Но што е со оние луѓе кои живееле и умреле пред Исус да се жртвува ?
Што е со сите пратеници кои не го виделе ова ?
Нивните гревови никој не ги земал, овие луѓе не се меѓу блажените ?
Солидно прашање. Библијата никаде не ги осудува оние што не чуле за Исус. Осудени се само оние кои чуле, разбрале за радосната вест (спасувањето преку вера во Христос), а сепак не го прифатиле. Останатите не се под осуда, затоа што не знаеле (слично како и во Кyранот). Исус на едно место вели: "Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев." (
Исус во евангелие по Јован 15:22, Библијата) На друго место во Библијата пишува дека Исус откако умрел на крстот со Духот отишол да им се објави на оние (духовите) кои биле непокорни во времето на глобалниот потоп (кога Бог ги уништил сите луѓе, освен Ное и неговата фамилија). (
1 Петрово 3:18-20) Оттука гледаме дека Исус им дава шанса и на тие, што пак наговестува дека Тој им дава шанса за спасување и на оние кои живееле и умреле пред Него, а веројатно и на оние кои умреле без да дознаат за Него. Бог во Библијата се објавува како свет, праведен, непристрасен, милостив, долготрпелив, љубов итн. Така што нема сомнежи во тоа дека Бог ќе биде праведен спрема сите и дека на сите ќе им даде шанса да се покајат за своите гревови и да го примат спасението.
Како еднаш сте слуги еднаш синови, како тоа Бог ги тера синовите да му служат ?
Принципот на служење во Библијата е различен од оној што е опишан во Кyранот. Во Библијата самиот Исус на пример вели:
"А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека големците ги угнетуваат. Нека не биде така меѓу вас! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга! И кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга; како што Човечкиот Син (Исус) не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина.”"
(
Исус во евангелие по Матеј 20:25-28, Библијата)
Исус на пример пред да биде распнат им ги изми нозете на апостолите. Во тоа време слугите биле тие што миеле нозе. Со тоа Исус им даде пример како да се љубат и да си служат едни на други, а не едни над други да се прават големци и помалите меѓу нив да служат на поголемите - како што тоа е во секуларниот свет.
„Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум. И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг; зашто ви дадов пример и вие да правите онака, како што ви направив Јас. “ (
Исус во евангелие по Јован 13:13-15, Библијата)