Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Red Dragon

rd.jpg


Red Dragon е третото продолжение на квадрологијата за Ханибал Лектор.Со кадар на глумци како Ентони Хопкинс и Едвард Нортон (Хопкинс посебно) ретко кој би помислил дека филмот е некое промашување и слично.И така е, филмот едноставно ја продолжува низата на успешни филмови за Ханибал Лектор.За оние кои што преферираат псишолошки трилери, криминалистичи драми и мистерии мислам дека сите овие жанрови можат да ги најдат спакувани во едно - Ред Драгон или пак општо во квадрологијата за Х.Лектор.
Повторно се работи за сериски убиец кој треба да биде разоткриен со помош на фантастичниот психолог Х.Лектор.Глумата на Хопкинс, начинот на размислување се врвот во овој и претходните два дела на приказната за Х.Лектор
Оценката на Имбд е прилично висока 7.3, а мојата е некаде близу 8 :)

Кажав, доколку сте љубители на вакви филмови немојте да ги пропуштите серијалите за доктор Ханибал Лектор.
 
Winter Break (2003)
Непланирано го фатив на тв сношти некаде од половина филм. Прво што се задржав на филмов беше главниот актер Milo Ventimiglia (сакав да го видам вон сериски филм актер) воедно и наратор во целото дејствие на филмов. Љубовна приказна со централно дејствие - Аспен (на многумина ова име им е познато поради Dumb & Dumber). Интересен за дискусија пред се беше поради тоа што од една страна имаме дечко кој работи како ски-инструктор и нема карта ни за автобус, а од друга страна имаме богаташ кој ја опсипува со подароци неговата девојка, во која и нараторот се заљубува.
Интересен актер, кој ни е добро познат од Американските пити, Eddie Kaye Thomas исто се појавува во филмов.
Солидна љубовна драма, измешана со комични елементи. Онака кул, опуштено филмче.
 

Ремек дело на Стенли Ќубрик, негова последна голема реализација и приказна за недостатокот на секс, опсесијата со истиот и потрагата која води по опасни патишта во потрага по истиот и по една нова невобичаена авантура. Филм со доста елементи на мистика и тајни братства, нивната моќ спрема обичниот поединец... оценка 8/10

eyes-wide-shut.preview.jpg
 
The Reaping
the_reaping_movie_poster_onesheet.jpg



ја обично сум ептен голем критичар ама за овај филм стварно немам ништо лошо да кажам.
приказна 10/10 глума 8/10 звук 9/10
филмо мора да се гледа.
не го препорачувам за атеисти...со верска содржина е. -во еден град сите досегашни чуми што постојале пак се дешават.... неќам да ви откривам содржина ама гледајте го нема да зажалете претерано добар е филмо а и приказната е неверојатна
 
Можеле да изберат посимпатична глумица од анонимкава Nataliya Rudakova :) иако одлично си ја одработи својата улога како ќерка на Украинскиот министер, затоа пак тука е фантастичниот Robert Knepper, на човеков му лежи вакви улоги на негативец,
на моменти претерале со акционите ефектите, сепак мислам ќе им се допаден на сите кои се љубители на акционите филмови
9/10
 
Ghost Busters

Интересен филм за тоа време (84та) со доста солидни ефекти за истото, интересен хумор, но веќе виден во филмовите кои следувале од тој период па како таков и не е нешто особено, битно интересна идеја и доста добри актери... добар е за лесно тепање на време

ghostbustersmovieposterqk6.jpg

 
Можеле да изберат посимпатична глумица од анонимкава Nataliya Rudakova :) иако одлично си ја одработи својата улога како ќерка на Украинскиот министер, затоа пак тука е фантастичниот Robert Knepper, на човеков му лежи вакви улоги на негативец,
на моменти претерале со акционите ефектите, сепак мислам ќе им се допаден на сите кои се љубители на акционите филмови
9/10



Истиот го гледав со еден комшија....
 
Harry Potter And The Order Of The Phoenix

MV5BMjEyODI0MDU5OF5BMl5BanBnXkFtZTcwODk5OTI1MQ@@._V1._SX342_SY400_.jpg


Филмов е стварно добар најомилените од сите делови ... полн е со изненадувања. Оценка 10/10 , стварно вреди да се издвое време за ова :)
 
Blood Diamond

Cover-2.jpg


Иако ми одзеде скоро дваипол саати седење пред тв, нема да се пожалам од филмов.Навистина квалитетна и високо буџетна драма/трилер која вреди да се погледне.Главни улоги се Леонардо ди Каприо и некојси нигер Џимон Хоунсу кој фантастично се вклопува во целата приказна.Приказната е за афричките племиња и народи кои живеат во граѓанска војна и со децении се убиваат меѓусебе, и сето тоа се поврзува со илегалната трговија со дијаманти.Да не го должам многу, филмов ептен ми се свиде и ви го препорачувам да го погледнете.Мотив повеќе да го гледате овој филм е и оценката на ИМДБ која е чиста осмица :), истата оценка и јас би ја дал.Се на се екстра филмче.
 
Stardust (2007)
4lgouu8.jpg


Во кралството Стормхолд, кралот лежи на својата смртна постела. Наместо да назначи еден од неговите синови за престолонаследник, ги остава (да се испоубијат меѓусебно и) да трагаат по рубинот што тој го праќа кон небото. Рубинот удира во ѕвезда...

Младото момче Тристан и неговата сакана Викторија здогледуваат ѕвезда како паѓа. Викторија му ветува дека ќе се омажи со него ако за роденден и ја подари ѕвездата. Тристан преминува преку ѕидот-граница на неговиот град во потрага по ѕвездата...

Ламиа, една од трите злобни вештерки, тргнува да бара падната ѕвезда за да го изедат нејзиното срце, со што би биле вечно млади (и убави).

Очигледно, сите три приказни имаат заеднички крај, но која од нив ќе има срекен?


Жанрот е романтична авантура, фантазија. На нашки кажано бајка. Има и многу комични моменти, особено со Роберт Де Ниро.
Оценет од IMDb so 8.0
 
Завчера во 00:00 ми ја исклучија конекцијата ради неплатена сметка, и денот недела си го посветив на гледање филмови :)

----

Resident Evil: Degeneration (2008)

Анимираното продолжение на досега издадената филмска трилогија со преубавата Мила Јовович.
Овој дел не би го сметал како четврти оти приказната оди во друг правец, ама сепак доколку ги знаете првите три дела и овој би ви бил интересен, баш интересни ефекти и изглед низ целиот час и половина, сепак продукција на Capcom е.

6/10

----

Way Of War (2008)

Ништо посебно, не очекував ни малку дека филмов ќе биде ептен за никаде.
Единствено ме импресионираа цитатите од книгата "The Art Of War", и приказната за Св.Петар, Генералот и неговиот непријател.


3/10

----

Cheech & Chong - Next Movie (1980)

Приказна нема. Карактерите се погодени стопосто, такви скечеви и комедии немам гледано во поново време, фантастично, ќе ги земам сите нивни филмови, вреди.

6/10

----

American Beauty (2003)

Има рецензија за ова.. на претходнитa страницa, многу добро напишана :) 10/10

----
 
1408


Добар и интересен филм, за приказната на писателот на хорор романи и приказни за места кои се опседнати од духови и останати натприродни сили, приказна за разочараноста од животот а и тоа што смртта го нуди и онаа празнина што останува после неа.... или пак не :) оценка 9,5/10


1408.jpg


*Бонус, сум го гледал филмов т.е верзијата од него со алтернативниот - втор крај, кој е многу мнооогу подобар и... поинтересен :vozbud:

*крајот не е за тие со слабо срце.
 
scorpion_king_big.jpg

и
HarryPotterMoviePoster1.jpg

Прекрасни се двата филма...нема што да објаснуам само на двата филма им давам оцена 8/10
 
Се изнагледав на филмови викендов.

Sweet November

Романтична трагедија што верувам дека повеќето ја имаат гледано. Емотивните секако ќе пуштат по некоја солза на него, па ако сакате да го гледате земете палома до вас во последните 15 мин. Оценка 9/10.

American Beauty

Филмов одлично ја отсликува американската реалност, вистинска уметност е, еден од ретките филмови од таков тип што ме воодушевил. Ако ја сакате уметноста и вистинските животни судбини, ако сакате да ја откриете реалната слика покрај гламурот и сјајот што ни го претставуваат американските телевизии во филмов совршено ќе ја уловите вистинската слика за она што всушност претставува Америка и едно просечно американско семејство. Оценка 10/10.

Tristan & Isolde

Одамна го имав во колекција и конечно дојде на ред да го гледам. Вечно раскажувана приказна, вечно ќе се памети и нема многу што да се дискутира затоа што на сите ни е позната. Класика. Прекрасно претставена филмски, испуштени се и изменети некои моменти од книгата, но сепак се чувствува и сочувана е главната приказна. Оценка 10/10.
 
City of Angeles по 5-ти пат:)

cityofangelszz2.jpg


Најубавата љубовна приказна некогаш раскажана, толку многу жртвувања за еден допир, еден бакнеж, еден ден ... Николас Кејџ и Мег Рајан мислам дека би биле преубав пар и зад филмското платно, незнам дали тоа филмов толку ме обзема или навистина е така :toe: Кејџ дефинитивно најдобро го опишува какво е чувството за време на водење љубов во Хемингвеј стил :icon_lol:
Спаѓа во групата на омилени фимови, а меѓу нив го зазама највисокото место :)
Чиста 10/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom