Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Две природи во едно тело.Хм....... добро нека остане така.Сепак Тој е семоќен не јас,Неговата логика неможе ни да се мери со мојата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
The Mad Doc, дали си слушнал за двојната (корпускуларно-бранова) природа на светлината? Според квантната механика сите честици имаат дуална (двојна) природа и се однесуваат и како бран и како честица. Епа ако тоа е логично и присутно во природата и науката, тогаш зошто да ни е невозможно истото и кај Исус?
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
колку пати ти е повторено дека Исус не бил само Бог, туку и Бог и Човек, и Божји Син и Човечки Син. Па така, како човек тој се молел.
Од друга страна, молитвата во христијанството не е исто што и молитвата во исламот. Молитвата во христијанството претставува комуникација со Бог. Оттука не гледам причина зошто Божјиот Син не би можел да комуницира со Таткото. Затоа претстани да го толкуваш и анализираш христијанството со исламски критериуми и од исламска перспектива. Мора да сфатиш и прифатиш дека тоа се две различни вери.
zosto isus za negovata bogolikost jasno ne se izrazil, zosto ednostavno ne kazal deka jas sum bog .. voopsto samiot isus nema kazano deka toj e bog i deka negovoto covecko telo, e bozjo ili zs ne rekol jas sum bog koj se oteletvoriv vo covek?ako bil bog on samiot ke kazel jas sum bog jas sum sin na boga , ima li nekakov biblsiki tekst za i okolu ova ? pozdrav
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
The Mad Doc, дали си слушнал за двојната (корпускуларно-бранова) природа на светлината? Според квантната механика сите честици имаат дуална (двојна) природа и се однесуваат и како бран и како честица. Епа ако тоа е логично и присутно во природата и науката, тогаш зошто да ни е невозможно истото и кај Исус?
Затоа што ни претходно,ни тогаш, а ни потоа никому не му се случило нешто слично како на Исус.
... а на секој фотон му е тоа карактеристика, нели... ;)
Затоа паралелата ти е не-на-место-баш.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
The Mad Doc, дали си слушнал за двојната (корпускуларно-бранова) природа на светлината? Според квантната механика сите честици имаат дуална (двојна) природа и се однесуваат и како бран и како честица. Епа ако тоа е логично и присутно во природата и науката, тогаш зошто да ни е невозможно истото и кај Исус?
Да,имам мало познавање за двојната природа на фотоните,но споредбата мислам дека не ти е на место.Како и да е мене тоа прашање ми стана јасно од кога ја прочитав Халкидонската дефиниција.

Имам друго прашање.

Дали и Отецот ги имал истите маки и болки(во истото време) што ги имал Исус на крстот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
ako bil bog on samiot ke kazel jas sum bog jas sum sin na boga , ima li nekakov biblsiki tekst za i okolu ova ?
Да има, на едно место Исус дирекно вели дека тој е Божји Син. Но што ако ти биде посочен, ти и понатаму ќе бараш некои други кривини.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што правел Бог пред да го создаде светов и човекот?
Има еден „љут„ и саркастичен (и неточен) одговор на ова прашање, од еден философ, кој вели: „Бог, пред да створи се, ги терал у пеколот тие кои поставуваат вакви прашања„.

Бог, пред да створи се што е видливо, битисувал во заедницата од Отецот и Синот и Светиот Дух, заедно со белите ангели. Воедно, Он промислува(л) за сето она кое подоцна ќе го створи и за се што ќе се случи.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Бог, пред да створи се што е видливо, битисувал во заедницата од Отецот и Синот и Светиот Дух, заедно со белите ангели. Воедно, Он промислува(л) за сето она кое подоцна ќе го створи и за се што ќе се случи.
...и колку време така „битисувал“ и „промислувал“ што да створи? ...и што правел со тие белите ангели во заедницата (освен што „битисувал“ и „промислувал“)?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
...и колку време така „битисувал“ и „промислувал“ што да створи? ...и што правел со тие белите ангели во заедницата (освен што „битисувал“ и „промислувал“)?


„Битисувал„, значи постоел/постои беспочетно (затоа Бог и вели дека Он „...Е...„, што значи, дека битисува само во „сегашно„ време, но Бог не вели дека Он „...бил...„ или „...ќе биде...„), што значи дека поимот „време„ во духовнито Свет не се поима онака како ние го поимаме времето во материјално-временскиов континуум во кој ние, створените, битисуваме.

Бог ги створи(л) белите ангели, за да ја сподели својата неограничена добрина и со други битија (оттаму и поимањето дека Бог е љубов-дарување без поставување услов и без барање нешто за возврат). Ангелите Го слават Бога, непрекидно пеејќи: „...Свет, Свет, Свет е Господ Саваот...„. Воедно, белите ангели ќе ја вршат улогата на гласници-весници (пренесувачи на волјата Божја), до луѓето, кои Он подоцна ќе ги создаде.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Бог ги створи(л) белите ангели, за да ја сподели својата неограничена добрина и со други битија.
Конструкцијата „За да ја“ е форма за маниферстација на намера. Фер. Ги створил за сподели добрина. Моето прашање е што прави со нив, таму на небото. Ако они вечно пеат, го слават, тогаш мене ми изгледаат како разглас и ништо повеќе. Можел Озвучење да измисли, наместо ангели, нели?

Ангелите Го слават Бога, непрекидно пеејќи: „...Свет, Свет, Свет е Господ Саваот...„. Воедно, белите ангели ќе ја вршат улогата на гласници-весници (пренесувачи на волјата Божја), до луѓето, кои Он подоцна ќе ги создаде.
Одлично! „...луѓето, кои Он подоцна ќе ги создаде“ се најверојатно создадени доста „подоцна“. Што правел господ со белите ангели кога немало земја, ниту луѓе за овие да им носат абери? ...и кому тие му пееле за добротата и славата негова?!?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сакам да знам ако некој може да ми одговори како може креаторот да биде роден од креацијата?

Како може Бог,кого неможат да го опфатат ни небесата ни небесата над небесата,се наоѓа во утробата на свое создание?

и уште едно прашање.Зошто Бог однапред знаејќи за гревот го создал Луцифер?
1. Кон првоболтуваното: всушност, Креаторот не е роден од креацијата, туку Креаторот ја „искористи„ креацијата. Така, Креаторот (...Синот Божји, преку Кого се станало...) слезе од Небесата (од духовнито Свет) на Земјава (во маеријалниов Свет), преку човекот Исус. Исус ја запази својата човекова природа, потчинувајќи се на волјата од Синот Божји и така, Исус се обожи и стана Богочовек. Но, Синот Божји ја запази својата божествена природа и не се „спои„ со човекот, создавајќи некое „трето“ битие, ниту стана смртен и грешен човек. Затоа и велиме дека Исус ја има двојната природа: човековата, преку Самиот Себе, и божествената, со/преку природата од Синот Божји.

2. Кон второболтуваното: Бог, навистина, го створи и Луцифер, иако однапред знае(л) дека Луци ќе отпадне. Но Бог Е ем дарител на живот, ем Е дарител на слободната волја, па Луци со таа своја слобода, можел да одбере да биде со или против својот Творец. Луци, јасно е, го одбра патот на своеглавоста и со тоа, отпадна од близината Божја.

--- надополнето ---

Конструкцијата „За да ја“ е форма за маниферстација на намера. Фер. Ги створил за сподели добрина. Моето прашање е што прави со нив, таму на небото. Ако они вечно пеат, го слават, тогаш мене ми изгледаат како разглас и ништо повеќе. Можел Озвучење да измисли, наместо ангели, нели?



Одлично! „...луѓето, кои Он подоцна ќе ги создаде“ се најверојатно создадени доста „подоцна“. Што правел господ со белите ангели кога немало земја, ниту луѓе за овие да им носат абери? ...и кому тие му пееле за добротата и славата негова?!?
Он не „прави„ ништо посебно со Ангелите, туку во рамките од Божјата промисла за сите настани во Вселената, Ангелите ќе ја имаат улогата на гласници-пренесувачи на вест од Бога до богоугодинте поединци. Затоа, после создавањето на Небесата (ангелите) и на земјата (на се материјално и видливо), Ангелите ја отпочнуаат својата задача. Гледај ги нештата во континуитет и така ќе ти станат појасни работите. Бог не ја прекина креацијата откако ги створи само Ангелите, туку ја продолжи креациајта и после побуната на онаа 1/3 отпаднати ангели. Создавајќи го човекот, кој отпадна од близината Божја, Бог не го заборави отпаднатиот човек/човештво, туку продолжи со промислување и за спасението на родот човечки. Така, Ангелот/архангелот Гавриил и ја јави добарата вест на мајката Божја. А таа вест е од Бога доставена до Богородица, преку Ангелот Гавриил. Од овој новозаветен пример (само еден, ги има и други...), јасна е улогата ангелска во Светов. Според тоа, Ангелите ја вршат улогата која Бог ја промисли за нив.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не ти се одговара на прашањето, а?
Два пати е „болд-угодено“ за полесно разбирање, ама понеделнички некако потешко оди, изгледа...
Ај ќе испаузирам ја, да не се возбудувам многу вака рано...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
зошто Мики, Сатаната е лошиот ... ете ги натерал (пеку змијата) Адам и Ева да каснат од Јаболкото .. со што им ги отворил очите и им укажал на тоа дека живеат на материјален свет, на некој начин им дал знаење,
и ме интересира шо ако не каснеле .. шо планирал Бог, се знае или само Тој знае ...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не ти се одговара на прашањето, а?
Два пати е „болд-угодено“ за полесно разбирање, ама понеделнички некако потешко оди, изгледа...
Ај ќе испаузирам ја, да не се возбудувам многу вака рано...
Стварно, не знам како одговор очекуваш од мене? Или, може одговорите кои ги давам, не ти се по мерак?

--- надополнето ---

зошто Мики, Сатаната е лошиот ... ете ги натерал (пеку змијата) Адам и Ева да каснат од Јаболкото .. со што им ги отворил очите и им укажал на тоа дека живеат на материјален свет, на некој начин им дал знаење,
и ме интересира шо ако не каснеле .. шо планирал Бог, се знае или само Тој знае ...
1. Тоа „отворање на очите“„ не се толкува како сознание дека Адам и Ева живеат во материјален Свет, оти ним (на Адам и Ева) им било повеќе од очигледно дека битисуваат во материјален Свет. „Отворањето очи„ е состојба во која умот човеков осознава дека покрај „доброто„, постои и „злото„, за кое (зло) ни Адам ни Ева не знаеја дека постои, се до каснувањето на плодот од забранетото дрво.

2. „Ако„ нашите пра-родители не вкусеа од она кое им беше од Бога забрането, ќе се случеше Божјата промисла: Адам и Ева ќе беа „пренесувачи„ на живот и за други човекови битија (...плодете се и множете се и наполнете ја Земјата..), кои ќе битисуваа во човечка заедница (аналогно на заедницата од Отецот и Синот и Светиот Дух) и кои ќе ги примаа бесконечните Божји знаења.

Арно ама....
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
значи Адам и Ева незнаеле дека постои Зло, (велиш покрај „доброто“ посоти и „злото“ за кое не знаеле)
зошто не е добро да знаат дека постои зло? (можеби ако Бог ги предупредил дека постои и Зло немало да бидат наивни и немало да каснат од Јаболкото, ќе знаеле дека е тоа Сатаната или некој кој ќе им нанесе зло)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom