Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дали за црквата е прифатливо постоењето на вонземјани? Добро се труди Ватикан со заканите кон Америка да прикриваат информации за НЛО.

Ох, само немој молим те ти (што постуваш музички спотови со наслов "tesko vama kafiri") да не браниш. Фала, сами ќе се одбраниме.:smir:

Тебе да те одбранам?Ја немаш таа чест. Прашувам зошто навредува можеби ќе каже нешто јако што ќе можам и ја да го користам.
 
Дали за црквата е прифатливо постоењето на вонземјани? Добро се труди Ватикан со заканите кон Америка да прикриваат информации за НЛО.

Сметам дека прашањето е упатено општо, до сите на форумов.

Да, за Црквата православна, вонземјаните навистина постојат. Тоа се всушност, отпаднатите ангели-демони. Ако си во можност, побарај ја книгата „Луѓе и демони„, во која авторот дава паралела од особините од демоните, наведени во Светото Писмо и реалните настани на контакти од луѓе и вознемјани. Заклучокот е дека се работи за истите битија-отпаднатите ангели.
 
Прашање без никаква намера да провоцирам или вреѓам. Дали Исус кажал некаде дека ќе биде распнат уште пред да го распнат?
 
Имам уште едно прашање. Кога Господ му се покажал на Мојсеј, Мојсеј паднал во несвест. Како ова совршенство се жртвуваше за луѓето? Немаше ли да блика од него убавината?

Кога Мојсеј пробал да го види се порамниле планините. Како на овој Бог го собрало е дно човечко тело а да не се порамни никој? Па макар бил свет дух кој излегол од самиот Бог. Кога ја гледаме големината на Бога, како може?
 
Na Mojsej mu se javil so svojot vistinski oblik, a Moshe ne pripadnal u nesvest, tuku se nickosan nazemi (svesen) od poniznost.

Taka, lesno, moze, neli Bog e semokjen, pa moze i da ramni planini, a i da ne ramni planini.

Malku detski prasanja, neli!

A za raspnuvanjeto, normalno deka kazal, e sea kako se vikase toj ne znam, ama mislam deka bar na eden mu kazal, onoj be, imaa pieno zaedno kiselo mleko li, kefir li.

I dajte bidete seriozni, ok.
 
Прашање без никаква намера да провоцирам или вреѓам. Дали Исус кажал некаде дека ќе биде распнат уште пред да го распнат?

Тешко или лесно, да знаеш дека кажал оти ќе биди убиен и воскреснат после 3 дена.

Maтеј: 17:23 Тие ќе Ме убијат, но на третиот ден ќе воскреснам.“ Ова многу ги ожалости учениците.
20:19 Тие ќе Ме осудат на смрт и ќе Ме предадат на Римјаните да Ми се подбиваат, да Ме камшикуваат и да Ме распнат. Но на третиот ден Јас ќе воскреснам.“
26:32 Но кога ќе воскреснам, ќе ве чекам во Галилеја.“
27:63 Тие му рекоа: „Господине! Се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „На третиот ден ќе воскреснам од мртвите!“

Марко: 10:34 кои ќе се подбиваат со Мене, ќе Ме плукаат, ќе Ме камшикуваат и ќе Ме погубат. Но по три дена, Јас ќе воскреснам!“
14:28 Но кога ќе воскреснам, ќе ве чекам во Галилеја!“

Јован: 6:44 Никој не може да дојде кај Мене, ако небесниот Татко, Кој Ме прати, не го привлече; а на крајот, Јас ќе го воскреснам за вечен живот!
6:54 Оној што се храни од Моето тело и се напојува од Мојата крв, има вечен живот и на крајот, Јас ќе го воскреснам.
 
Секако дека мислам на МПЦ, т.е. на православната Црква воопшто.
добро,јас мислев дека МПЦ не би си дозволила да се понаша ко секта ама ...
 
добро,јас мислев дека МПЦ не би си дозволила да се понаша ко секта ама ...

Еве он што ти кажа за православната црква:
Тоа носење јадења по гробови и слично, не е обичај кој е во согласност или по допуштање од Црквата. Изворното учење од Црквата вели дека на душата од покојникот не и треба ни јадење ни пиење, оти душата е нематеријална па нема потреба од материјална храна или пијалок, туку на душата од покојникот и требаат молитви, ради нејзината состојбата во другиот Свет. Телото од упокениот, веќе е распаднато, така да и тоа нема потреба од храна и пијалок.
Просто кажано, тоа е обичај кој го чинат оние кои ниту веруваат ниту знаат што се случува после смртта.

Од што тука, ти со твоето ултимативно познавање на Христијанството, заклучи дека црквата се однесува како секта?
 
Од што тука, ти со твоето ултимативно познавање на Христијанството, заклучи дека црквата се однесува како секта?

те мрзи да прелисташ наназад една страна а?

Тоа носење јадења по гробови и слично, не е обичај кој е во согласност или по допуштање од Црквата. Изворното учење од Црквата вели дека на душата од покојникот не и треба ни јадење ни пиење, оти душата е нематеријална па нема потреба од материјална храна или пијалок, туку на душата од покојникот и требаат молитви, ради нејзината состојбата во другиот Свет. Телото од упокениот, веќе е распаднато, така да и тоа нема потреба од храна и пијалок.
Просто кажано, тоа е обичај кој го чинат оние кои ниту веруваат ниту знаат што се случува после смртта.

на која црква мислеше?мпц?

денес на вести покажаа истурање на црвено вино врз гробот на Гоце Делчев во св.Спас
незнам дали попот кој истураше алкохол бил од МПЦ:toe: ама таму беше државниот врв и се поклонија.....ваљда архиепископот беше со шишето алкохол:toe:

Секако дека мислам на МПЦ, т.е. на православната Црква воопшто.

добро,јас мислев дека МПЦ не би си дозволила да се понаша ко секта ама ...
 
Дали за црквата е прифатливо постоењето на вонземјани?

Библијата е порака од Бог до човекот и затоа таа не се осврнува околу евентуалниот живот на други планети во други ѕвездени системи или галаксии. Сепак христијанскиот став е дека ако на некое место има живот, тој живот го создал истиот Бог што не создал нас.
Сепак во Библијата се спомнати одредени вонземски суштества како што се ангели, серафими, херувими и сл. Овие се духовни суштества, но како што знаеме можат и да се материјализираат. Демоните се паднати ангели, но веројатно тие, бидејќи се со падната природа, не можат да се материјализираат, туку потребени им се тела да опседнат за да дејствуваат преку нив.
 
Прашање директно до Чорбаџија:
Дали еден човек може да поверува во Исус после неговата смрт?
Во контекст на прашањево еве еден библиски цитат:
"Господ лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат."

(1. Солун 4:16)​

Однапред фала на одговорот.
 
Зошто мора баш демони да бидат? Зарем нема друг свет освен овој со нормален живот кој го дал Бог?
 
Сите ќе поверуваат во Исус еден ден кога ќе воскреснат, затоа што Библијата вели дека ќе има воскресение и на праведниците и на неправедниците. Но ако прашуваш дали може некој по смртта да поверува во Исус и да се спаси, тоа е веќе малку потешко теолошко прашање - затоа што Библијата не е експлицитно јасна по ова прашање. Затоа советот е да не чека некој до смртта за да се покае од гревовите и да поверува во Исус. Барем за тоа сигурно знаеме дека е гарант за спасението.

Некои теолози веруваат дека по смртта Исус би им се објавил на оние кои немале прилика да дознаат за Него во животот. Тоа гледиште се заснова на следниов библиски стих:

"Зашто и Христос умре за гревовите еднаш засекогаш, Праведниот за неправедните, за да може да не одведе кај Бог; убиен во телото, но оживеан во духот; во кој отиде и им проповедаше на духовите, кои се сега затворени, кои некогаш беа непокорни, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија преку водата." (1 Петрово 3:18-20, Библијата)

Зошто мора баш демони да бидат? Зарем нема друг свет освен овој со нормален живот кој го дал Бог?

Реков дека можеби има, но Библијата не се осврнува на тоа прашање затоа што тоа прашање е оф-топик таму :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom