Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Разбира се дека ќе умре грешен-но затоа овде е Црквата, новозаветната арка, преку која ги спасуваме своите души. Свештениците ни се потребни исто толку колку што верниците им се потребни на свештениците.
А што ако човек направи некој грев, па е некаде каде нема свештеници, ќе умре грешен а ? Сам не може да се молиу на Бога, мора тоа попот да го направи. Значи вие зависите од поповите. И што ако некогаш некој поп ве прелаже и не упати молба за вас ? Пак сте грешни ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На прашања полни со претпоставки, соодветсвуваат одговори полни со претпоставки.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Само они што ќе се покајат за своите гревови и ќе поверуваат во Исус добиваат простување на гревовите и вечен живот во Божјото царство. Божјото спасение (Христос) е понудено на сите луѓе, но ќе го добијат само оние што ќе го земат (прифатат). На човек можеш сосила да му земеш, но не можеш сосила да му дадеш. Божјата спасителна рака е испружена кон секој човек, до секој грешник. Некои се фаќаат за таа рака и се спасуваат. Некои ја игнорираат и тонат во канџите на гревот. Некои пак плукаат по таа рака, некои се исмеваат, некои филозофираат околу неа - сеедно, се спасуваат само оние што ќе ја прифатат и ќе се фатат за неа како што давеникот се фаќа за раката на спасувачот.
Значи пак ќе повторам. Оние грешници што ќе чујат и разберат дека Исус е Божјиот Син кој се жртвуваше за нивните гревови и поверуваат во тоа, па се покајат и решат да го следат Неговото учење - ќе бидат спасени од Божјата казна и ќе добијат вечен живот во Божјото царство
Значи тие што ќе поверуваат дека Исус се жртвувал за луѓето, ќе им се простат гревовите, потполно јасно.
Но што е со оние луѓе кои живееле и умреле пред Исус да се жртвува ?
Што е со сите пратеници кои не го виделе ова ?
Нивните гревови никој не ги земал, овие луѓе не се меѓу блажените ?

--- надополнето ---

На прашања полни со претпоставки, соодветсвуваат одговори полни со претпоставки.

Па има некои места каде едноставно нема свештеници, овие луѓе значи пред време знаат дека ќе горат во пеколот.
Бидејќи според тебе треба попот да го замоли Бога да го види каењето на грешниците.

--- надополнето ---

Прашање онака чисто до Христијаните.
Зошто се повикувате на тоа како Муслиманите се наречени робови на Аллах џ.ш а вие синови и ќерки ?
Па зарем не сте наречени и слуги, па која е разликата на робот и слугата ?
И ајде нека ми каже некој, кога има еден Господар другите што се над кои тој Господари ?
Да ве потсетам на 1-от Божји заповед кој гласи: Јас сум Господ, твојот Бог.
Како еднаш сте слуги еднаш синови, како тоа Бог ги тера синовите да му служат ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Но што е со оние луѓе кои живееле и умреле пред Исус да се жртвува ?
Што е со сите пратеници кои не го виделе ова ?
Нивните гревови никој не ги земал, овие луѓе не се меѓу блажените ?
Солидно прашање. Библијата никаде не ги осудува оние што не чуле за Исус. Осудени се само оние кои чуле, разбрале за радосната вест (спасувањето преку вера во Христос), а сепак не го прифатиле. Останатите не се под осуда, затоа што не знаеле (слично како и во Кyранот). Исус на едно место вели: "Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев." (Исус во евангелие по Јован 15:22, Библијата) На друго место во Библијата пишува дека Исус откако умрел на крстот со Духот отишол да им се објави на оние (духовите) кои биле непокорни во времето на глобалниот потоп (кога Бог ги уништил сите луѓе, освен Ное и неговата фамилија). (1 Петрово 3:18-20) Оттука гледаме дека Исус им дава шанса и на тие, што пак наговестува дека Тој им дава шанса за спасување и на оние кои живееле и умреле пред Него, а веројатно и на оние кои умреле без да дознаат за Него. Бог во Библијата се објавува како свет, праведен, непристрасен, милостив, долготрпелив, љубов итн. Така што нема сомнежи во тоа дека Бог ќе биде праведен спрема сите и дека на сите ќе им даде шанса да се покајат за своите гревови и да го примат спасението.

Како еднаш сте слуги еднаш синови, како тоа Бог ги тера синовите да му служат ?
Принципот на служење во Библијата е различен од оној што е опишан во Кyранот. Во Библијата самиот Исус на пример вели:

"А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека големците ги угнетуваат. Нека не биде така меѓу вас! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга! И кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга; како што Човечкиот Син (Исус) не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина.”"
(Исус во евангелие по Матеј 20:25-28, Библијата)

Исус на пример пред да биде распнат им ги изми нозете на апостолите. Во тоа време слугите биле тие што миеле нозе. Со тоа Исус им даде пример како да се љубат и да си служат едни на други, а не едни над други да се прават големци и помалите меѓу нив да служат на поголемите - како што тоа е во секуларниот свет.

„Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум. И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг; зашто ви дадов пример и вие да правите онака, како што ви направив Јас. “ (Исус во евангелие по Јован 13:13-15, Библијата)
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Ок, но како може таткото да ги гори децата ?
Па како може татко ми да ме фрли во оган ако му речам не верувам дека ти си мојот татко ?
Никој татко не си ги фрла децата во оган.
Што значи Христијанскиот Бог не е татко кој неизмерно ги љуби своите синови и ќерки туку тоа е истиот Бог во кој веруваат Евреите и Муслиманите.

--- надополнето ---

И уште нешто не ми е јасно околу првиот Божји заповед кој гласи Јас сум Господ твојот Бог и немој да имаш други Богови освен мене.
Е сега нели според Христијанството преку Исус човекот станал Бог ?
Па нели Бог сам си го прекршил овој заповед ?
Земал Богочовек покрај него.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ок, но како може таткото да ги гори децата ?
Со падот во гревот, човекот е протеран од Божјото семејство и повеќе не е син/ќерка на Бог. Само ако се покае од гревовите и се помири со Бог (преку Исус), дури тогаш се враќа во Божјото семејство и станува син/ќерка на Бог.
Од друга страна, Бог мора да го уништи гревот. За жал гревот не е надвор од човекот, туку е во човекот. Казната за гревот е смрт. Во идниот свет грев нема да има и за да нема, Бог мора да го уништи гревот т.е. грешниците што нема да се покајат.

И уште нешто не ми е јасно околу првиот Божји заповед кој гласи Јас сум Господ твојот Бог и немој да имаш други Богови освен мене.
Е сега нели според Христијанството преку Исус човекот станал Бог ?
Па нели Бог сам си го прекршил овој заповед ?
Земал Богочовек покрај него.
Според христијанството преку Исус човекот не станал Бог, туку Божјиот Син се отелотворил т.е. земал човечко тело во личноста на Исус Хритсос. Божјиот Син си постоел од вечноста и во одреден момент од човековата историја, Тој се отелотворил преку двицата Марија во телото на Исус Христос.
Божјиот Син (Исус) и Таткото (Јехова) не се два Бога, туку еден. Исус тоа јасно го кажа во една прилика „Јас и Таткото сме едно.“ (Исус во евангелие по Јован 10:30)
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Со падот во гревот, човекот е протеран од Божјото семејство и повеќе не е син/ќерка на Бог. Само ако се покае од гревовите и се помири со Бог (преку Исус), дури тогаш се враќа во Божјото семејство и станува син/ќерка на Бог.
Од друга страна, Бог мора да го уништи гревот. За жал гревот не е надвор од човекот, туку е во човекот. Казната за гревот е смрт. Во идниот свет грев нема да има и за да нема, Бог мора да го уништи гревот т.е. грешниците што нема да се покајат.

Потполно јасно, но сепак мене ми беше зборот дека сепак Бог не е татко туку Бог.
Знаеш и сам дека татковците не ги убиваат децата само затоа што се грешни, а со другите деца кои не се грешни ќе останат во фамилија.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Едно прашање:
Кога Исус а.с рекол
Јас сум пратен само за изгубените овци во Израел (Матеј 15:24)
Јован: 17:9 Јас се молам за нив; не се молам за светот туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои

Нели сам Исус вика дека е пратен само за Израел ?

И како тоа забранил да се носи пораката негова на Грците, Римјаните и самрќаните кога Павле потоа секаде ја однесе ?
И како тогаш Павле добил задача од Исус да ја преносува поракава ?
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Абе шлапаш глупости.
Во Христијанството има свето тројство а тоа е................... ОТЕЦОТ
СИНОТ(ИСУС)
и светиот дух..
ако не си знаел.
Ете тоа ти е одговорот на претходното прашање

Ете тоа ти е одговорот
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Разликата е во терминологијата во христијанството се употребува Бог е татко вие сте божји деца демек Он вас сите ве создал а во Исламот се употребува друга терминологија, но суштината е иста. Бог нема син него сите сте негови деца во смисла Он ве создал.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Абе шлапаш глупости.
Во Христијанството има свето тројство а тоа е................... ОТЕЦОТ
СИНОТ(ИСУС)
и светиот дух..
ако не си знаел.
Ете тоа ти е одговорот на претходното прашање

--- надополнето ---

Абе шлапаш глупости.
Во Христијанството има свето тројство а тоа е................... ОТЕЦОТ
СИНОТ(ИСУС)
и светиот дух..
ако не си знаел.
Ете тоа ти е одговорот
А ти не шлапаш глупости ? Го молам на Екслекс Мк да реагира пошто тоа не е прашањето што го постави Хрони. Ако имаш одговор на прашањето одговори, а не ми кажуваш тука сосем десетто.

--- надополнето ---

Едно прашање:
Кога Исус а.с рекол
Јас сум пратен само за изгубените овци во Израел (Матеј 15:24)
Јован: 17:9 Јас се молам за нив; не се молам за светот туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои

Нели сам Исус вика дека е пратен само за Израел ?

И како тоа забранил да се носи пораката негова на Грците, Римјаните и самрќаните кога Павле потоа секаде ја однесе ?
И како тогаш Павле добил задача од Исус да ја преносува поракава ?

Кој е Павле ? Име презиме ? Историски чоек ? Не, тоа му е само никнејм. Тој самиот кога не го послушал Исус...

Едно прашање до Христијаните до сите Христијани:

Зошто го обожавате крстот ?
 
The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Разликата е во терминологијата во христијанството се употребува Бог е татко вие сте божји деца демек Он вас сите ве создал а во Исламот се употребува друга терминологија, но суштината е иста. Бог нема син него сите сте негови деца во смисла Он ве создал.
Mnogu gresis, ne sme nejzini sinovi ili kerki tuku sme nejzini slugi.

--- надополнето ---

А вие зошто обожавате метеорит?
Dokaz???
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Доказ на друга тема .. ќе ве молам :)
на темата за Кааба или прашања за Ислам ..
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Mnogu gresis, ne sme nejzini sinovi ili kerki tuku sme nejzini slugi.

Ја да сум Бог би ги убил сите слуги , што ке ми се , ке си направам деца , барем ке ги сакам и они ке ме сакаат .
Поубаво некој да ме сака отколку да ме почитува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom