Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А кој ги квалификува едните а дисквалификува другите, на пример црквата си се подели уште н апочеток на следбеници на Исуса, на следбеници на Кована Крсттител, на следбеници на Павлета.... кој квалификува која е вистинската, кој квалификува дека католиците се дисквалификувани?
За теолошки работи пишуваат многи автори али кој тебе ти дава зелено светло дека нешттото е исправно?
кој го овластил квалификаторот?
Така е устроена Црквата: свештенството, кое е ни е дадено преку апостолското преемство, има улога да поучува, а верните, кои се дадени преку крштевањето Петрово, треба да го слушаат, примаат и практикуваат наученото. Како што Апостолите учеа непосредно од Господа, така подоцна и Светиите учеа од Него, претходно подвизувајќи се и очистувајќи се, за да ја придобијат благодатта Божја. Ете зашто некои се, а некои не се квалификувани да толкуваат, да бидат учители и да ги поучуваат другите.

--- надополнето ---

А бе и милион пати да речи “татко“ а само еднаш “татко кој е на небесата“ тоа значи нешто. Сепак то се свети книги и секој збор има значение, значи имаме татко и татко кој е на небесата, значи еден обичен природен овоземен татко и еден татко за кој појаснува дека е на небесата.
Со оглед на тоа дека светите писма ни докажуваат дека исус имал и мајка, и родени браќа и сестри заклучокот е логичен едноставен и единствено вистинит: Јосиф е таткото (биолошки) на Исус а бог му е духовен татко.
А што е, според тебе, „духовен„ татко?

Христос повеќепати го има споменато Својот Отец Небесен (па затоа Црквата во Символот и исповеда дека Синот Е роден од Отецот!), но Христос никаде не го наведува Јосифа за свој телесен/биолошки татко (ниту ги наведува 4-те браќа и 2-те сестри за биолошки браќа и сестри!), онака како што Христот ја нарекува својата мајка Богородица, за Негова телесна/биолошка мајка.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
пишуваат и расправаат за христијанството и католици и православни и англикани и несторијани и копти и адвентисти..... сите тие пред себе ги имаат пишувањата на апостолите (Новиот завет) и сите вадат различни заклучоци и мислења кои доведоа до поделби во христијанството и меѓусебни отфрлања на учењата на една црква со друга
Сите се во право?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ни случајно не се сите во право! Невозможно е да постојат повеќе паралелни вистини-тоа е јасно дури и од секојдневното живеење. А за да видиме кој е во право а кој не е, тоа може да се провери. Како што не може внукот да биде постар од дедото, така не може некоја вчера самостворена и самонаречена „христијанска„ заедница, да и продава теологија на Црквата, која има апостолско преемство и која има континуитет во минатите 2 000 г. од Христа Богочовекот па до денес..
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
сите тие се водат и раководат од библијата и новиот завет.
на пример Католиците не се формирале накнадно тие произлегле од расцеп на христијанска црква. Нив бог им го дал Рим и базиликата на Петар а на Православните Константинопол кој после му го дал во раце на муслиманите.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, сите деноминации се раководат од Писмото, иако во Писмото никаде не е кажано/запишано дека читајќи го Писмото, автоматски сме станале дел од Рајот. Така, имаме „утка„ уште на самиот почеток, па се чини дека погрешниот почеток значи и погрешен тек, а тоа значи и погрешен крај (за нашето живеење).

Доволно е да го посочам обидот за дијалог меѓу православието и меѓу папството: православието тргнува од Вистината (од Христа Богочовекот како референца) а Рим поаѓа од својата предрасуда за приматот на Папата, наводно, како намесник Христов на Земјата, кое претставува теза која на ништо не е заснована, понајмалку на Писмото, а највеќе е заснована на искривеното учење од римската Црква.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Значи православните сакаат бискупите да си си имаат примати во своите цркви и да не му одговараат за своите дела на никого совен на бог, над нив да нема некој друг бискуп примат.
Борба за власт.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема тука никаква борба за власт: всушност, кој со кого би владеел? Во Црквата, и свештенството/монаштвото и верните, исти се пред Бога по два основи: 1/ по својата грешност; 2/ по својата одговорност. Така, сите сме одговорни пред Бога, но и одговорни еден пред друг.
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
А бе и милион пати да речи “татко“ а само еднаш “татко кој е на небесата“ тоа значи нешто. Сепак то се свети книги и секој збор има значение, значи имаме татко и татко кој е на небесата, значи еден обичен природен овоземен татко и еден татко за кој појаснува дека е на небесата.
Со оглед на тоа дека светите писма ни докажуваат дека исус имал и мајка, и родени браќа и сестри заклучокот е логичен едноставен и единствено вистинит: Јосиф е таткото (биолошки) на Исус а бог му е духовен татко.
Јосиф не му е биолошки татко на Исус, зошто Исус нема билошки татко.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Спрема евангелијата Исус води потекло од лозата на Давид преку татко му Јосиф
Спрема евангелијата Исуса дојдоа да го бараат ммајка му и неговите браќа и сестри. Брат и сестра значи деца иод ист таткио и мајка. Или Бог му е татко и на сестрите и браќата Исусови или Исус му е син на Јосифа како и другите негови деца.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Факт е дека Исус за едниот татко потенцира “кој е на небесата“
"Кога Исус го изговори тоа, ги подигна очите кон небото и рече: „Татко, часот дојде! Прослави Го Својот Син, за да Те прослави Синот Тебе,"
(Јован 17:1, Библијата)

Еве, во наведениов стих Исус не потенцира "Кој е на небесата". Дали тоа значи дека овде Исус му се обраќа на Јосиф? :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
"Кога Исус го изговори тоа, ги подигна очите кон небото и рече: „Татко, часот дојде! Прослави Го Својот Син, за да Те прослави Синот Тебе,"
(Јован 17:1, Библијата)

Еве, во наведениов стих Исус не потенцира "Кој е на небесата". Дали тоа значи дека овде Исус му се обраќа на Јосиф? :)
Веројатно
На стариот Јосиф кралот на евреите , неговиот син принцот му вели дека му дојде часот.
Логички бог знае дека му дојде часот на Исус зато и нема потреба Исус да му вели на бог кој се знае дека му дошол часот.
Тоа е типично обраќање човека на човек.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
„Зашто, како што Таткото воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние, кои што сака.“ (Јован 5:21, Библијата)

Повторно Исус не потенцира дека се работи за Таткото "Кој е на небесата". Според твојата логика и ова се однесува на Јосиф кој нели воскреснувал мртви и тако даље :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Исус зборува за таткото и синот
Не вели ТАТКОТО И ЈАС
Ако јас речам дека таткото и сиунот водат бизнис успешен тоа не значи дека јас и татко ми.
Значи се однесува на некој татко и син. Не на Исус
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Без разлика кој е Синот, тој не е тема на дискусија, кој е Таткото за кој што збори Исус погоре? :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Дали е точно дека во рајот (према христијанската митологија) праведната раја ќе е наградена со мед и млеко,музика од харфи и слични милозвучни инструменти и дека е вечна пролет?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom