Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Мислам дека тоа е една од разликите меѓу Католиците и Православните. Католиците сметале дека не е грев плодот на Марија и Светиот Дух, додека Православните го тврделе спротивното. Колку е тоа точно не знам.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Може ли да ми кажете колку празници има Христијанството.?
Христијанството има само еден од Христос заповедан празник. Тоа е Господовата спомен вечера или популарна позната како "причест". Сите останати празници црквите сами ги востановиле и ги слават. Некои празници (како Христовото раѓање (Божиќ) и воскресение (Велигден)) се слават од сите цркви, а некои се карактеристични само за одредени цркви или христијански деноминации. Тука воглавно спаѓаат православните и католичката црква кои имаат посветено еден куп празници за светци, додека во протестантско-евангелските цркви светците (луѓето) не се слават, туку тие, согласно нивното верување, го слават само Господ и сметаат дека само Тој е достоен за славење.

Зошто Христијаните сметаат дека секое бебе е грев.? Како може и зошто едно бебе да биде грев.?
Христијаните не сметаат дека бебето е грев, туку напротив, христијаните сметаат дека бебињата се благослов од Бог. Така вели Светото Писмо (Библијата):

„Ете, децата се дар од Господа. Плодот на утробата е награда.“ (Псалм 127:3, Библијата)

Она што веројатно си го слушнала е дека децата се раѓаат со гревовна природа, со природа која ги тера кон грев. Тоа е библиска вистина. Библијата учи дека сите се раѓаме со таква природа која ја наследуваме од нашите родители, а тие пак од нивните родители и така натаму до нашите прародители Адам и Ева кои направиле грев и заради кои ние ја наследуваме таа природа. Се разбира, не е тоа само заради нивните гревови, туку и заради сите останати гревови кои ги правеле нашите предци, а и заради гревовите кои сме ги направиле ние откако сме пораснале.

„Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка.“ (Псалм 51:5, Библијата)
„Нема никој праведен, нема ниту еден“ (Римјаните 3:10, Библијата)

„сите згрешија и им недостасува Божјата слава, но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса, Кого Бог Го постави за жртва на помирувањето преку вера“ (Римјаните 3:23-25, Библијата)
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
А зошто Бог не слегол сам на земјата да се жртвува па да воскресне, зошто тоа го направил неговиот син.? Зарем Бог може да има син,кој ќе му го роди човек. Колку Богови испаѓаат сега, кој ја има власта на небото, кој е главен а кој чека да добие власт.?
 
1. Таква била суверената воља на Бог Таткото. Тој прави се по советот на Неговата сопствена воља и ретко дава објаснувања кои ги поставуваме чисто од љубопитност, без да имаме потреба од тие одговори.

2. Бог слегол на земјата преку Неговиот Син. Божјиот Син е едно со Таткото.

3. Да, Бог може да има Син.

4. Божјиот Син постоел уште пред да биде роден на Земјава. Тој се отелотворил преку девицата Марија за да стане човек, за да може непосредно да искомуницира со нас луѓето и, што е најважно, за да може да принесе човечка жртва за човечкиот грев. Безгрешен човек (Адам) згреши и затоа безгрешен човек (Исус) требаше да ја плати таа казна. Затоа Исус мораше да земе човечко тело, за да се квалификува како посредник во извршувањето на Божјата правда, која за човековиот грев барала човечка безгрешна жртва. Човекот принесувал животински жртви, но тие не биле доволни да го откупат човечкиот грев. Затоа мораше Божјиот Син да биде роден од човек, за да и самиот стане човек.

5. Еден Бог е, но Тој има плурална природа. Има многу созданија во природата што имаат плурална природа. Човекот има дух, душа и тело, а сепак тој не е три личности, туку една. Во бракот исто така мажот и жената се две различни нешта, но сепак претствуваат едно тело.

6. Бог ја има власта на Небото. Тој не чека да ја добие влеста. Тој никогаш ја немал изгубено.
 
Член од
11 април 2010
Мислења
66
Поени од реакции
1
Сакам ако може да ми ја објасниш релацијата христијанство - црква.
на која црква треба вистинските христијани да припаѓаат?
Zdravo Radica, prosti uste ednas sto ne mozev porano da odgovoram na tvoeto prasanje.

Vo mracniot sreden vek do 1400god.Poznato ni e sto se slucuvalo na religiozno pole.Vrhovna vlast (pa duri i samiot sebe se stavase na na mestoto na Bog)bese Rimo-katolickata crkva.
Lugjeto vo toa vreme ziveele vo totalna duhovna temnina.Biblijata bese nepoznata za narodot, a i bila zabrneta da se cita, pa duri i unistuvana.
Edinstven posrednik na lugjeto pomegju Bog im bese papata, no dali toj verno rabotel za Boga stom stavil zabrana za lugjeto da ja citaat Biblijata?..Ne naprotiv toj postavuval svoi pravila i normi, izgradil svoi nacela vo Hristijanskta crkva vo polza na svoite interesi i vo polza na vlasta negova.
No ako ne bi bil Bog nie bi ziveele den deneska vo temnina.
Nekade odolu 1400ta godina Bog podiga svoj narod koj ke ja izvadat svetlinata i slobodta na Bozjiot narod povtorno ke bide vratena..
1.Valdezanite bile grupa na lugje koi se kriele od Rimokatolickata sila i vlast(ziveele vo planini i pesteri) i verno mu sluzele na Boga, se razbira ona sto im bilo otkrieno.Veruvale ili ne tie go imale noviot zavet i verno go cuvale ako ne se lazam i racno pravele prepisi sto znaci avtenticnite prepisi na noviot zavet postoele i bile cuvani od ovie verni Bozji slugi uste vo 1400 god.
Sto znaci ne im drzi voda teorijata na onie koi sto trvrdat deka noviot zavet bil modificiran,to e samo nivna mecta zatoa sto seto ona sto sto e napisano vo ovie knigi ja negira nivnata nauka.
Znaci Bog gi podiga Valdezanite i govorele Biblija i samo Biblija kako edinstven patokaz vo zivotot.

Bog moral cekor po cekor da go vodi svojot narod i malku po malku Bibliskite vistini da gi vadi na videlina, zatoa sto ako bi im otkril se od edns ne bi mozese da go prifatat toa i da go izdrzat zosto kako sto kazav bile vo okovi na temninata, i pod mnogu golem pritisik na papstvoto.
2.Sleden cekor,Bog go podiga Jan Hus. Toj ucel za poslusnost na Boga, a ne na covek,poveke treba da mu se pokoruvame na Bozjite pravila i zakoni a ne na coveckite.
Se razbira taka pocnale da nastanuvaat protestantskite crkvi. Sledbenicite na Hus oformile crkva i i dale ime se razira za da se raspoznava.
3.Posle Jan Hus Bog go podiga Martin Luter, toj se kreva protiv oprostalnicite sto rimo-katolickata crkva im gi prodavale na lugjeto za prostuvanje na greovite.Toj ucel oprostuvanje na grevot go dobivam e vo ime na Bozjata milost a sme otkupeni so Isusovata krv.No ni Luteranite ne otisle mnogu daleku pa Bog prevzema sleden cekor...(Morame da imame na um deka seto toa se slucuvalo pod teski okolnosti,znaeme za inkvizicijata vo toj period deka sekoj onoj sto ke se sprotistavi na papstvoto go proglasuaat eretik i go palele na lomaca)
4.Kalvin e slednio protestant koj uci deka treba da rasteme vo Hristos, nasiot sekojdneven duhoven rast da bide vo Hrista, zatoa sto Isus ne samo sto dojde da ne otkupi negi i da ni pokaze kako da ziveeme kako lugje.
Seto ona bilo vazno sto go ucele i Valdezanite i Jan Hus i Martin Luter, no nie ne smeeme da zastaneme tuka..
5.Slednata vistina Bog ja otkria preku Anabaptisticko dvizenje.Anabaptistite zboruvale za pravilnoto krstevanje znaci "baptizo" uronjavanje, utopuvanje vo voda.Toa e edinstven nacin za pravilno krstevanje znaci vleguvanje cel vo voda.Матеј: 3:16 А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата.
6.Dzon Vesli e sledniot koj otkriva deka Bog e svet i nie treba da bideme sveti....
7.Posle Vesli , Bog go podiga Viljam Miler koj otkriva vtoroto Hristovo doagjanje.Toj gi proucuval starozavetnite i novo zavetnite knigi(osobeno prorok Danilo) i bil prv sto go najavil vtoroto Hristovo doagjanje,no i Miler ne znael se..
8. Po Miler Bog podiga Adventno dvizenje koe ke ja iznese vistinata za sabotata kako den za odmor, vistinata za smrtta(dali covek zivee posle smrtta), vistinata za pocetokot na nebesniot sud i se razbira go prifatila seto ona sto cekor po cekor bilo otkrivano kako Bibliski vistini
Imeto "Adventisti na sedmiot den" go dava Elena G.Vajt
Istoriskite izvestai za Vajt kazuvaat deka ziveela vo 19ti vek i Bog na ako ne se lazam 17 godisna vozrast preku nea pokazal sto ke se slucuva vo poslednite denovi.Imala nad 2000 videnija koi sto del od niv veke se ispolnile a najgolemite i najbitnita veke se na pragot.
Kolku literatura ima napisanao ne znam, no znam deka e mnogu :)
Bog kazal i ne predupredil deka ke se javuvaat lazni proroci, no da i upatstva kako da gi poznaeme vistinskite ima kriterium za vistinskite proroci(da ne pisuvam,zatoa sto veke mnogu ispisav)
Bog ni kazal deka vo poslednite denovi ke ni dade prorok odnosno aj ne prorok nego covek koj ke ne prigotvi i razbudi pred Hristovoto doagjanje:
Јоил: 2:28 По ова ќе го излеам Мојот Дух на секое тело, и вашите синови и ќерки ќе пророкуваат, вашите старци ќе сонуваат соништа, а вашите момчиња ќе гледаат виденија.
Дела Ап.: 2:17 ’Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, и вашите младинци ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.
2:18 Исто така, во тоа време, и на Своите слуги и на Своите слугинки ќе излеам од Мојот Дух и ќе пророкуваат.

Ova se slucuvalo vo vremenski period od krajot na 14ti vek do 19ti vek.
Jas mislam deka niedna crkva ne e sovrsena 100% zatoa sto e sostavena od lugje neli.. no mislam deka Adventistite na sedmiot den vo svoite osnovni nacela na crkvata se najblisku do ona sto go napisav.
So ova ne sakam na nikoj da mi nametnam svoe mislenje, se ni e otkrieno i se e na videlina, samo treba da barame i da istrazuvame.Матеј: 5:2 и кога ја отвори Својата уста ги поучуваше, велејќи:
7:7 ”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
7:8 Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.
Golema pocit kon site protestantski crkvi jas sum gi prifatil si te ucenja na protestantite sto gi spomnavme do sega.

Toa e samo moe mislenje vrz osnova na moeto proucuvanje na Svetoto pismo.

Vi blagodaram za trpenieto :)

P.s. Site greski se namerni za da se zadovolat potrebite na site...
:) (se shalam)
Pozdrav!!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Врти сучи, тркалото некако отиде кон "пророчицата" Елена Вајт :)

„Пророците беа до Јован (Крстителот).“ (Исус Христос во ев. Лука 16:16)

Јован Крстител умре во 1 век. Елена Вајт е родена 19 век.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
„Пророците беа до Јован (Крстителот).“ (Исус Христос во ев. Лука 16:16)

Јован Крстител умре во 1 век.
Мхм, така пишува... И како што прашав некаде претходно на форумов, што е тогаш Јован Богослов со Откровението?
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Zdravo Radica, prosti uste ednas sto ne mozev porano da odgovoram na tvoeto prasanje.

Vo mracniot sreden vek do 1400god.Poznato ni e sto se slucuvalo na religiozno pole.Vrhovna vlast (pa duri i samiot sebe se stavase na na mestoto na Bog)bese Rimo-katolickata crkva.
Lugjeto vo toa vreme ziveele vo totalna duhovna temnina.Biblijata bese nepoznata za narodot, a i bila zabrneta da se cita, pa duri i unistuvana.
Edinstven posrednik na lugjeto pomegju Bog im bese papata, no dali toj verno rabotel za Boga stom stavil zabrana za lugjeto da ja citaat Biblijata?..Ne naprotiv toj postavuval svoi pravila i normi, izgradil svoi nacela vo Hristijanskta crkva vo polza na svoite interesi i vo polza na vlasta negova.
No ako ne bi bil Bog nie bi ziveele den deneska vo temnina.
Nekade odolu 1400ta godina Bog podiga svoj narod koj ke ja izvadat svetlinata i slobodta na Bozjiot narod povtorno ke bide vratena..
............................................................................................................................
......................................................................................................

Ova se slucuvalo vo vremenski period od krajot na 14ti vek do 19ti vek.
Jas mislam deka niedna crkva ne e sovrsena 100% zatoa sto e sostavena od lugje neli.. no mislam deka Adventistite na sedmiot den vo svoite osnovni nacela na crkvata se najblisku do ona sto go napisav.
So ova ne sakam na nikoj da mi nametnam svoe mislenje, se ni e otkrieno i se e na videlina, samo treba da barame i da istrazuvame.Матеј: 5:2 и кога ја отвори Својата уста ги поучуваше, велејќи:
7:7 ”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
7:8 Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.
Golema pocit kon site protestantski crkvi jas sum gi prifatil si te ucenja na protestantite sto gi spomnavme do sega.

Toa e samo moe mislenje vrz osnova na moeto proucuvanje na Svetoto pismo.

Vi blagodaram za trpenieto :)

P.s. Site greski se namerni za da se zadovolat potrebite na site...
:) (se shalam)
Pozdrav!!
Ти благодарам за долгиот и исцрпен одговор. Ми објасни некои работи за христијанството, но ти тука никаде не ја спомна Православната Црква.
Читав за тоа дека многу луѓе во Полска, германија сакаат да преминат од католичката црква во некоја од протестантските или во ислам(поради последниве скандали со неа која го тресат светот), но никаде тука не сретнав Православна Црква, таа чии корени се длабоко врежани во раното христијанство, почетокот на градењето на Божјите храмови. Значи моето прво прашање е зошто луѓето преминуваат од една во друга црква, но тоа не е Православната Црква? Мое мислење е поради големата пропаганда која се врши од страна на протестантиските и адвентистичките цркви. Не мислам значи никој да напаѓам, тоа е мое мислење.
Второто прашање е дали еден човек кој верува во Бог и исус христос, кој го чита словото Божјо и живее по него, но кој не оди во ниедна црква,( не се определува ниту како православен, ниту како католик, ни протестант, ни адвентист), може да се смета за верник и дали бог ќе си спомне за него на Судниот ден, дали ќе има право да живее во рајот ако живеел добро и чесно, ако не припаѓа на ниедна црква?
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Ок фала многу, многу убаво објаснето. Сега сфаќам значи тоа е еден Бог во три форми. А бебето не е грев туку се раѓа грешно awwwwwwww!!! Сепак ок сакам уште нешто да знам. Како според Библијата треба да изгледа една Христијанка.?
Покриена како Девицата или.?
 
Член од
25 април 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ти благодарам за долгиот и исцрпен одговор. Ми објасни некои работи за христијанството, но ти тука никаде не ја спомна Православната Црква.
Читав за тоа дека многу луѓе во Полска, германија сакаат да преминат од католичката црква во некоја од протестантските или во ислам(поради последниве скандали со неа која го тресат светот), но никаде тука не сретнав Православна Црква, таа чии корени се длабоко врежани во раното христијанство, почетокот на градењето на Божјите храмови. Значи моето прво прашање е зошто луѓето преминуваат од една во друга црква, но тоа не е Православната Црква? Мое мислење е поради големата пропаганда која се врши од страна на протестантиските и адвентистичките цркви. Не мислам значи никој да напаѓам, тоа е мое мислење.
Второто прашање е дали еден човек кој верува во Бог и исус христос, кој го чита словото Божјо и живее по него, но кој не оди во ниедна црква,( не се определува ниту како православен, ниту како католик, ни протестант, ни адвентист), може да се смета за верник и дали бог ќе си спомне за него на Судниот ден, дали ќе има право да живее во рајот ако живеел добро и чесно, ако не припаѓа на ниедна црква?

Pravoslavnata crkva tvrdi za sebe deka taa e "vistinskata crkva", "najstarata", "pravoverna", "pravoslavna crkva od istok", "istocna crkva" koja ima" neprekratno sveshtenstvo koe poteknuva od apostolite, "apostolsko preemstvo ( nasledstvo)...
Ako Pravoslavnata crkva e apostoslska crkva, so apostolsko preemstvo, kako sto samata tvrdi, togash taa treba da ja prevzeme od apostolite i ovaa Hristova zapoved, da ja izvrshuva i ovaa zadaca: da mu go propoveda "evangelieto na sekoe sozdanie", "na sekoe pleme, jazik, koleno i narod".Da podigne svoi misii vo Kina,Afrika, vo Indija na site meridijani na zemjinata topka, da im go odnese evangelieto na cetiri milijardi ziteli na zemjata koi ne se hristijani, koi nishto ne znaat za Hrista kako spasitel. Pa toa e Hristova zapoved vrzana za poslednoto vreme i taa mora da se ispolni. Neka poveli tradicionalnata, Pravoslavnata i Katolickata crkva i neka ja ispolnat, ako ptretendiraat za status na vistinska Bozja crkva!
Od druga strana, Pravoslavnata crkva za sebe tvrdi deka e "pravoverna", "sveta bozja crkva. No Bog kazuva poinaku: "Ovde e trpenieto na svetiite, koi gi drzat Bozjite zapovedi i imaat Isusova vera" (Otkrovenie 14,12). Jasno e deka sveta Bozja crkva, sveti vernici, se onie koi gi drzat Bozjite zapovedi.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мхм, така пишува... И како што прашав некаде претходно на форумов, што е тогаш Јован Богослов со Откровението?

Апостол Јован е Христов пратеник.

„Исус му рече (на Петар): „Ако сакам тој (Јован) да остане додека не дојдам, што ти е тебе? Ти следи Ме!” Така се разнесе зборот, меѓу браќата, дека оној ученик, нема да умре. А Исус не му рече, дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане додека не дојдам, што ти е тебе?” “ (Јован 21:22-23)

„А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. “ (Јован 16:13)
 
Кој е Духот на Вистината ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
никаде тука не сретнав Православна Црква, таа чии корени се длабоко врежани во раното христијанство,
Ранохристијанскиот период трае до крајот на 3ти век или евентуално почетокот на 4ти век (пред Константин да стапи на сцена и да ја побратими црквата со државата).
Православните цркви датираат од 11 век па натаму т.е. долго после ранохристијанскиот период.

Кој е Духот на Вистината ?
Светиот Дух.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па нели пишува таму, од себе нема да зборува? Зарем Светиот Дух не е дел од Бога, од кого ќе слуша ?
Убаво си пишува таму, дочитај до крај, па потоа прашувај. Од Христос ќе земе и ќе јави.

„Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви јави.“ (Јован 16:14)

Светиот Дух не е исто што и Христос, но тие се едно. Исто како во бракот. Мажот не е исто што и жената, но тие се едно тело (според Христос).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom