http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101918По 5 години и вкупно над 1000 акции, 479 македонски војници го завршија учеството во мисијата „Слобода за Ирак“ во составот на коалиционите сили предводени од САД. Последниот 11. контигент македонски ренџери, специјалци и штабни офицери се вратија во Македонија минатата седмица.
За заслуги за време на извршувањето на задачите во оваа мировна операција, македонските војници беа одликувани со 98 американски одликувања и писмена благодарност од американскиот Претседател Џорџ Буш.
„Пред вас стојат професионалци со извршени повеќе од илјада конкретни задачи за помош и подобар живот на Ирачкиот народ“, изјави полковник Зоран Додевски, командант на полк за специјални операции.
Три-четири пати, македонските војници беа во екстремно опасни ситуации во Ирак при налетување со конвој возила на мини поставени на патот, но без потешки последици за мировниците.
АРМ во мисијата „Слобода за Ирак“ беше од јуни, 2003.
„Потврда за големината на успехот на македонските војници е фактот што за времетраењето на мисијата македонскиот контигент не претрпе ниту една човечка загуба што е постигнување достојно за почит ако се има во предвид исклучително сложениот безбедносен контекст во кој се наоѓаа“, изјави Претседателот и Врховниот командант, Бранко Црвенковски.
За првпат на една воена церемонија присуствуваше и Премиерот Никола Груевски, покрај министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски и американскиот амбасадор Филип Рикер.
Многу битно без ниту една жртва.Успешна мисија со оглед на тоа со какви средства и буџет располагаме.Само докажавме колку нашите војници се способни и тоа во реално најтешките услови во моментов во светот.Многу битен податок за сите оние кои редовно ги читам по форумите и се претерано песимистични во способноста на нашата армија.Ретко од армиските контингенти кои учествувале во вакви мисии кој може да се пофалат со фактот дека поминале без жртви.
И би додал дека државата треба само малку повеќе да обрне внимание во опремувањето и мислам дека АРМ може и те како да биде гарант за безбедноста на Македонија.