниве комедии е нивото на идиотизам што го прикажуваат и што се обидуваат да бидат смешни на тој начин што ќе исмејуваат некого (Norbit на пример). Ова не е таков филм и може да се каже дека е еден вид на паметна комедија, не навредува никого и има поента, а тоа е дека треба да се размислува позитивно без разлика во колку тежок период се наоѓаме. Филмот ќе ви даде едно позитивно чувство за време на целиот тек. Иако е духовит како сите филмови на Џим Кери, не е на ниво на старите урнебесни комедии, но сепак одлично замислен и направен. Единствена замерка имам на веќе виденото клише: романтична врска, криза, надминување на кризата, хепиенд. Се е тоа предвидливо и можело и во поинаков правец да се движи филмот, но и вака како што е не испадна лошо.

7.5/10 од мене и препорака на сите кои ги сакаат комедиите на Џим Кери да го погледнат филмот.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Mutant Chronicles



За филмов имам само еден... коментар?

И?

т.е не, чекајте... ШТО К*Р СЕ СЛУЧИ... кој ми притисна на "стоп" негде околу добри 40 мин пред крај.... или можеби и заврши а?
Хехе .. и ти се заеба со филмот?
Welcome to the club.

Заборај да кажиш колку добро беше смислена приказната,колку беше добра глумата и колку немаше клишеа.
/irony off
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
После којзнае колку време повторно го гледав „Логановото бегство’’

http://www.screenarchives.com/title_detail.cfm?ID=2555

СФ-филм, со пост апокалиптична содржина, имено во разрушениот свет опстојува еден идеален град под купола кој е раководен од компјутер.....но за работите да не бидат така идилични има само едно ограничување ...животот е лимитиран на 26 години........да не издавам понатаму.....

 
N

NeMiRnA

Гостин
If only

Преубава љубовна приказна раскажана на малку поинаков начин за вообичаените љубовни прашалници,дилеми и проблеми.Клише момент,не знаеме што имаме додека не го загубиме,но од друга страна пак...љубовта не бара жртви,туку компромис и веројатно е она кое што би можело да ја направи можеби безусловна.Да бидам искрена пуштив некоја солзичка два пати во теков на филмот...тажна,приказна.
Еве некој стих од филмот...

I love you, you love me
Take this gift and don't ask why
Cause if you, will let me
I'll take what scares you and hold it deep inside
And if you, ask me why
I'm with you and why I'll never leave
My love will show you everything
My love will show you every - thing, thing,
My love will show you, everything
Our love will show us everything

8/10
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
"17 Again "
Пред 2-3 дена излезе филмов интересен е така тинејџерски со Жац Ефрон Ѕвездата од HSM :P
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Paul Blart: Mall Cop

Со ниски очекувања го пуштив филмот и барем ги исполни. :)
Онака, просечна комедија, предвидлива секоја секунда ама пак ќе ве насмеј на моменти (ама не очекувајте ништо урнебесно).
5/10.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181


Дефинитивно најдосадната комедија не вреде ни рецензија да пишувам за него мој предлог ако ви се гледа комедија избегнувајте го овај филм .оцена 4/10 4 му давам не за друго него за добрите моменти кога сурфа мислам океано ваууууууу у секој случај shit.
 
O

Out Boy

Гостин
Prayers for Bobby (2009)

Мери Грифит е мајка, оддана Христијанка, која ги расте своите деца во духот на конзервативната Пресбитеријанска Црква. Сепак, кога нејзиниот син, Боби, му се доверува на неговиот постар брат дека можеби е геј, целосно се менува животот за семејството Грифит. Додека таткото на Боби и некои од роднините полека ја прифаќаат неговата хомосексуалност, Мери верува дека Бог може да го излечи нејзиниот син од, како што таа вели, “гревот заради кој се оди во пекол“. Таа го убедува Боби силно да се моли на бога и да бара спасение, како и да ги посетува црковните миси, што Боби го прифаќа, бидејќи само сака повторно да ја почуствува љубовта во погледот и зборовите на својата мајка. Секако, посетува и психијатар. Сепак, воспитуван во религиозно семејство, Боби не може да се помири со фактот дека Црквата ги осудува неговите постапки, што доведува до нагло појавување на депресија и очај кај него. Од друга страна гледа дека неговата мајка пати заради него, не го сака заради неговиот “грев“.

Сепак, тој се преселува во Портланд, Орегон, кај неговата братучетка, која целосно го прифаќа и поддржува. Дури и го води во геј-бар, каде го запознава со едно типче. Боби, за целото ова време, се надева дека кога ќе се врати дома, неговата мајка ќе биде со поинаков став кон него. Но тоа не се случува. Боби, дополнително паѓа во депресија и се обвинува себе за тоа што не е “совршен“ син, по што се одлучува на самоубиство, скокајќи од надвозен мост.

Соочена со трагедијата, Мери започнува да ја преиспитува својата вера, која не и нуди никаков одговор за новонастанатата ситуација и огромната загуба. Низ нејзиното долго емоционално патување, Мери стапува во контакт со една мала геј-заедница и открива неочекувана поддршка од уште понеочекуван човек.

Филмот "Prayers for Bobby" пренесува една многу важна порака, а тоа е дека третирањето на хомосексуалноста како дефект, абнормалност, застранување или грев, води кон сурови последици по секого. Филмот, снимен врз основа на вистинската сторија на Leroy Aarons од 1979 (книгата носи ист наслов, објавена 1995), помага да се разбере средновековниот страв и игноранција на општеството кон хомосексуалците.

Филмов му го препорачувам на секого, особено на родителите (и тие што имаат, и тие што немаат геј-дете). Тој не’ учи дека во животов наш краток, како по правило најмногу ги мразиме оние кои треба најмногу да ги сакаме. Откако ќе изгубиме таква драга личност, дури тогаш сфаќаме што таа значела во нашиот живот. Филмот, исто така, покажува дека останала малку од безрезервната љубов на оваа планета.

 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Primal Fear



Ричард Гир и Едвард Нортон... особено вториот*. Оценка 9/10

*-кој ги гледал филмовите на Нортон знае што да очекува од рецензија.
 
Ј

јовица11

Гостин


*Sense & sensibility*

Преубава британска мини серија во три дела. Делото горе-долу е веќе општо познато (бар на оние кои се по литературата), три сестри и вдовица во Викторијанска Англија остануваат сами на себе, препуштени да се справат со животот. Одлична адаптација на романот на Џејн Остин, со одлично адаптирани дијалози и преубава претстава за животот во тоа време. Би ја одвоил глумата на Черити Вејкфилд (Мариен во филмот) како маестрално доловување на несреќно заљубена девојка.

9/10

Ај, пак ја :pipi:

*TWILIGHT*

Не се сеќавам кога последен пат сум заспал на среде филм, како што тоа ми се деси вечерва. Не знам дали беше до лошата кино снимка на филмот, но имаше нешто во истиот што ме тера да го внесам во листата на најлоши погледнати филмови, евер! Приказната типична тин- драма, девојка со еден родител (wtf секогаш е самохран родител со ќерка, кои се селат во друго место), се запишува во ново училиште и таму *drums* запознава типче кое цел женски род го лови, но он е фраер и сите на игнор ги става, се додека не ја запознае неа, Бела во случајов, и смретно ќе се заљубат еден во друг. Само што разликата од другите тин филмови е што овде он уствари е вампир. Би сакал да ви кажам шо ќе се деси даље, арно ама заспав. Да, толку беше досаден!!!
И ко за крај имам две прашања:
1. Зошто толкава фама сите кренаа околу филмов?
2. Што по ѓаволите (им се обраќам на девојчиња од тинејџерска доба, воглавно), гледате во главниот глумец, ака Едвард Кален?! Дечкото има 13 слоја пудра на себе, лош кармин и римел со волумен, зашто ви е толку проклето убав?:toe:
Anyone else?

2/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom