Последен гледан филм со кратка рецензија

Ј

јовица11

Гостин
Само што го изгледав. Не беше тоа што очекував. Обично семејство кое има обичен и по малку досаден живот и куче кое е троа понемирно од другите. Нема приказна филмот, ништо не се случува, очекував некои згоди и незгоди од нивниот живот па кучето да им се најде како најдобар пријател (нели обично спасуваат животи и слично, на филм де...) па да поминат низ поголеми кризи... нешто што ќе го направеше филмот возбудлив и интересен. Вака, нешто измеѓу комедија која не е смешна и драма која не е интересна. Да не зборувам дека семејството имаше деца кои едвај ги забележавме во филмот.
Друже, па оддамна помина ерата на Леси.Затоа и ми се допаѓа филмов, бидејки има нишка на реалност а кучето не е супер херој како во другите.:smir:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Fast & Furious (2009)



"Just like old times" Toretto и O`Connor ги здружуваат силите и заедно работат против нивниот заеднички непријател, сепак од различни мотиви.
Да не пишувам спојлери ќе го погледнете филмот и веројатно ќе се сложите дека овој е подобриот од трите претходни, а сепак нема толку многу акција ко претходните, има помалку али квалитетна, посебно последната.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Друже, па оддамна помина ерата на Леси.Затоа и ми се допаѓа филмов, бидејки има нишка на реалност а кучето не е супер херој како во другите.:smir:
Види "друже",искрено такви филмови што ја преценуваат реалноста се лошо поставени.
Ако сакате реалност,ајде ќе правиме серија која следи човек како секој ден оди на работа,доаѓа,јаде,спие.
Ултра-убер-реално?
Кул?

Да не ја заборавиме примарната цел на филмовите,забава.
На крај,зашто да направиме таков филм,кога може да го направиме The Truman Show,кој освен што е со реални емоции,сепак е во нереална и интригантна ситуација.

Ете и Бонд почна да тежи на ултра-реалност,па каде го доведе тоа.
Не ја преценувајте реалноста,има разлика од реално направени филмови и реални филмови.
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Yes man



Не постои филм со Џим Кери кој не е одлична комедиjа и воедно поучна.
Станува збор за човек кој е нон-стоп настроен песимистички. По извесно време еден збор му го променува животот.
Морам да признам дека има неколку добри сцени во кои актеров го покажува инзвондредно својот талент. Поготово првата сцена, скроз на почетокот.
Како и да е, релаксирачка комедија.
Оценка 7/10.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Друже, па оддамна помина ерата на Леси.Затоа и ми се допаѓа филмов, бидејки има нишка на реалност а кучето не е супер херој како во другите.:smir:
Е ја и прееска се мислев дали да одговорам ама еве Mac)) го кажа горе - долу она што го мислев. А не сакав да одговарам за да не ја упропастиме сликата за филмот, нов е и има луѓе кои сакаат да видат.

Иначе јас порано имав куче, сега имам мачор. Немирен е колку и да му даваш да јаде и да го чистиш пак ќе направи некоја беља. Па се мислев да им пратам во Холивуд предлог за сценарио. Нека дојдат да снимаат јас ќе си го шетам мачорот по градов, ќе му давам да јаде, ќе го бркам да не влегува во контењери, женските по пат ќе го галат и така... Ако Овен Вилсон и Џенифер Анистон земале милиони за тоа, може и ја ќе заработам нешто ситно...

Сепак реков, кој има миленичиња посебно кучиња можеби ќе си се најде некаде во филмот, нека го изгледа. Не сакам да бидам расипувач на забави.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
The Reader (2008)

Строго за љубителите на драми. Филм за кој Kate Winslet доби оскар за најдобра главна женска улога, а беше номиниран уште во 4 категории меѓу кои и онаа за најдобар филм. Приказна за една жена која има афера со многу помладо момче во повоена Германија. Осум години по нивната разделба, момчето е студент на право, а жената е на на обвинителна клупа за воени злосторства...

Уште еднаш, ова е за оние кои сакаат драми, затоа што филмот нема да ви понуди динамика, заплети и мистерии. Се работи за сосема едноставно но многу добро изработено сценарио.

8/10 from me...
Со оглед на тоа дека сакам филмови со адаптирани сценарија, овој филм не само што ги исполни моите очекувања, туку истите и ги надмина, од мене 10/10,
Не треба да зборувам и за професионално изиграната улога на Кејт Винслет за која ги доби скоро сите престижни награди за главна женска улога за 2008, како и младиот надежен германски актер Давид Кросс, се на се, ова е филм што вреди да се гледа
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The International (2009)



Ти ги контролираат парите. Ти ја контролираат владата. Ти го контролираат животот. И сите им плаќаат.
Сакам крими - филмови кои имаат некоја порака, или цел, иако повеќето се сведуваат на тоа добрите момци да ги бркаат лошите, пропратено со многу пукање и уништување возила. Овој филм е од оние кои имаат порака, во суштина се работи за борбата помеѓу праведниот човек и корумпираниот систем, борба која е однапред изгубена.

Во филмот, двајца агенти (кои ги играат Clive Owen и Naomi Watts ) влегуваат во трагата на една голема меѓународна банка за која се сомневаат дека е навлезена во организираниот криминал, но како проаѓа истрагата сваќаат дека се работи за криминал од далеку поголеми размери одколку што мислеле на почетокот.

Посебно интересен ми беше овој цитат: „Вистинската вредност на кофликтот е во долгот што го создава. Ако го конторлирате долгот, контролирате се. Гледам дека ова ве вознемирува, но тоа е самата суштина на меѓународното банкарство - сите ние, дали поединци или нации, да станеме робови на долгот“

Дали човекот кој бара правда може да го сруши системот? И каква цена треба да плати за тоа?

Инаку филмот е инспириран од голем меѓународен банкарски скандал на банката BCCI во текот на 80-тите и почетокот на 90-тите.

Според мене, 7.5/10 , сосема добар филм.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

само што го изгледав и можам да кажам дека е стварно супер филче по постеро сигурно ке помислете еј пак затвор нешто има еден батка со владее со него ама не е така баш е онака ок филм добра содржина моја оцена 7.5/10
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
X-Men Origins: Wolverine




Имам читано стрипови во електронска форма со ова име.
Волверин почетокот е филм доста поразличен од стриповите. Во филмот Волверин има брат, интересно нешто е што се влегува во карактерот на Волверин во неговите мрачни тајни, страста и одмаздата во животот негов.
Добро ново филмче мене ми се допадна гледајте го.

Леле го гледам трејлеров сега филмов премиера ќе има на 1 Мај, а јас го гледав на 9 Април т.е. денеска, грешка да не има во трејлеров?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
X-Men Origins: Wolverine




Имам читано стрипови во електронска форма со ова име.
Волверин почетокот е филм доста поразличен од стриповите. Во филмот Волверин има брат, интересно нешто е што се влегува во карактерот на Волверин во неговите мрачни тајни, страста и одмаздата во животот негов.
Добро ново филмче мене ми се допадна гледајте го.

Леле го гледам трејлеров сега филмов премиера ќе има на 1 Мај, а јас го гледав на 9 Април т.е. денеска, грешка да не има во трејлеров?
Нема грешка во трејлерот.

Читав некаде дека филмот излегол по торенти недовршен (некомплетен) уште пред премиерата и дека повеќе од милион луѓе го симнале и изгледале таков. Пријавен е случајот и ФБИ и други служби трагаат по сторителите. Hugh Jackman бил изреволтиран, изјавил дека да го гледаш филмот така е како нефарбано ферари.

Веројатно оваа верзија има сцени што ќе бидат исфрлени, сцени што ги нема а ќе бидат додадени, веројатно и дигиталната обработката не е завршена... Така да јас ќе го почекам оригиналот после премиерата, не ми се брза.
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
Анимиран филм за еп...уште од времето на хероите.Се случува во Данска каде доаѓа Беовулф и го убива Грендел(срамот и стравот на Данска) но кога оди да ја утепа неговата мајка(анџелина) тој спие со неа со што таа по многу години раѓа син,чудовиште кое ќе сака да ги убие кралицата и малата љубовница на Беовулф.Но тој го убива со што и он сам умира,но мајката на Грендел(анџелина) останува жива...Дали клетвата и срамот врз Данска нестанува? Или...
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

значи првио дел срање

вторио дел е по арен значи може да се преживее

3 дел хмм малку шретерале со ефектите ама у главно срање


заедничко убаво за 3 дела се колите мислам нешсто ногу јако се другото е веке видена приказна и оноа он сам они 10 души и салата ги прае еј и jason statham е исто светла точка у филмо.позз
 
Ј

јовица11

Гостин

*Jesus of Nazareth*

Вчера случајно на кабелска наидов на првиот дел од језиво добро направениот серијал за животот и делото на Исус.Филмов како мал го имам гледано безброј пати (го имав на видео касета и го гледав одново и одново, така што дури паметам и дел од репликите).Ова маестрално дело на италијанскиот режисер Франко Зафирели,најблиску ја има доловено визуализацијата во мојата глава за тоа како се живеело во тоа време.Плус актерите во филмов толку многу потсетуваат на иконите од црквите на ликовите кои ги играат.Еве како за пример ќе поставам слика од Robert Powell и Olivia Hussey кои во серијалот ги толкуваат Исус и Марија.




10/10
edit
Вториот дел моментално оди на HTV
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Yes man

За разлика од Мац)),ја му давам 10-ка на филмов.
Има одлична поента,особено за песимистите.
Џим Кери:wub: Ако овој човек не може да ве насмее,нема никој на светов. Одлично се вклопува во ликот што го глуми.
Го препорачувам на сите.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.059
The fast and the furious



Oldschool филмчето. Пишано е веќе горе. Јас му давам 7 од 10.

Seven pounds.

По 2пат го гледам и уште толку да го гледам неможам да останам рамнодушен на него.
Извондерна глума, прекрасна приказна која покажува дека уште постои човечност out there.
Tипот убива 7 луѓе во сообраќајка, и на крај се самоубива давајќи ги своите органи на 7 други да преживеат.

Meteor path to destruction.



Интересно филмче, ме потсеќа на Deep inpact. Meтеор удира во друг, поголем и го дели на 2 дела притоа насочувајќи го накај земјата.
Happy end.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom