prasanja za hristijaniteeeeeee;;;
Баш убаво што си се заинтересирал/а...
Има одговор за се' во Библијата, но ако немаш време сам да бараш еве нешто на кратко:
ЗОШТО ХРИСТОС СТРАДАШЕ И УМРЕ
„Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.” (Битие 6:5)
Божјото сведоштво за човекот е, дека тој е грешник. Бог сведочи против него, не за него; и сведочи дека „нема ниту еден праведен, не, ниту еден"; дека нема „ниту еден да прави добро"; никоj „којшто разбира"; никoј којшто Го бара Бога, и, уште повеќе, никој што Го љуби (Псалм 14:1-3; Римјаните 3:10-12). Бог зборува за човекот љубезно, но строго; како некој којшто копнее по изгубеното дете, но сепак како некој кој не се нагодува со гревот, но и „проштава опакост, грев и престап.”
Бог објавува дека човекот е изгубен, залутен, бунтовник, „мразител на Бога" (Рим. 1:30); не грешник повремено, но грешник секогаш; не грешник делумно, со некои добри работи за него, но целосно грешник, без балансирана добрина; зол во срцето како што и во животот, „мртов во престапот и гревот" (Ефес. 2:1); злосторник, и поради тоа под осуда; неприjател на Бога, и затоа „под гнев"; прекршувач на праведниот закон, и поради тоа под „клетвата на Законот" (Гал10). Грешникот не само што прави грев, но гревот го носи со себе, како негово второ јас; тој е тело на гревот (Рим.6:6), „смртоносно тело" (Рим. 7:24), потчинет не на законот Божји, но на „законот на гревот" (Рим.7:23).
Но постои уште едно дури полошо обвиение против него. Не верува во името на Синот Божји, ниту пак го љуби Христос. Тој е неговиот грев над гревовите. Дека неговото срце не во ред со Бог, тоа е неговото прво обвинение против него. Дека неговото срце не е во ред со Синот Божји е второто. И второто е тоа кое е главниот, уништувачки грев, носејќи со себе пострашна осуда од сите други гревови заедно.
„Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син" (Јован 3:18). „кој не Му верува на Бога, Го направил лажец, зашто не поверувал во сведоштвото, кое Бог го сведочел за Својот Син." (1 Јов. 5:10) „А кој не поверува, ќе биде осуден (Марко 16:16). Според тоа, тоа е кое што Светиот Дух му го покажува на човекот е неверието; " кога ќе дојде Тој [Светиот Дух], ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. За грев - зашто не веруваат во Мене;" (Јован 16:8-9).
Човекот нема потреба да вели добар збор за себеси, или да бара изговор „не сум виновен", освен ако не покажал дека го љуби, и секогаш го љубел Бога, со сето негово срце и душа. Ако навистина мове да рече тоа, тој е добар, не е грешник, и нема потреба од прошка. Тој ќе го најде патот до царството без крстот и без Спасител.
Но, ако не може да го рече тоа, „неговата уста е затворена," и е „виновен пред Бог." Но благонаклоно, добар надворешен живот може да го натера него и другите да гледаат на неговиот случај сега, дека пресудата ќе оди против него во иднина. Тоа е човечкиот ден, кога човечкиот суд претежнува; но доаѓа Божјиот ден, кога случајот ќе биде испитан според вистинските заслуги. Тогаш Судијата на целиот свет ќе суди праведно, и грешникот ќе биде посрамен. Тоа е божествена пресуда, не човечка. Тоа е Бог, не човек, кој осудува; и Бог не е човек којшто може да лаже. Тоа е Божјото сведоштво што се однесува за човекот, и знаеме дека тоа сведоштво е вистинито. Важно е за нас да го примиме како такво, и да делуваме над него.
„Обратете се кон Мене за да се спасите, сите краишта на земјата, зашто Јас Сум Бог и нема друг!" (Исаија 45:22), „праведен Бог и Спасител" (стих 21). „Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето." (Исаија 55:7).
Сврти ги очите, очите на верата, кон крстот и види ги овие две работи - распнувачите и Распнатиот. Види ги распнувачаите, мразителите Божји и Неговиот Син. Тоа си ти. Прочитај го во нив твојот карактер. Погледни го Распнатиот. Тоа е Самиот Бог; олицетворение на љубовта. Тоа е Тој кој те создаде, Бог кој се јави во тело, страдаше и умре за грешниците. Можеш ли да се посомневаш во Неговата милост? Можел ли чуваш зли мисли за Него? Можеш ли да побараш нешто повеќе, да ја разбуди во тебе целосната и безрезервна доверба? Ќе ја протолкуваш ли погрешно таа агонија и смрт, велејќи дека тоа не означува милост, или дека таа милост не е за тебе? Припомни си во умот дека е запишано - „По тоа ја познавме љубовта, што Тој го положи својот живот за нас;" (1 Joваново 3:16) „Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој ни возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови." (1 Јованово 4:10).